Donjas а.к.а Донот а.к.а. Џвонко а.к.а Ѕоне
Обично не образложувам личност по потпис, аватар итн. али во oвој случај толку добро го опишуваат ликов што морам.
Значи Донот не е разбацен ко батката на сликава али затоа да направи човек муабет со него пола саат ќе мисли дека е толку полн со себе. А и на кајгана не изгледа некако различно во некои постови, каде си истакнува аргументи во типот јас сум ...(комплимент). Затоа освен ако го најде човек во момент кога сите се несериозни и глумат нешто, луѓето добиваат погрешен впечаток за тебе.
Е сега не ни изгледа ко да ќе те убие ко батката на сликата, али дека е ЈАК, па да се истакнуе и со реченици ,,Јас сум ЈАК`` Е сега, не во смислол јака во физиономија, него Донот ако не го знаеш малку подобро и ако не внимаваш уз муабет може да те свти за 360 да извади од не знам каде некоја информација која ни си сакал ни знаеш дека си ја кажал и да ја поврзе со нешто 10то, и најтрагичното во тоа е што на крај ќе испадне во право. Ова не е ок, ок?! Може за Донот е, али за жртвите не, ок?!
И тука доаѓа моментот на чиста злоба, кога ќе си го завитка во клопче и чува ова за црни денови. Ретка злоба од човек е, и кога сака да ти наштети нешто, го применува оној македонски стар познат начин трачарење. Не е ок, ок?! Затоа и човек некогаш се запрашува дали да му верува, зошто си мисли чоеков може вака трачари и за мене бе.
Али не е се толку лошо ко што го направив сега, сум претерала бе -.-
Донјас е човек кој кога станува збор за помош, советување итн., ќе ти го даде најобјкетивното мислење, без ни малку шминкање. И тоа помага навистина, иако може да се чуствувате ко 14 годишни пубертетлии кои пишуваат во кајгана психолог или љубовни проблеми. И кога се заебаваме се заебава али кога е озбилен муабетот и тој е озбилен, и иако на прв поглед изгледа ко тотално несериозен човек донот си е човек од збор и кога ќе каже нешто исполнува. И нема шанси да те шитне или да те остави на цедило.
Е сега колку е упорен и доследен на работи во кои е убаво да си таков толку е и во тврдоглавоста. Ако Донот мисли дека тревата е сина а водата црвена па вие сега што сакате правите човекот сеуште ќе ве убедува дека тоа е така и крај, па ако може и ќе обои тревата и водата за да така и испадне. Тоа е ок, да си се држиш до своето се додека не дојде до некои апсурдни моменти, како на пример дека Анштајн не бил во право.
Што се однесува на титулата, Дон дудлач. Well, Донот секое девојче го гледа прво како потенцијална девојка после како другарка, иако мене ми тврдеше поинаку. И е типичен дудлач на кајгана, па како и останати 90 % од мажите. Али си има некои принципи, ко на пример еп против изневерување, што нависитина мислев дека не е така. Што значи сепак не е само типично напалалено мажко, него типично напалено машко со аксесоар наречен мозок.
И последно потписот. Е ко што Донот пробува да ја исмева кајгана со својот потпис и да каже дека го бива за цинизам и никој ништо не му може, така потценува а со тоа и исмејува верници, селани (Припорчани му се слабост, може пошто му се комшии), хомосексуалци, ...сексуалци итн итн. Значи има најразлични предрасуди, а повеќето мсилења му се базираат на тие предрасуди па така, Донот и неговите ставови кон светот и фругите луѓе се тотално субјективни, и така ако се поклопуваат со вашите може ќе ви се свиѓаат а и он со нив нели, а ако не поубаво е дебатирајте по многу зошто е многу тврдоглав.
Ми рекоа била 80% сок од портокал 20% вода. Еми тоа е
