Зошто всушност сакаме да сакаме?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно girlll браво за темата:aplauz: Отсекогаш сум се прашувала да ли сакаме или не плаши осаменоста.Некако доаѓам до заклучок дека сакам но тоа е поради чувството дека не сакаме да бидеме осамени.Баш како што кажа Сатори,егоистична потреба со која првенстевено се задолволуваме самите а потоа и останатите.
Инаку ex machina морам да те поправам дека безусловна љубов даваат само родителите никој друг.

е баш родителската љубов е најусловена од сите...кажи ми на пример со што те условува паартнерот да го сакаш или другарката или незнам кој и да е??? а мајкати мора макар и да глумиш дека ја сакаш...бидејки барем 18 години зависиш од незе свакаш?...така и обратно родителот е условен да дава љубов кон неговите деца односно да води грижа која е инспирирана од љубовта кон нив се со цел да егзистираат и да обезбедат светла иднина...а то а го прави родителот најсрекен:toe:

не за џабе рекле ако се сака се се може...тоа можеби е и некој вроден инстикт на луѓето...мајката кога го раѓа детето и го носат и го бакнува односно со тоа искажува љубов према него(да чувствуваш љубов а да не ја искажеш е исто како да знаеш да не кренеш рака...и ке си мислат дека не знаеш)
А ако не е вроден тогаш најверојатно се стекнува 99% зашто сите свакаме дека без љубов нема ништо...живот без љубов ти е како колата да ти стој дома без гориво и нерегистрирана (хаха ова мала шала од моментална инспирација :p ) ...
да не кажувам празни моабети и онака немам инспирација сеа многу многу...у главно мое мислење е да се сакате затоа што тоа носи многу благодети...и ке ви предложам накоја книгичка за љубовта што мене бар ми се допаѓа:
Уметноста на љубовта - Ерих Фром и Патот на љубовта(не ми текнува од кој беше) и во нив е опишана љубов во секоја насока...а ако сакате нешто повеќе за љубов меѓу двајца партнери од различен пол се разбира прочитај те ја 11 Минути и Крај реката педра седев и плачев од Пауло Коејљо
 
Зошто е всушност потребата да се сака некого? Дали е потреба пред се?
Ова многу ме збунува и мене. За ова незнам што да речам. Едноставно сум збунет. Ај ќе видам што ќе кажете вие.
 
Зошто е всушност потребата да се сака некого? Дали е потреба пред се?
Ова многу ме збунува и мене. За ова незнам што да речам. Едноставно сум збунет. Ај ќе видам што ќе кажете вие.
А што мислиш дека е, ако не е потреба?

Да, љубовта сама по себе е емоција. Но, не ја нудиме на секој. И обично, бараме возврат за истата. Значи имаме акција, чин на љубење, и потреба од реципрочност, односно потреба саканата особа да ни даде фидбек.

Дали ти немаш таква потреба?
 
А што мислиш дека е, ако не е потреба?

Да, љубовта сама по себе е емоција. Но, не ја нудиме на секој. И обично, бараме возврат за истата. Значи имаме акција, чин на љубење, и потреба од реципрочност, односно потреба саканата особа да ни даде фидбек.

Дали ти немаш таква потреба?
така...сакањето е емоција, но е со цел да ни се врати...убаво си кажа срценце
Затоа што имаме потреба да бидеме сакани:pipi:
сепак...сакањето е релативно...и има и различни, да ги наречам типови, на сакање т.е. љубов...освен физичкото привлекување од спротивниот пол, ние сакаме и пријателство кај партнерот...фактички љубовниот партнер ни е најдобриот пријател, но од спротивниот пол, па затоа се раѓа и онаа потреба за водење љубов....
 
Хмм... ДОбро прашање. Мислам дека е потреба.
Според мене Љубовта е најубавото и најпосакуваното чувство што може да не исполни! Да Сакаш значи исполнетост, но да си сакан, е тоа е божественото чувство, со кое се чувствуваме дека вредиме, дека сме ја заслужиле нечијата љубов и дека сме достојни за неа. А мислам дека секој има потреба да се почувствува олку убаво, нели? :wink:
 
Потребно е да сакаме и да бидеме сакани.Тоа е едно чувство кое неможеме ни да го видиме,ни да го допреме но сепак го чувствуваме повеќе од било што.Можеби бидејќи љубовта,во секоја нејзина форма,е најскапоценото нешто на светот кое пак не ти треба ни пари ни богатство за да го имаш.Кога има нешто што не исполнува,не прави среќни и прави да се чувствуваме убаво зошто не би го посакувале тоа?Љубовта ни е нешто мило,драго кое секој го посакува:helou:
 
Тоа е затоа што нашиот ум мисли дека така е правилно, што не секогаш се совпаѓа со чувствата во срцето.
Сум била во таква ситуација да сакам да сакам некоја личност, но тоа воопшто не помага, умот не му наредува на срцето...
 
covekot e emocionalno i opstestveno sustestvo...mora da se saka i podobro e da sakas otkolku da bides poln so omraza oti so omraza nisto ne se postignuva
 
Ваљда затоа што се чувствуваме (по)исполнети :toe:
 
Затоа што љубовта е нешто - обратнопропорционало од се останато...

Љубов: Колку повеќе даваш - толку повеќе имаш...

Значи љубовта е овратнопропорциналана како што кажа димитар со тоа колку даваш толку побеке и добиваш.......значи стави се во улога дека ти сакаш некого...тогаш се трудиш да му помогнеш , да го подржиш , да бидеш тука за него кога му е најтешко, да го направиш срекен едноставно знаеш дека на некој си му потребен ...и зато можеби сакаш да сакаш за да му ги подариш сите овие работи на некој, а со тоа и тој да ти возврати ......и тогаш ако не се чувствуваш срекен задоволен и исполнет значи не знаеш да сакаш или сигурно др работи ги "иритираат" твоите чувства.
 
Сакаме, хммм да, и се ќе направиме за да се чуствуваме сакани! Всушност човекот е многу себично суштество, се што прави го прави за самиот себеси, па дури ги сака и помага на другите за да биде сакан... Човекот би направил многу чудни работи за да биде приметен, за да биде изложен на туѓо внимание... Чудно, но тоа е вистината :)
Малата добрина што ја правиме не би ја правеле доколку не би имале корист или барем доколку не мислиме дека би имале корист... Едноставно нели, сакаме да бидеме сакани, сакаме за да бидеме сакани -> сакаме да сакаме за да бидеме сакани.
Оттука е и вашата обратнопропорционалност што ја споменувате, а љубовта е само мал и релативно необјаснет пример за тоа :)
 
Такви суштества сме: многу нешта сакаме...
Според мене многу поесенцијално прашање е: знаеме ли да сакаме?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom