Омилено уметничко дело

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.816
Поени од реакции
6.400
Кога станува збор за Барокот, за мене истиот е незаменлив само кога доаѓа од земјата на потекло - Италија. Иако се проширил низ цела Европа, тој тргнал од Италија, терминот е во суштина Португалски и значи лош, неубав, расипан бисер. Имено во претходните векови италијаните ги одбивале ваквите бисерите од португалските трговци затоа што немале правилна форма, но во оваа ера, покажале интерес за нив затоа што истите станале многу популарни.
Барокот е различен од Ренесансата ни илјада начини, истиот прво се граничи со кич, а потоа ја преминува границата. Тежок, тмурен, нападен. Артемисија е една од најважните претставници од Италија.
Артемисија Гентилески: Естира пред Ахасвер
Датум: помеѓу 1628 и 1635 година.
Медиум: масло на платно
Димензии: 208,3 см x 273,7 см.
Колекција: Метрополитен | ЊУЈОРК

Gentileschi,_.jpg
Ahasuerus_-_c._1628–1635.jpg
 

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
348
Поени од реакции
506
лол, ама уметничко писмена реплика, ако Vermeer не е подеднакво велемајстор на светлината како и останатите Холандски уметници тогаш стврно незнам кој е.

Ако веќе тргнавме да зборуваме кој е главен во смисла на кој го воспоставил трендот (за да докажеме колку сме уметничко писмени) тогаш Караваџио го заборави, тој кога творел Холанѓаниве биле бебиња.
Трендот:pos:
Се приметува колку си писмен и кадарен на темава мешаш техника со тренд,
не е лошо прво да научиш разлика што е техника а што тренд и дали постои'тренд светлина' или постои 'техники и методи за изразување сенка и светлина'.



Рубенс




 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.816
Поени од реакции
6.400
Трендот:pos:
Се приметува колку си писмен и кадарен на темава мешаш
Го прочита првиот пост? на темава сме собрани ние обичните смртници да споделиме дела кои ни се допаѓаат - ова е ко уставот на САД да го пишувам. На темава нит сум писмен нит сум кадарен, пошто по професија сум банкар. Олабави ме.

Дечки од мермери најсакана ми е Паолина Бонапарта како Венус Виктрикс, од Антонио Канова е.
Незнам многу освен тоа дека му била сестра на Наполеон и еднаш случајно прочитав дека од приватниот имот на Корзика често пати пливала до некој соседен помал остров комплетно гола. :ljubove:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom