Во последно време се воодушевувам на мајсториите на старохоландските уметници. Таа деталност, уникатност, длабочина, проникливост, симболичност, реализам и притаен хумор на нивните дела едноставно не може, а да не те остават рамнодушен. Доколку сте љубител на Јан Ван Ајк или пак ве привлекува старохоландското сликарство, многу топло ја препорачувам страната
Closer to Van Eyck каде со голем зум може да се видат и најмалите детали, кои носат своја симболика.
Роберт Кампин (1375-1444; познат и како Мајсторот од Флемал) заедно со Ван Ајк, е еден од основоположниците на сликарскиот препород во Фландрија (Белгија) на почетокот на XV век. Познат е по својот Олтар Мерод (1425-1428) но успеал да се етаблира и со своите портрети. Овде се прикажани портретот на анонимниот Господин со својата сопруга. Интересен факт за Кампин е тоа што имал жена, но како што било обичај за тогашните уметници, имал и многу љубовници настрана а со тоа и бил учесник во многу скандали поради што ја добил најголемата казна - бил протеран од градот и ја изгубил работата.
Портретите биле нарачка на Господинот чиј портрет го гледаме. Она што е интересно е тоа, доколку погледаме подобро во прстенот кој го носи жената, ќе видиме машка фигура. Таа фигура е всушност автопортрет на уметникот. Според податоците кои ги имаме, дознаваме дека жената (колку и невино и покорно да изгледа) всушност била една од неговите љубовници. Мажот, се разбира, тоа не го знаел.