WTA тенис - општа дискусија

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Цинцарска традиција ....Џаст тхе традишн ...Као нашинец од Австралија,Битолчанка да земи :D
Автоматски споено мислење:

The tradition of the Macedonians is to marry each other. Therefore, the Simone family hardly accepts an "intruder." It is not the case of Iuruc.
Simona Halep has repeatedly stated that he wants his family and children.
Од кај ти е ова на Англиски јазик?
Баш и не делува правилно добро напишаното на Англиски.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.235
Цибулкова се пензионира

 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Прашање до @Vladimir1984 и други членови кој прателе тенис порано, дали Серена важи за најдобра на сите времиња? По освоени слемови се тука сите 3 тука заедно со Маргарет Коурт и Штеви Граф, сега првава нормално многу тешко дека некој ја гледал а Граф била феноменална, јас по она што имам гледано на јутуб ми делува дека нивото од Моника Селеш е највисоко во историјава на ВТА која освоила 7-8 слема во 3 години, додека не се десил инцидентот и многумина мислеле дека та би ги рушила сите можни рекорди...

Ми интересира која доба се смена за најдобра во ВТА и кога имало најголема конкуренција? Последниве години е циркуз и нон стоп се менуваат и освојувачките и ранкингот така да со сигурност е еден од најслабите, додека јас кога почнав да пратам тенис имаше одлична конкуренција сестрите Вилијамс,Шарапова,Хенин,Клајстерс,Мауресмо па подоцна и Возниачки,Иванович,Јанкович,Звонарева,Ли На...
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Прашање до @Vladimir1984 и други членови кој прателе тенис порано, дали Серена важи за најдобра на сите времиња? По освоени слемови се тука сите 3 тука заедно со Маргарет Коурт и Штеви Граф, сега првава нормално многу тешко дека некој ја гледал а Граф била феноменална, јас по она што имам гледано на јутуб ми делува дека нивото од Моника Селеш е највисоко во историјава на ВТА која освоила 7-8 слема во 3 години, додека не се десил инцидентот и многумина мислеле дека та би ги рушила сите можни рекорди...

Ми интересира која доба се смена за најдобра во ВТА и кога имало најголема конкуренција? Последниве години е циркуз и нон стоп се менуваат и освојувачките и ранкингот така да со сигурност е еден од најслабите, додека јас кога полнав да пратам тенис имаше одлична конкуренција сестрите Вилијамс,Шарапова,Хенин,Клајстерс,Мауресмо па подоцна и Возниачки,Иванович,Јанкович,Звонарева,Ли На..
Мислам дека Серена во секој случај е најдобрата тенисерка во историјата, Штефи веднаш зад неа. На Серена и треба еден слем да го изедначи рекордот на Маргарет Коурт, два за да официјално биде најдобра во историјата, и тоа е единствената причина зошто уште игра тенис, макар што мислам дека после неколку пропуштени шанси тоа нема да и успее. Инаку Серена го држи рекордот за најмногу ГС титули во опен ерата на тенисот.

Ако гледаме чисто индивидуални квалитети, кога Серена е на врвот на својата игра едноставно е непобедлива. Страшна физичка сила за женска конкуренција, пратена со најдобриот сервис во историјата.

Моника Селеш е феномен во женскиот тенис, вистинско чудо. Вистински Мајкл Џордан по желбата за победување и по килер инстиктот што го имаше. Да не и се случеше тоа со нападот, веројатно ќе беше во самиот врв по освоени слемови.

И вистина дека сега конкуренцијата е многу послаба, едноставно нема константност кај најдобрите играчи. Немаат ниту квалитет, ниту мотивација, ниту пак психичка сила константно да победуваат. Сега тенисот носи многу пари, еден освоен слем годината и потоа уживаат во животот во остатокот од годината. Затоа имаме тенисерки од типот на Стивенс која игра три месеци тенис, кога турнирите се во Америка, и уште две недели на Ролан Гарос.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Откако пратам тенис немам видено посовршена тенисерка од Серена. Сервис, форхенд, бекенд, движење, буквално технички совршена тенисерка. Баталете што и се дешава откако се породи, не е тоа репер. Дефинитивно е најдобрата тенисерка во историјата, и општо по титули и вака ко прототип на тенисерка, вклучувајќи ја тука и менталната спремност, т. е. јачина.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Се пензионирала Јулија Гергес, релативно млада на 31 година.
Штета, можеше таа и подобри резултати да оствари, свесна е и таа самата за ова.
Во ситуација кога не се знае кој пие а кој плаќа во женскиот тенис, кога нема една иста и постојана конкуренција, Гергес пропушти шанса да освои некоја титула.

Која е причината за пензионирањето?

Марион Бартоли и Флавија Пенета се пензионираа откако искористија момент да освојат грен слемови.
 

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
744
Поени од реакции
633
Каков пресврт за Сара Сорибес Тормо криво мие што не ја догледав :bravobe: :vozbud::vozbud:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Браво за оваа Англо-Румунката Радучану, Радукану или како и да се вика, го повтори успехот од Вимблдон и ми се чини дека и го надмина, еве ја ќе игра со Бенчич за влез во полуфинале.
Да не замараме во темата за АТП :D
Заборавив да пишам вчера невероватен талент е Романко-Кинескињата со англиско државјанство.Иако последниве години излегоја доста ултра офанзивни тенисерки оваа покрај ненормалната агресивност е претерано прецизна и движењето и е екстра, со леснотија ке добива дефанзивни тенисерки како што беше случај против Сорибес Тормо каде буквално го измети теренот со неа.Наликува во играта на Ли На која ми беше омилена тенисерка, а форхендот и е перверзија и е сличен со онај на Иванович.
Не знам како ке се справува со тенисерки кои играат подлабоко и поагресивно ама има доста изгледни шанси и би сакал да ја гледам во финале, претерано харизматична појава e :love:
skysports-emma-raducanu-tennis_5501599.jpg
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538
Да не замараме во темата за АТП :D
Заборавив да пишам вчера невероватен талент е Романко-Кинескињата со англиско државјанство.Иако последниве години излегоја доста ултра офанзивни тенисерки оваа покрај ненормалната агресивност е претерано прецизна и движењето и е екстра, со леснотија ке добива дефанзивни тенисерки како што беше случај против Сорибес Тормо каде буквално го измети теренот со неа.Наликува во играта на Ли На која ми беше омилена тенисерка, а форхендот и е перверзија и е сличен со онај на Иванович.
Не знам како ке се справува со тенисерки кои играат подлабоко и поагресивно ама има доста изгледни шанси и би сакал да ја гледам во финале, претерано харизматична појава e :love:
Прегледај го приврзокот 306187
Ако не грешам родена е во Торонто, Онтарио. Имала доста голем избор на држави кои може да ги претставува, кога можеше онаа Хрватицата да прејде во Австралија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom