Стварно е прелош системот, не знам како успеаа вакво нешто да смислат. Гол разлика решава, а таа се постигнува против сосема различни екипи - Исланд на пример имаше среќа да се падне во група со Украина (која е убедливо најслаба екипа на првенството) и ќе си игра четвртфинале. Ние сме пенализирани практично што во прво коло бевме со Црна Гора и тогаш енергетски калкукиравме и штедевме сили за Хрватска, наместо да форсираме и ги наполниме...
Се знае како е логично со 24 екипи, 4 групи по 6 екипи, првите 2 од група во четвртфинале, вторите 2 9-16, последните 17-24то... Вкупно 8 натпревари по екипа исто како и сега. Или оди со 6 групи по 4 екипи, 12 екипи во нови групи (првите 2 од секоја) за 1-12, другите за 13-24то. После тоа од новите групи се оди на полуфинале и финале (ист систем како во сениори) - вака се по 9 натпревари, ама само за полуфиналистите, другите може и со 7-8 да поминат...
Во секој случај, да не се лажеме некаде меѓу 5-12 место ни е реалноста. Борба за медал мислам дека не е баш реалност. Така беше и минатото лето, така е ова. Шпанија е убедливо најдобра во оваа генерација. Данска, Шведска, Норвешка се во некоја следна група што ќе се борат за медал. Нас ни е реално местото во следната група со Германија, Португалија, Хрватска, Франција, Австрија, Унгарија, Исланд...
Камо да ни беа сите генерации вакви ќе имавме поголем избор на играчи. За жал повеќето се на пониско ниво од ова повеќето некаде меѓу 14то и 20 место во Европа....
Инаку да се вратам на натпреварите - Со Хрватска и Австрија малку среќа ни фалеше, реално мислам дека бевме за нијанса подобри и од едните и од другите (исклучувањето за приговор на Бранче со примените голови на празна мрежа ни го зедоа топ 8). Ама денес според мене бевме под ниво, можеше и мораше подобро со Полска, не се којзнае што полјаците во оваа генерација...
Сега мора да се атакува на 9то место, Франција, Хрватска и Унгарија се главните противници за тоа... Добри, квалитетни екипи, таман за натамошно искуство и надигрување...