А што е погрешно во изјавава?
Федерер има 4 деца. Дали мислиш дека кариерата ќе му беше толку плодна и успешна ако земаше пауза од прилика година и пол за секое дете? Една повреда и 3 месечна пауза ги става во аут и не можат да се вратат во колосек после, а зборуваме за раѓање дете и пауза од година и пол ко да се мачкина кашица.
Прво физички враќање во форма е предизвик само по себе за било која жена,не па достигнување ниво на професионален спортист после толкава пауза. Па еден куп други физички/ психички промени со кои треба да се соочи.
Серена го освои АУ во фаза на бременост кога обично жените се или со константно лошење и повраќње или со хроничен замор. Познавам жени шо земаа одмор од канцелариска работа во тој период пошо не можеа да истераат 8 часа будни.
Така шо мислам дека доволно е серење и правење глупи хехенца. Дајте и барем малце респект на жената за цела успешна кариера.