Втора анализа по ред. Повторно членка -
Новинарка која воопшто не ме брзаше да ја направам анализава.
Ај по старомодниот начин пак јас да си почнам.
Никнејм. Новинарка.
Вау ептен мистериозно си избрала. Уствари уште поглупо ти беше пред тоа па и ова е подобрување. Незнам али првиот избор ти беше смешен. Се гледа не си била некоја искусна со форумиве па си направила грешка. Сегашниот никнејм ти е преедноставен и за мене е исто како да читам Мими Симоновска. Ништо не крие. Си ја кажуваш својата идна професија и пак приватноста ти е на виделина каква таква. Мех тука можда и се фалиш малце. Чек уше не си почнала, ти Новинарка. Што не пиша Писулче? Доказ дека си амбициозна или пак до толку си даде значење? Како и да е не е лошо за тебе тоа зашто си даваш некаква цел а без цел никаде не се оди во животот.
Тајтл. well...
Ова е дело на новинар?

Колку и да е едноставно сепак има нешто во ова зборче, триточки, дветочки и заграда. Сакам кажам незнам речам. Криеш нешо. Па... и мистериозна насмевка. Факат имаш нешто да кажеш очигледно за себе но несакаш да го кажеш зашто ти е срам или не си сигурна во себе или пак несакаш да го соопштиш на другите на форумов. Како и да е пази се после анализава што пишуваш на форумов.
Аватар и слика на профил.
Трендо и
Ејми Ли. Првиот колумнист а втората пејачка. Очигледно твоите идоли (дури и во
пост си ги пишала) но само за две различни работи. Трендо ти е ролмодел за новинар кој сакаш да постанеш. Трендо го краси тоа што има добар критичен говор, иновативни поими и дефиниции за нештата околу нас и брилијантен интелегентен хумор. Добар идол си избрала. Со тоа ти самата си се насочуваш кон што да целиш во професионалните води како новинар. Само пази се. Само еден е Трендо. Сличните на него често не се разбрани од општеството како што очекувале и како што е Трендо разбран. Ејми Ли. Освен што ја сакаш ко жена физички (веѓи1) она и ти е омилена пејачка но незнам колку си навлечена кон пеењето па да ти биде и идол и таму. Favorite singer, girl!. Ништо друго.
Потпис.
KOj ne si go ispusi sea eve na
-.- Зашто човекот го исмеваш што има различни побуди во сексот од тебе? Смешно е знам. Онака си го стаила без друг мотив освен што ти било смешно. Нешто што може да се извади од потписов е што си отишла на тема со наслов Спермата повкусна од кога и да било веѓа1
Ај сеа малце поозбилно. Сакам постови во кои самите си се анализирате и критикувате зашто сепак вие си се знаете најдобро. Еве еден
пост таков. Избувливост и непостојаност. Оооо да. Боље да се викаше Избувлива Непостојановска. Низ постовите тоа и тоа како ти се гледа. Ке се погоди некоја тема која те мава у слаба точка и ти тука напаѓаш. Добро сфаќаме дека не е по твоите мислења али сепак сите си имаат мислење колку и да не по твоја мерка не вреди до толку да ги нападнеш. Со тоа што немаат како твоето мислење ти доаѓаш до заклучок дека не се во право и можеш да ги победиш интелектуално зашто си имаш високо мислење за себе и просто неможеш да згрешиш. Колку и да било често во некои случаеви пак тоа не е правилно зашто ем го омаловажуваш тој со кого реплицираш ем можеш и да настрадаш ако грешиш. Подобро прифати ги мислењета на другите и упати им дека има и друга солуција и посочи им добрите карактеристики па тие да изберат. Сепак нивен избор е тоа. Непостојаноста толку е непостојана што неможам и подолго време да ја приметам за еден случај па неможам да ти дадам пример.
Многубројни постови ти се во фазата јас сум борец, се борам за жените, за кучињата, хуманитарка сум, пишувај правилно и останато што ти носи улога на контролор на моралните прашања во денешнево време. Добро е тоа. Друго што е приметливо кај тебе е изјавувањето љубов на форумов. Дечко, пријателки, пријатели, кучиња, Геро, птици, лето, цигари и останати работи кои ги сакаш ти ги пишуваш на форум. Убав впечаток за тие што те читаат иако на моменти е напорно но тоа само за луѓето кои условно те хејтаат. Твојата примена на форумов е местенце каде што можеш да си ги пишуваш твоите текстови, прозни искри, поезија, твоите чувства кон луѓето кои ти значат и место на кое водиш интелектуална битка со другите кои немаат мислење како твоето.
Приметив дека не правам анализа па направив нешто како критика на твојот лик и дело на форумов.