Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
25 декември 2019
Мислења
1.822
Поени од реакции
2.780
Узунчев е најпријатно изненадување на ова ЕП, сите утакмици ги одигра одлично. :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.329
Поени од реакции
6.638
Дали генерацијава на овие млади има подобар потенцијал од генерацијата на Лазаров,Борко,Миркуловски да прошират ниво подобро? Прашувам за информација зошто не ги следам
Многу тешко е да се спореди. Во времето кога 80 и 82ра генерациите беа во кадетска и младинска возраст реално немаше преноси од овие првенства што можевме да ги пратиме, така што играта тешко може да се спореди. 82ра го имаат најдобриот успех на ЕП со 4то место.

Индивидуалец како Лазаров секако нема во новите генерации, тоа тешко и дека ќе имаме во некоја блиска, можеби и далечна иднина. Но ако го тргнеме него настрана, фокусирајќи се на генерацијата 82, можеби и може да се направи паралела меѓу оваа 2004та и таа генерација на Борко, Миркуловски, Горан Кузманоски, Мите Стоилов итн.

Има 5-6 играчи од оваа генерација кои може да стигнат до сениори (вклучително и 2цата кои се технички кадети), ама ќе видиме, времето и трудот ќе покажат кој ќе успее.

Моја претпоставка, заради потребите на репрезентацијата и нивниот моментален статус на развој, наблиску до сениори се голманот Галевски и пикерот Карасманакис.
Автоматски споено мислење:

Инаку, денес, подобро одиграа со Романија отколку со Полска вчера. Првите 20минути нетипично за оваа екипа многу лоша одбрана, но во второ ја стегнаа играта и брзо се одлепија.

Дефинитивно, оваа генерација, како веројатно ниту една досега има длабочина и ротација и скоро сите играат на сите натпревари. Раде и Бранче, мора да се признае доста добро ги ротираат. Особено ми се допаѓа што Дамјан Митев и Самоил Ристевски не ги изгореа туку играат ротациска улога од 20тина минути по натпревар, со што би требало да се задржат колку толку свежи и за кадетското првенство
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.822
Поени од реакции
2.780
Подобри бевме од Франција во текот на целото полувреме, ама со промашените три зицери во низа им дадовме предност на полувреме.
Брестовац добро брани детето.
Автоматски споено мислење:

Не победија Африканците. :)
 
Последно уредено:
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Одличен резултат имаме на првенството до сега, небитно е дали ќе сме 9 или 10 место, знаејќи што услови и колку тоа се замараме за спортот нема што замерки да им се земе на играчите.
Баш ме изненади победата над Унгарија.
Првенството го следам на нивната Спорт 1 телевизија од сабајле до крај на денот имаат преноси и емисија за секој меч посебно и анализи за истите, ние неможе три реда во медиуми да напишеме, не пак да се напраи нешто повеќе и за преноси..
Додека сме кај нив, па да не пишувам па за условите што ги имаат тие. Нови спортски сали..

Друг проблем кај нас е преминот од младинци во сениори, одма две нивоа сме подоле. Уствари јасно ми е кога на 25 години од ракометар преминуваш во програмер и баталуваш ракомет.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.335
Поени од реакции
16.450
Првенството го следам на нивната Спорт 1 телевизија од сабајле до крај на денот имаат преноси и емисија за секој меч посебно и анализи за истите, ние неможе три реда во медиуми да напишеме, не пак да се напраи нешто повеќе и за преноси.
Кад ние би следеле преноси и емисии нивна телевизија кад би разбирале унгарски.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.329
Поени од реакции
6.638
Ете прилика да им се реваншираме на Французите. :)
Баш така. Мислам дека можат и со французите да играат, тој натпревар бидејќи немаше натпреварувачко значење некако како да не го игравме многу сериозно.

Инаку се покажа дека бевме во комплицирана група. Хрватите си прокоцкаа +4 со Франција и ќе играат за 11то место, Австрија за 5то - откако ја растури Норвешка со 8 разлика денес!

Се гледа на сите натпревари дека горе долу со сите може да се носиме во оваа генерација. Досега на 2 првенства, едно светско и едно европско (ни останува уште Франција задутре) имаме вкупен скор од 9 победи, 2 нерешени и 3 порази. Сите натпревари се против европски екипи.

Не значи ништо тоа за дали и колку ќе извадиме сениори. Младински и сениорски ракомет не е баш исто - но оваа генерација е убедливо најдобра од сите други во поновата ракометна историја (таа од 1982 е некоја која е можеби компарабилна). За 1996та толку зборувавме не заради резултати, туку затоа што личеше дека има можни сениори заради физичките предиспозиции во неа (што на некој начин се покажа и точно).

Инаку, чисто за споредба, неосновано преувеличеното 6то место на У21 во Алжир имавме 2 победи и 2 порази со европски екипи. И двете победи беа против Русија што ни лежеше со нивниот застарен ракомет, а убедливи порази од Франција и Шпанија доживеавме. Дури и од Тунис имаа пораз тогаш кој за среќа не ги кошташе. Најдобри победи беа со Бразил и Алжир....

Е сега споредете ги тие резултати со овие сега.... Да не зборувам како помина 96та генерација во 2016 на У20 - еквивалентот на ова првенство. Имаа 6 порази и 1 победа за 15то место во продолженија против, погоди кој ... Русија!

За останатите генерации не може ни да се коментира - тие не успеваа ни да се пласираат (94та има еден слаб настап, 2000та еден како домаќини и тоа е тоа ако не грешам, а секоја генерација има по 4 шанси за првенство)
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.991
Поени од реакции
3.588
Не значи ништо тоа за дали и колку ќе извадиме сениори. Младински и сениорски ракомет не е баш исто - но оваа генерација е убедливо најдобра од сите други во поновата ракометна историја (таа од 1982 е некоја која е можеби компарабилна). За 1996та толку зборувавме не заради резултати, туку затоа што личеше дека има можни сениори заради физичките предиспозиции во неа (што на некој начин се покажа и точно).

Инаку, чисто за споредба, неосновано преувеличеното 6то место на У21 во Алжир имавме 2 победи и 2 порази со европски екипи. И двете победи беа против Русија што ни лежеше со нивниот застарен ракомет, а убедливи порази од Франција и Шпанија доживеавме. Дури и од Тунис имаа пораз тогаш кој за среќа не ги кошташе. Најдобри победи беа со Бразил и Алжир....

Е сега споредете ги тие резултати со овие сега.... Да не зборувам како помина 96та генерација во 2016 на У20 - еквивалентот на ова првенство. Имаа 6 порази и 1 победа за 15то место во продолженија против, погоди кој ... Русија!

За останатите генерации не може ни да се коментира - тие не успеваа ни да се пласираат (94та има еден слаб настап, 2000та еден како домаќини и тоа е тоа ако не грешам, а секоја генерација има по 4 шанси за првенство)
Оваа група на деца, за разлика од претходните генерации, па и тие што ги спомна (и еве женскиве исто), го немаат скроз оној наш менталитет (го има, ама не до толкава мера како кај другите). Тие генерации имаа и добри партии и тешки групи во 2016 (имаа тесна утакмица со Данска ако не се лажам). Ама чим испаѓаа, после и не ни играа за пласман. Губеа од Естонија, Словачка, Израел, некои екипи од кои и не требаа да губат - затоа што им доаѓаше она нашето (не е битна утакмицава и толку распад систем). Еве и женскиве исто. Изиграа супер со Португалија и можеа да ја победат, па загубија од Црна Гора. После тоа крах со Јужна Кореа и пораз од факинг Кина. Така играа и на прошлото кадетско СП во Скопје. Не успеааја против Исланд, па после порази огромни од Германија, Хрватска. Тоа е тој некој менталитет наш.
И тука селекторите си имаат своја вина. Младинците во 2016 ги водеше Јовиќ. Па Иле дојде после за првенството во Алжир и беа 6-ти. Да, се поклопија некои работи кај нив. Ама Иле така ги води. Со послабите од него јако удира, ама против појаките губел двоцифрено. Така беше и со сениорите.

А за јуниориве, ова е супер сепак пласман во топ10. Наредна година мислам дека им е шансата со добар ждреб (сега од втор шешир) да атакуваат на нешто повеќе. Ете може Австрија пак ќе падне, па ќе им се врати со камата за ремито.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.169
Поени од реакции
6.075
Можеме до утре да дебатираме која генерација била поквалитетна и поталентирана (и со големо задоволство би го правел истото) но, она што може да се извлече како заклучок од целиот муабет е дека генерацијата 1996 беше почетокот на малку посериозна работа со младите генерации од страна на РФМ.

Резултатите од нивната работа веќе се гледаат. Основната цел на целиот тој процес е да се создадат играчи за сениорскиот тим, се друго е споредно! Основата на сениорскиот тим се играчи од таа 1996 генерација: Талески, Кузмановски, Велковски, Јагуриновски па и Лазаревски и Џонов кој упаднаа малце подоцна, но веќе се стандардни. Нормално, тука беа и сеуште се неколку староседелци како: Митревски, Маркоски и Пешевски. Од генерациите родени 2000та и нагоре тука се: Серафимов, Митев, Кизиќ, Костески, браќата Атанасијевиќ итн.

Со други зборови, инвестирањето се исплати и ги дава резултатите кои се бараат од истото. Тука морам да го напоменам РК Алкалоид како клуб кој има голем придонес врз целиот овој процес. Имам купишта замерки за истиот но тоа е друга тема. Речиси сите играчи кои играат таму - напредуваа.

За поголеми успеси, висок пласман, медал итн. ќе треба да се променат уште купишта други работи кои не се директно поврзани со ракометот (но ќе се одразат врз истиот) за да ги дочекаме. Не мора да значи дека нема да се случи, можеби ќе се погоди некоја исклучително талентирана генерација, но доколку не се случи не треба да се паѓа во очај затоа што како што кажав и претходно - стигаат играчи за сениорскиот тим. Далеку од тоа дека е идеално, меѓутоа ситуацијата не е ни од блиску толку црна како што изгледаше пред само некоја година.
 
Последно уредено:
Член од
27 јануари 2020
Мислења
265
Поени од реакции
353
Водиме 5 разлика на полувреме , штета за глупиов систем сигурен сум барем петто место можевме да земеме ова првенство ко ништо.
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
734
Поени од реакции
2.816
Минатата утакмица со Франција судиите многу не оштетија, штета е што е тапа системот на натпреварување, мислам дека далеку ќе отидеш децава.
Автоматски споено мислење:

Минатата утакмица со Франција судиите многу не оштетија, штета е што е тапа системот на натпреварување, мислам дека далеку ќе отидеш децава.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.623
Поени од реакции
5.630
Како е ова пробивање од 6 брани нивниот :tapp::tapp::tapp:
Автоматски споено мислење:

Тимур Субашевски Дибиров, најталентирано лево крило од последниве генерации, чудно како е уште во Бутел.
Автоматски споено мислење:

Узунчев во одбрана лево сметало
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom