"Пријателство" - Пикасо (1908)
Малку неконвенционално, затоа што не сум фан на кубизмот, а плус тука е
@Византиецот кој може да го толкува на свој своевиден начин.
Секој на свој начин си го разбира, перцепира и дефинира пријателството. Атмосфера каде можеме да бидеме свои, опуштени, да посветиме и да ни биде посветено време и внимание и да воспоставиме комуникација која ќе ни симне дел од психолошкиот товар кој го носиме.
Дури и да постои апсолутно несогласување на секое можно поле, сепак постои одредена синергија и желба за надмудрување. Тензијата и кавгите се дел од секојдневниот живот, празнење на емоционалните бранови и потоа наплив на попозитивни емоции. После должот доаѓа сонцето.
Кога сме кај негативните чувства, за мене секси појава е нервозно женско. Не ја играм играта на враќање на високите тонови, туку чекам смирено малку стихијата да спласне, па потоа одам кон варијантата на тешење. Знам дека и она сака да се ослободи од моменталните тегови, длабоко во себе сака да се смириме и да продолжиме по старо. Трпението на крај знае да се исплати, ја гушкаш и ти се топи во раце. Секси.
Од друга страна не научив да се справувам со женските солзи, паѓам и попуштам.
Присутни се и меланхолични чувства кога ја гледам сликава, поради нереализираните пријателства. Треба да знаеме дека потребна е обострана волја, одвојување време и желба за комуникација. Само реализацијата на таа волја ќе не овековечи на одредено платно или хартија (фотографија).
Она што го читав за сликата, ставено ми е во втор план, полемики има околу полот на фигурата на сликата. Андрогинијата е едно од објаснувањата, ама убавината и перцепцијата зависи од секој набљудувач поединечно. Така мојот фокус е кон реализацијата на пријателството, отколку елементите кои се спорни (како полот на фигурата позади). Исто не се разбирам во бои и техники со четката, па тој сегмент не можам да го покријам.
По земјотресот во Скопје, во знак на солидарност, Пикасо ни подарил слика. Немам информации каде моментално се наоѓа сликата.