Зошто всушност сакаме да сакаме?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Оти сме си самобендисани, оти се сакаме себеси, превише. Како инаку да се објасни фактот што (ај не 100 ама) 99% од овие желби за сакање/љубов се со една те иста мисла водилка која гласи: за да ме сака некој.
Значи сакаме некого за тој да не сака нас...ако не не сака...лека полека ќе го сакаме но постепено ќе му свртиме грб...ќе засакаме друг кој ќе не сака...
заклучокот зарем не е дека се сакаме премногу себеси?

Ја чисто онака, не дека некој навистина е таков, самозаљубен :smir:
 
Грд збор е употребен:сакаме... Не сакаме, имаме потреба!
Нашиот механизам има потреба од различни видови на храна. Цврста, течна, воздух, во форма на електрични импули...
И сите се потребни за непречено функционирање. Најтешко е да се нахранат quark-овите...
 
Грд збор е употребен:сакаме... Не сакаме, имаме потреба!
Нашиот механизам има потреба од различни видови на храна. Цврста, течна, воздух, во форма на електрични импули...
И сите се потребни за непречено функционирање. Најтешко е да се нахранат quark-овите...
Љубам да сакам, љубам да љубам, сакам да љубам...варијации. Имам потреба од некого, тој од мене, има потреба од сакање, љубов...

зборовите љубење, сакање, имање потреба од некого...штета што слабо се користат (и кога навистина се има потреба истите се потиснуваат...низ ветер) директно кон некого во пракса, дал сме премногу срамежливи...не знам.
Може мало објаснување што значи Quark? Освен колегата овде на форумов :wink:
 
Љубам да сакам, љубам да љубам, сакам да љубам...варијации. Љубам да веслам...

боровите љубење, сакање, имање потреба од некого...слабо се користат директно кон некого во пракса, дал сме премногу срамежливи...не знам.
Може мало објаснување што значи Quark? Освен колегата овде на форумов :wink:

Субатомски честички... Според некои - суштествени... :smir:
 
Ок, мислев нешто друго, но...физика. Бев у други води со умот :smir:

точно субатомски честички од кои се составени протоните и неутроните

има вкупно шест вида кваркови.

на темата зошто сакаме да сакаме а и зошто сакаме да сакаме да уништуваме,интересно човечката креативност истовремено е деструктивност,љубовта понекогаш болка но сепак човечка особина е јас сеуште верувам во човештвото и верувам дека алтруизмот ќе надвладее тогаш човекот ќе биде во хармонија,свеста што ни е дадена од природата е привилегија која за жал не ја користиме доволно.
 
Затоа што мразиме да бидеме сами, поточно се срамиме од тоа да сме сами. Во колерација и компанија со друга индивидуа, ја имаме поткрепата и друштвото што ни е потребно, како и смиреноста дека нешето постоење усреќува некого.
 
Затоа што мразиме да бидеме сами, поточно се срамиме од тоа да сме сами. Во колерација и компанија со друга индивидуа, ја имаме поткрепата и друштвото што ни е потребно.

Значи паѓа во вода сакаме за да бидеме сакани?
Туку, сакаме ради бенефициите од сакањето? Што значи, сакањето е себично и доста обратно од вистинската негова првична замислена смисла?

Колку закон.
 
Значи паѓа во вода сакаме за да бидеме сакани?
Туку, сакаме ради бенефициите од сакањето? Што значи, сакањето е себично и доста обратно од вистинската негова првична замислена смисла?

Колку закон.
fuck it bro.

Секад е така, мора причината за секоја работа што ја правиме да е егоистична и убаво разложена/дисецирана и ставена на дисплеј за да се најде егоизмот во неа.Во спротивно ако не е така, тогаш надоаѓа непријатно чуство и гризење на совеста. Нешто што мнозинството очајно и по секоја цена се обидуваат да го избегнат, макар и да значело да ги оцрнат и најсветите и највозвишните чуства:како љубовта на пример .

јеби га...
 
Значи паѓа во вода сакаме за да бидеме сакани?
Туку, сакаме ради бенефициите од сакањето? Што значи, сакањето е себично и доста обратно од вистинската негова првична замислена смисла?

Колку закон.

И тоа што не` сакаат е бенефиција. Таа бенефиција носи духовна исполнетост, хармонија, поткрепа, поддршка, пријателство, припадност, среќа... Доколку немаме корист од љубовта, каква и да е таа, тогаш сакањето нема да не` прави задоволни. И нема да има поента.
 
Ништо во вселената не е без причина. Најверојатно и ние, нашето постоење и љубов не сме некој исклучок пошто сме дел од таа вселена. Она претходно што го споменав за непотреба од возвраќање или платонска...такво нешто мислам дека не постои на земјава (освен во романите можеби) ради човековата природа свртена во суштина кон своето јас. Колку и да негираме...или колку и да негирам :)
 
мн е лошо тоа што сакањето (го исклучувам родителското) е нешо како статус ,моќ ,мн луге го доживуваат така.демек еј мора да ме сакаат тоа значи дека сум вредна.мора сите да ги сакаме тоа ке не направи подобри
мора да бидеме заљубени до бесвест .реклама од филмовите,книгите,рекламите,сите сакаат да бидат хероината која се ке даде за свјот јунак и нивната љубов е над се
малку сум песимист :baeh:
 
демек еј мора да ме сакаат тоа значи дека сум вредна.
Сурова реалност но вистина е. Човек не знае колку вреди се додека седи дома и мисли дека вреди многу или не вреди воопшто. Како и секоја роба (за да добие вредност, треба да излезе во промет) така и со човекот, колку го ценат, сакаат, толку вреди во општеството. Сурово, но...кое би било друго мерило за вреднување, ако знае некој, молам за појаснување.
 
Многу релативно... Вредноста на pesonal being, да се доведува во врска со количество на примена љубов. Не фаќа муабетов...

Сакаме да сакаме поради генетските предиспозиции и еволутивниот стадиум кој ни наложува да имаме морални и етички вредности. Чувствата се колатерална штета. :smir:

Не зезнаа со премисата „Човекот е општествено битие“; ни наметнаа да живееме во заедници, па сега гледајќи комшии и комшивки ни изгледа нормално и неопходно да имаме некој покрај себе и да се умножуваме...

Па, и не е така лошо... :back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom