Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 мај 2019
Мислења
2.091
Поени од реакции
3.835
Затоа треба да се забрани ракомет како спорт, обичен фаул на 9 метри судат црвен картон со седмерец, што ќе и помогнат на Франција, да биде факинг 9 место на младинско првенство. Ај ќе разберев да беше 1988 и да нема никаде снимка од мечот, ама во 2024 година, па мене би ми било срам да продолжам со судење после она. Освен ако не планираат да продолжат со судење.
Со оглед и на "друштвото" што беше на таа утакмица, победава е уште послатка. На пример делегат беше Кристина Пинеиро од Шпанија, судијкава која беше непожелна во Македонија по оној меч со Германија (кога играа жените бараж за ЕП 2004). Таа на крај со парички беше гаѓана на Кале (бегаа таа и тој со неа што беше). Македонија со 1 разлика ја доби Германија, а требаше да биде и поголема разликата - ама она крвнички судеше (башка и на Кометал што му има судено лошо). Мислам РФМ тогаш агитираше таа никогаш да не ни суди веќе (имаше некоја протестна нота кон ЕХФ).
Судењево на ЕП како во 90-тите/00-тите кога ни судеа. Начевски до кај е со процесов, да се врати таму или нека гледа во ИХФ во судиски одбор да работи. Аман веќе од кракати судии. Овие денес судеа пробивање на Митев, а противничкиов одбор цела нога внатре во 6 метри претходно. Дури и објаснува на оваа дека е внатре во 6.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Селекторот се осврна на проблемот со малата минутажа на дел од репрезентативците, за кои беше видливо дека заостануваат во споредба со ланскиот настап.

Во минатата сезона Марио Стојановски немаше минутажа во Вардар, Калајџиески одигра лошо во двојката, против еден Радовиш едвај погодуваше, Галевски дефинитивно треба да биде прв избор во Алкалоид, а Шулевски и Даневски поголема минутажа во Тиквеш...
Најслабо напреднат играч е Марио.
Мирче ваков или таков кај него топката е најсигурна и убедливо најдобар наш среден бек.
Димковски и Стојановски играа во Пролет ама лимитирани играчи, иако корисни за во ротација + играат во два правци.
Според мене сув квалитет за сениорска репрезентација се Митев, Карасманакис, Галевски, Мирче, Субашевски, Самоил.
Тука некаде се и Белистојановски и Димитар Узунчев, вториов е технички поткован и доста интелегентен играч, ама многу нежен и физички слаб играч.
Незначи дека другите немаат шанси за во сениори, само во моментов овие најмногу двојат, пример пријатно изненаден сум од Михајловиќ, се гледа дека се има посветено физички и доста корисен е за во напад, само другиве 2ца имаат голема предност ради играта во 2 правци.

Презимето ги спомна 2006та, јас таму не видов шутери, има 2-3 добри играчи средни бекови слични на Калајџиевски, Марин Крстевски, Матески и Пецаноски, пикерот е добар од Алкалоид, другите се просек некако, имаат викнато еден десен бек од Словенија, тој незнам шо квалитет е ќе видиме, но дома квалификациите за европско ги изигравме многу слабо.

Незнам дали имаше напори, ама требеше доколку имаше можност да му се дајт државјанство и да го соберат Босанчето од Пелистер 2ката во оваа генерација. Сериозен талент е детето.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.241
Селекторот се осврна на проблемот со малата минутажа на дел од репрезентативците, за кои беше видливо дека заостануваат во споредба со ланскиот настап.

Во минатата сезона Марио Стојановски немаше минутажа во Вардар, Калајџиески одигра лошо во двојката, против еден Радовиш едвај погодуваше, Галевски дефинитивно треба да биде прв избор во Алкалоид, а Шулевски и Даневски поголема минутажа во Тиквеш...
Па богами и он во Тримо може да собере некој. Идеална средина и лига за развивање би била за младиве Словенија. Иначе Борко лани го напаѓаше Кире дека не викал играчи од Вардар во репрезентација и како пример ги даде Стојановски, Ќосевски и Карапалевски :icon_lol:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.365
Поени од реакции
6.858
Реков јас можат да играат со францизуите. Објективно подобри беа, се направија некои типично македонски глупости со кои дојде во егал натпреварот, ама Галевски ја изваде првата слаба партија на голманите на првенството со одбранетиот пенал. Малку непотребни провокации на крајот, а на французите толку им требаше да се попалат, ама ако, вака е послатко.

На крајот 10 победи, 2 нерешени и 3 порази во 2 првенства - сите против европски екипи. Not Bad!

Дефинитивно има материјал во оваа репрезентација, има и за сениори има и за подигнување на квалитетот на македонската лига - до каде ќе стигнат, ќе видиме, зависи како ќе се развиваат. Јас имам едноставна теорија зошто имаат подобра игра и менталитет овие од претходните генерации - за разлика од многу спротивни претходни примери, поголемиот дел од екипата имаше реална минутажа изминатиот период и повеќето играа сериозни натпревари (можеби не сите и секогаш, ама ние сме имале репрезентации со еден куп играчи кои греат клупа). И тоа не во една туку во различни екипи - тоа е рецептот како треба да биде во иднина, се надевам дека и играчите ќе сфатат дека на млада возраст главни се развојот и минутажата, а не името на клубот и примањата.

Како поединец никого не би издвоил, нема играч кој отскокнува како дефинитивно најдобар во екипата. Сите си имаат свој удел.

2 модерни плејмејкери во Калајџиески и Шулески - штета што ќе мора да ги кријат во одбрана, што го комплицира градењето на екипа околу нив. Мене лично Калајџиески особено многу ми се допаѓа, доста интелигентен играч на теренот, баш каков што треба да биде модерен плејмејкер - ќе видиме само како со неговата градба ќе се снајде во сениорски ракомет, макар што мислам дека има потенцијал за снага, а ако има доволно снага, висината нема да биде толку проблем.

2 интересни и комплетно различни голмани - Галевски и Брестовац. Кај Галевски очигледно се гледа самодовербата, откако доби сериозна доверба во Алкалоид во пролетниот дел од сезоната.

Карасманакис е за мене играч кој можеби најмногу напредувал изминатата година-две. Физичкиот развој му ја донесе до израз комплетната игра. Дефанзивно одличен - дуел игра, подвижност, преземање, бранење на пикер - точно тоа што е потребно на еден модерен пивот за игра во два правци. Има простор уште за напредок особено во однос на реализација, знае повремено некој ептен лош шут директно во голман од 6 метри да распали, но се на се, употреблив е во напад, добро се движи. Мислам дека заради спецификата на позицијата што ја игра, него прв ќе го видиме во сениорската репрезентација...

Марио Стојановски, Андреј Стојановски, Димковски, Димевски - не знам која е нивната реална иднина во сениорски ракомет, ќе видиме, но во оваа репрезентација сите 4ца имаат клучни улоги на игра во два правци и покривање на 2те "халф" позиции во одбрана, кои во системот што го играа со излегување многу високо на 2ката и 5ката, некогаш личеше на 4-2, другпат на 3-3, но се враќаа и на 6-0 во текот на акцијата и доста квалитетно преземаа. Многу се трошеа, таква им беше улогата, но затоа и многу се ротираа - што е главна одлика на оваа генерација.

Субашевски и Белистојаноски - офанзивно квалитетни крила, но во одбрана играат само на својата позиција, немаа реално градба за поинаква дефанзивна улога. Ќе мора да продолжат офанзивно да се развиваат, за да станат елитни во тој сегмент со различен репортоар на удари и одлична реализација.

Даневски и Михајловиќ добија по некоја минута, ок ги искористија, сосема задоволително со оглед дека реално нивните улоги беа да бидат 15ти и 16ти играч.

За крај намерно го оставив Узунчев - најголемо изненадување на ЕП за мене. Не играше лани заради повреда, па нема референца на ова ниво како ќе игра. Згора на тоа, некако заради висината и градбата е меѓу бек и крило, од тоа малку што сум видел и за МултиЕсенс зад Михаил Ивановски беше на бек, па играше доста на крило. Нема којзнае каква експлозивност или скок шут, ама очигледно е доста снаодлив и разноврсен играч - влезови, соработка со бекови и пикер, пенали, доста голем репертоар на шутеви, имаше дури и неколку обиди со десна рака. Се гледа дека има природен "осет" за ракомет и од аспект на како се движи и какви шутеви вади - некогаш тоа е многу поважно од физичкиот талент. Особено во шутот, тука се гледа природниот сенс што го има, Кире со супериорен осет за шут изгради кариериште (нешто што на пример им фали на нашите физички таленти), кај Узунчев гледам такви елементи искрено, иако е комплетно различен играч, освен што игра иста позиција (нормално целосно друга димензија како талент е со Кире, да не некој помисли дека ги споредувам). Баш ме интересира како ќе се развива. Овој перформанс е многу охрабрувачки од аспект дека може да биде долгорочен бек (порано со вакви предиспозиции се стануваше крило - пример на сличен играч е Блаж Јанц сега има поголеми шанси да биде бек, особено во Македонија). Со оглед дека малку веројатно е дека ќе игра одбрана, ќе треба да биде стварно ептен добар офанзивно и против сениори за да игра за репрезентација. Можеби и ќе успее, ќе видиме, таа ни е најдефицитарна позиција секако. Штета е што засега немаме на повидок десно крило што игра одбрана, се надевам ќе се најде некое во иднина.

П.С. Дамјан Митев и Самоил Ристевски не ги коментирам моментално, тука си имаа свои ротациски улоги кои добро си ги завршија, нема збор дека се суперталентирани, но главното за нив е кадетското ЕП, каде треба да бидат лидери на екипата - е тогаш ќе видиме кое е нивното реално нив.
Автоматски споено мислење:

Презимето ги спомна 2006та, јас таму не видов шутери, има 2-3 добри играчи средни бекови слични на Калајџиевски, Марин Крстевски, Матески и Пецаноски, пикерот е добар од Алкалоид, другите се просек некако, имаат викнато еден десен бек од Словенија, тој незнам шо квалитет е ќе видиме, но дома квалификациите за европско ги изигравме многу слабо.
Не сум ја прател многу оваа генерација, баш ме интересира на што ќе изгледаат. Искрено, квалификациите ги изигравме катастрофално, за влакно се пласираа иако сега првенствата се со 24 екипи, а играа дома. Некако безидејно, се одеше преку Митев и Ристевски другите беа изгубени кога требаше да решаваат. Само Мики Лазов ми остави некаков впечаток тогаш (ако добро се сеќавам така се викаше дечкото од Тиквеш). Заради лошите квалификации сме и во доста тешка група со Франција, Германија и Полска. Целта, се знае, главно е пласман на СП. Со оглед дека е истиот систем од ова јуниорско ЕП, отприлика тоа значи барем пласман во средната втора група фаза за пласман мешу 9то и 16то место. Некако скептик сум по досега виденото, но на пријателските годинава има мал напредок, барем по резултатите, па ќе видиме можеби и има надеж.
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.233
Поени од реакции
6.370
Селекторот се осврна на проблемот со малата минутажа на дел од репрезентативците, за кои беше видливо дека заостануваат во споредба со ланскиот настап.

Во минатата сезона Марио Стојановски немаше минутажа во Вардар, Калајџиески одигра лошо во двојката, против еден Радовиш едвај погодуваше, Галевски дефинитивно треба да биде прв избор во Алкалоид, а Шулевски и Даневски поголема минутажа во Тиквеш...
Клубовите, клубовите, клубовите, па клубовите... аман више!

Не може секогаш да се вперуваат прстите само во клубовите. Клубовите секогаш ќе си имаат свои цели, интереси и филозофии. Редно време е да се почне да се вперува прстот и кон самите играчи! Малце лична одговорност не е на одмет кога станува збор за личниот разој. Кога гледаат дека не играат, дека заостануваат, треба самите да покренат иницијатива и да бараат чаре! Најлесно е да си стоиш во сопствената комфорт зона и да не правиш ништо. Дали ќе се решат да сменат клуб, дали ќе бараат од својот клуб да бидат испратени на некаква позајмица не е битно, битно е да најдат средина во која што ќе играат. Подобро е да имаш 40-тина минути по утакмица во клуб од долниот дел од табелата, него да имаш 5 минути по утакмица во некој од топ 3 клубовите во македонската лига.

Ќе го земам Марио Стојановски како пример. Во сезоната 2022-2023 добиваше солидна минутажа во последните неколку кола од плејоф-от и како резултат имаше доста добар настап на светското кадетско првенство во Хрватска. Оваа сезона приказната е друга, минутажата му беше минимална, па страдаше и неговиот перформанс на европското првенство оваа година. Е сега, Марио некаде пред Нова Година прошлата есен го продолжи договорот со Вардар до 2026 година. Треба да дели минутажа со Срдановиќ и со Родригез, играчи со далеку поголемо искуство од неговото, во сезона во која клубот вели дека има за цел да освои двојна круна и да ја пројде групата во Европската Лига. Која ќе биде неговата реална минутажа и улога во тимот? Да не се лажеме, минорна и речиси никаква.

Мора да се покренува иницијатива, дали самите ќе бараат позајмици каде што ќе можат да играат, дали ќе си бараат исписници не знам, но мора да се гризе далеку повеќе. Играч се станува со играње.

Играчите мора да прават подобар избор кога е во прашање изборот на клубови, особено на млади години. Мора да бидат подобро едуцирани на оваа тема, а земајќи им ја в предвид возраста, веројатно треба да се почне од нивните родители. Треба многу да се работи на овој сегмент.
Автоматски споено мислење:

За крај намерно го оставив Узунчев - најголемо изненадување на ЕП за мене. Не играше лани заради повреда, па нема референца на ова ниво како ќе игра. Згора на тоа, некако заради висината и градбата е меѓу бек и крило, од тоа малку што сум видел и за МултиЕсенс зад Михаил Ивановски беше на бек, па играше доста на крило. Нема којзнае каква експлозивност или скок шут, ама очигледно е доста снаодлив и разноврсен играч - влезови, соработка со бекови и пикер, пенали, доста голем репертоар на шутеви, имаше дури и неколку обиди со десна рака. Се гледа дека има природен "осет" за ракомет и од аспект на како се движи и какви шутеви вади - некогаш тоа е многу поважно од физичкиот талент. Особено во шутот, тука се гледа природниот сенс што го има, Кире со супериорен осет за шут изгради кариериште (нешто што на пример им фали на нашите физички таленти), кај Узунчев гледам такви елементи искрено, иако е комплетно различен играч, освен што игра иста позиција (нормално целосно друга димензија како талент е со Кире, да не некој помисли дека ги споредувам). Баш ме интересира како ќе се развива. Овој перформанс е многу охрабрувачки од аспект дека може да биде долгорочен бек (порано со вакви предиспозиции се стануваше крило - пример на сличен играч е Блаж Јанц сега има поголеми шанси да биде бек, особено во Македонија). Со оглед дека малку веројатно е дека ќе игра одбрана, ќе треба да биде стварно ептен добар офанзивно и против сениори за да игра за репрезентација. Можеби и ќе успее, ќе видиме, таа ни е најдефицитарна позиција секако. Штета е што засега немаме на повидок десно крило што игра одбрана, се надевам ќе се најде некое во иднина.
Тука-некаде е и моето мислење за Узунчев. Сакав да се осврнам на него, но веќе си напишал мање-више све што сакав да кажам. Дечкото игра со неверојатна леснотија, нешто што ретко се гледа, особено кога се во прашање нашите македонски играчи. Колку ќе успее да се пробие во сериозен, сениорски ракомет не знам, но во секој случај вреди да се следи неговиот развој. Живееме во ера кога во топ европските тимови играат десни бекови како: Магнусон, Смитс, Лагергрен, Лихтлајн и др. на ним слични. Бекови кои имаат доста скромни физички предиспозиции кога е во прашање нивната висина, па би рекол дека треба само да верува и да работи на себе за да изгради пристојна кариера.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2011
Мислења
566
Поени од реакции
660
Мора да се се пофалат секако Раде и Бранче за последната акција која ги изненади французите кога нашите прво ги навлекоа на десната страна па кога влезе Шулевски се створи тој вишок на левата страна и голем агол за шут за Субашевски.
Што се однесува до црвениот картон и седмерец во последната секунда секако е тоа подарок на судијките, кога французинот изведува 9 метри (поточно шутира директно од деветерец) има 2 француски играчи во просторот помеѓу 6 и 9 метри (пикерот и левото крило на французите) и тоа е неправилно изведено 9 метри и требаше да ги врати назад на изведување 9 метри а не да го исклучи Митев и автоматски тоа да значи 7 метри. Ама затоа тука беше Галевски да ја исправи грешката на судиите
 
Член од
19 март 2013
Мислења
333
Поени од реакции
185

Секако Бранче да се пофали, да не беше исклучувањето што го направи децата ќе играа четвртфинале. Таков глупак надвор од репрезентацијата.

Sent from my SM-A525F using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.435
Баш како шо кажа @toplinka тоа и досудиа, од каде и притоа шутира одма а Дамјан инстиктивно блокира и ради тој блок добива црвен и автоматски пенал.
@Vardarecc пак број ти чекори или која големина на прслук носеа ко она е чист фал, 3ца наши фаулираа.
Чиста среќа топката шо ојде према крило за фал да се направи, но ето ракометен инстикт е да блокираш топка посебно при таков адреналин.
погрешна судиска одлука,на 1,22,38 се гледат чисто дека играчот при изведување на 9 терецот со едната нога е внатре а и пикерот со број 22 не е на право место така да во овај случај Ако имало време требит да се поновит деветерецот или е Крај....за да се доделит црвен картон и пенал за саботажа требит и екипата шо е во напад при изведување на деветерецот да се надвор од 9 метри.....

25 декември 2019
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.844
Не верувам дека децата се толку лоши, колку што е катастрофа тренерот, тој ги кочи..
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Ќелавиов ми е една од најантипатични фацки што циркулира низ "медиумиве"

И со Милан Ристовски го гледав подкастот бидејќи ми беше интересен гостин ме интересираше како функционира тој свет, и типот појма немаше дека постои позајмица во светот на фудбалот, дека клубови праќаат играчи на калење у друг тим.

Сега го слушам и ме изиритира страшно целосно зачуден како тоа каснело плата у Вардар, небаре ние Германија сме па каснење плата не се случува во Македонија, а уште пострашно што тема Вардар беше низ сите медиуми тогаш кога ја освоија втората ЛШ.

Не викам дека секој мора да знае, ама ако ти доаѓа гостин тогаш МОРАШ све да знаеш.

Супер сет-ап имаат, добри кадри и камери ама квалитет на подкаст да се каже дека е просечен е премија.
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2019
Мислења
608
Поени од реакции
3.285

Хахахахаха цело време е како паднат од Марс, за се живо и диво се чуди за секоја област, буквално работи од општа култура него го воодушевуваат и ги доживува со неверување :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom