Византиецот
Codename Duchess
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 2.832
- Поени од реакции
- 6.440
Јас Кубизмот го дефинирам како политизирање на уметноста.
Во 20ти век владеат идеи дека сите сме еднакви и дека секој може да биде се што ќе посака.
Кога ќе ги туриш СССР, Кина и цела Латинска Америка во приказната, јасно ти е дека 70% од светот бил обоен црвено. Само Северна Америка и Западна Европа останале да се држат до своето темно-сино.
Уметниците политичкото движење го однесле чекор потаму. Секој може да биде сликар, е нивното мото во 20ти век. Совршени пропорции? Години и векови од Ренесанса наваму поминати во учење на женското и машкото тело со цел истите да бидат доловени што пореалистично и што поласкаво и сензуално - во вода. "Секој може да биде сликар и уметник, за да го покажиме и докажиме тоа, ќе цртаме онака како што цртаат децата."
Почит за Пикасо и знам дека има одличен музеј на Југот од Франција посветен само на него, исклучиво со негови дела на ѕидвите и навистина е вреден за посета. Сепак овај тип на уметност не е баш за мене.
Јас неможам да ја згазам Ренесансата заради полтички убедувања. Таа е еден од поведрите настани на Западната Цивилизација. За 20ти век, не сум сигурен дали ќе биде памтен во баш такво светло.
Во секој случај промената која пробале да ја донесат ја ценам. Ако светот остане заглавен само во Ренесанса истиот ќе стане досаден. Луѓето патат за промена со секој нов век, треба да ги разбериме и да сме поблаги и покротки кон себе, така е од Антика до денес.
Да не беше така уште ќе живеевме во мермерни грчки храмови и немаше да постои ниту еден друг стил.