Омилено уметничко дело

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Вилхелм фон Калбах | Schmetterlinge
Датум: околу 1860 година.
Масло на платно
Белешка: Оригиналот е уништен во 1945 година.
МИНХЕН

Автоматски споено мислење:

Шарл-Едуард Бутибон: Сирени
Масло на платно
226 х 153 см
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.041
Поени од реакции
10.252
Кога сме кај Американската уметност,

Whistler’s Mother – James Abbott McNeill Whistler (1871)

Првото американско дело некогаш купено од француската држава и најважното американско дело кое живее надвор од САД.

Whistlers_Mother_high_res.jpg

Sugar Shack – Ernie Barnes (1972)

Шеќерната колиба - сеќавање од детството, место каде се танцувало и било дозволено присуство на црнци.

download (4).jpeg

Christina's world - Andrew Wyeth (1948)

Сликата е повеќе психолошки пејзаж отколку портрет. Портрет на состојбата на умот отколку на местото.

cri_000000165457.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Уште нешто од САД, Едвард Хопер, твори во Реализам, периодот е прва половина на 20ти век.
Ме мрзи да преведувам одделно инфо за секоја од сликите затоа на Анг ги шлакнав.
Горе кажав тоа што треба да се знае за него, се надевам е ок.

Edward Hopper

Nighthawks

Year: 1942
Medium: oil paint, canvas
Movement: American realism
Dimensions: 84.1 cm × 152.4 cm
Location: Art Institute of Chicago



Chop Suey
Year: 1929.
Medium: oil paint.
Dimensions: 81.3 cm × 96.5 cm.
Collection: private collection.



The "Martha McKeen" of Wellfleet
1944

Автоматски споено мислење:

Назад во Европа. Шпанија во 19ти век. Амалија де Лано била шпанска грофица и писателка. Била важна фигура во културниот живот на Мадрид во 19ти век.

Федерико де Мадразо и Кунтц
Кондеса де Вилш

Место на работа: Мадрид, Рим.

Портрет на Доша Амали де Ллано и Дотрес
Датум: 1853 година.
Техника: Масло на платно.
Димензии: 126,0 см x 89,0 см.
Колекција: Музео дел Прадо.
Локација: Мадрид.

ШПАНИЈА

 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Убава е темава, сплет на интересни вкусови, ама ќе биде и поубаво да се напише и некое зборче за сликата. Што гледаме во неа или ако е поапстрактна, како ја разбираме! Така ќе биде малку поинтересно.

Сликарот е Thѐodore Gudin.

За мене сликата претставува временски смрзнат момент. Имагинацијата ставена на платно.

Ова приказ на некоја друга епоха, пост француската револуција. Згора на сѐ Теодор бил маринец, па бруталноста на отвореното ја почувствувал на своја кожа. Преживува таква несреќа, а во истата неговиот брат се дави.

Живописноста може да ја црпи од тие трауматични моменти, каде во своите дела прикажува во исто време смрт, надеж и спасение.
1200px-Gudin_Théodore_-_Trait_de_dévouement_du_capitaine_Desse,_de_Bordeaux,_envers_Le_Colombu...jpg
Мрачните елементи се неизоставен елемент во повеќето од неговите слики.
818c4a10f1bb63cf984ce96bed1d8af8.png
Не знаеш каде ќе те однесе отвореното море. Оставен си на морските струи, на милост и немилост. Но така е и во животот. Дури и кога сите бродови ќе ти потонат, секогаш ќе остане некоја пловка на која ќе може да се држиш. Дел ќе се откажат и ќе бидат проголтани во длабочините, а други ќе се изборат и ќе успеат да ги раскажат, па дури и илустрираат трауматичните моменти.
Théodore_Gudin_Lighthouse.jpeg
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Robert Poughéon | Две Амазонки
Интересна е идејата да дадеме подетално инфо, но реално сликава незнам ни точно од која година е.
Хипотетички треба да е нацртана во 30-40ти пошто Французинов творел тогаш и телата се нацртани во Арт Деко стил.
Јас сликата би ја опишал како слобода и хармонија.

67270703_500304597373454_6654423733429600256_n.jpg
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Ајде да пробаме Дамби...

Казмир Маљевич

Црн Квадрат 1913

Се прашувам дали Казмир знаел дека времето ќе го доврши неговото дело... дали му верувал исто како мене... среќен сум што старееме заедно.... секој ден квадратот ми е се поблизок.....

Не ги криј борите... поубава си со нив....

malevich5_2.jpg

Љубофффф
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Ќе додадам и инфо, да не се лути @Dumbledore.
Еднаш видов мапа од популацијата на Лавови во Светот низ сите векови. Во стара Европа на Балканскиот полуостров популацијата е најголема. Веројатно ги напаѓале луѓето и затоа дошло до истребување на овие величествени креации на природата.
Според мапата, во стариот свет најмногу ги има на Балканот, денес само во Африка.
Кликнете на Мозаикот за детали.

Лов на Лав | Пела | МАКЕДОНИЈА
400 години пред Исус


Подниот мозаик датира од крајот на четвртиот век, ископан е во една од трпезариите во „Куќата на Дионис“, во Пела. Прикажува двајца Македонци како ловат лав, користејќи копје и меч. Двајцата се херојски голи, но со наметки - хлеми. Прикажани се како генерално еднакви, со тоа што кралот од левата страна сепак се разликува по неговата каусија - античка македонска шапка која не се среќава кај грците. Егалитарниот дух на мозаикот ги рефлектира обичаите на македонските благородници: не е нивни начин кралот да биде во мешавина од Ориентални фустани, туку гол. За овој мозаик долго време се смета дека ги претставува Александар и Кратерус - кој доаѓа да го спаси Александар.

 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Лаис од Коринт | Ханс Холбајн
Германски: Laïs Corinthiaca

Жанр: митолошка слика - Ренесанса.
Насликани луѓе: Лаис од Коринт.
Датум: 1526.
Медиум: мешани медиуми, панел од вар.
Димензии: Висина: 35,6 см Ширина: 26,7 см .
Колекција: Kunstmuseum Basel.

Базел | ШВАЈЦАРИЈА

Портрет на познатата Лаис од Коринт, куртизана од античка Грција, која наплаќала висока цена за нејзините услуги. Моделот на сликата, може да се види и на Мадоната од Далмштат на Холбајн и на неговото дело Венера и Амор. Идентификувана е како Магдалена Офенбург, можна љубовница на Холбејн.

12cdeedffbd933e724faaa2fd47b8c59.jpg
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.041
Поени од реакции
10.252
Girl with peaches - Valentin Serov

5abb6d4a85600a2d0b1fe6fb.jpg

Девојката на сликата е Вера Мамонтова. Таа седи во трпезаријата во селската куќа на татко си и држи праски. Навидум нормална сцена, но има нешто посебно во праските - тие се одгледувани во селото Абрамцево во Московскиот регион. Девојчето било принудено цел месец да седи во трепезаријата и да позира за ова уметничко дело.

На самата слика девојчето седи и се чини како да гледа директно во нас. Навидум сериозна и длабоко замислена, но говорот на телото ни кажува дека станува збор за едно трпеливо и толерантно девојче, додека пак нејзиното заруменето лице и разбушавена коса на некој начин симболизираат "детска среќа" - палавоста и игрите без граници. Само неколку мига пред Серов да добие инспирација за сликата, девојчето си играло во градината. Валентин Серов постигнал идеална рамнотежа помеѓу состојбата на умот на девојчето и светот околу неа.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
@Dumbledore и овде да клавам мое видување на делото?
- Ово је мала бара пуна Крокодила (се мисли на кајгана). Пазите мишеви јер стигла је Годзила. :ROFLMAO:

Џон Сингер Сарџент: Алигатори во кал

Тип на предмет: сликарство во акварел.
Жанр: пејзажна уметност.
Датум: 1917 година.
Медиум: акварел над графит на хартија.
Димензии: Висина: 34,3 см Ширина: 52,1 см.
Колекција: Музеј на уметноста | Ворчестер
Моментална локација:
Вустер, Масачусетс

САД

 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Во уметноста, како и во секој друг домен жената била под опресија. Уметноста се водела како стриктно машка професија и ventures на жени во оваа професија биле гледани со сомнеж и загриженост.
Иронија е што моите омилени уметници, се токму жени.
Евелин Де Морган за својата работа се инспирира од Византиски фрески.

Евелин Де Морган
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Aнглиска сликарка која на почетокот на нејзината кариера е поврзувана со подоцнежната фаза од развојот на движењето Пре-Рафаелити. Нејзините слики се фигурални, во прв план за женското тело преку употреба на духовни, митолошки и алегориски теми. Тие се потпираат на низа метафори (како што се светлината и темнината, трансформацијата и ропството) за да го искажат она што неколку научници го идентификуваат како спиритуалистичка и феминистичка содржина. Таа ја бојкотираше Кралската академија и ја потпиша Декларацијата во корист на избирачкото право на жените во 1889 година. Нејзините подоцнежни дела, исто така, се занимаваат со темите на војната од пацифистичка перспектива, вклучувајки ги и конфликтите како Втората и Првата светска војна.


Бореас и Ореитија
Датум: околу 1896 година.
Медиум: масло на платно.
Колекција: Де Морган - Лондон.

Велика Британија



Врзан за Земјата
Датум: 1897 година.



Кралството небеско
Датум: 1878 година.
Категорија: Слика во масло на платно.
Материјал: Масло на платно.
Димензии: 1890 x 1320 x 160 mm.



Смртта на змејот
Датум: околу 1914 година.
Медиум: масло на платно.
Колекција: Де Морган - Лондон.

Велика Британија



Духовите на бурата
Датум: околу 1900 година.
Медиум: масло на платно.
Колекција: Де Морган - Лондон.




Морските моми
Датум: 1885 година и 1886 година.
Медиум: масло на платно.
Димензии: 81,8 × 142,8 см.
Колекција: Центарот Де Морган.

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
"Пријателство" - Пикасо (1908)

friendship.jpg

Малку неконвенционално, затоа што не сум фан на кубизмот, а плус тука е @Византиецот кој може да го толкува на свој своевиден начин. :D

Секој на свој начин си го разбира, перцепира и дефинира пријателството. Атмосфера каде можеме да бидеме свои, опуштени, да посветиме и да ни биде посветено време и внимание и да воспоставиме комуникација која ќе ни симне дел од психолошкиот товар кој го носиме.

Дури и да постои апсолутно несогласување на секое можно поле, сепак постои одредена синергија и желба за надмудрување. Тензијата и кавгите се дел од секојдневниот живот, празнење на емоционалните бранови и потоа наплив на попозитивни емоции. После должот доаѓа сонцето.

Кога сме кај негативните чувства, за мене секси појава е нервозно женско. Не ја играм играта на враќање на високите тонови, туку чекам смирено малку стихијата да спласне, па потоа одам кон варијантата на тешење. Знам дека и она сака да се ослободи од моменталните тегови, длабоко во себе сака да се смириме и да продолжиме по старо. Трпението на крај знае да се исплати, ја гушкаш и ти се топи во раце. Секси. :love:

Од друга страна не научив да се справувам со женските солзи, паѓам и попуштам. :(

Присутни се и меланхолични чувства кога ја гледам сликава, поради нереализираните пријателства. Треба да знаеме дека потребна е обострана волја, одвојување време и желба за комуникација. Само реализацијата на таа волја ќе не овековечи на одредено платно или хартија (фотографија).

Она што го читав за сликата, ставено ми е во втор план, полемики има околу полот на фигурата на сликата. Андрогинијата е едно од објаснувањата, ама убавината и перцепцијата зависи од секој набљудувач поединечно. Така мојот фокус е кон реализацијата на пријателството, отколку елементите кои се спорни (како полот на фигурата позади). Исто не се разбирам во бои и техники со четката, па тој сегмент не можам да го покријам.

По земјотресот во Скопје, во знак на солидарност, Пикасо ни подарил слика. Немам информации каде моментално се наоѓа сликата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom