What if историски сценарија : Алтернативна историја

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.387
Што би било ако Американците и Британците морале да извршат инвазија на Јапонија?

Секако евентуално ке ги освоеле островите но кланицата би била неверојатна.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Што би било ако Американците и Британците морале да извршат инвазија на Јапонија?

Секако евентуално ке ги освоеле островите но кланицата би била неверојатна.
Сме збореле доста за ова.
Според мене, најстрашен момент во Даунфал и Олимпик е тоа што не го знаеле баш точно ефектот од атомските бомби, па според планот, прво ги бомбардираат со нуклеарки плажите на Кјушу, а после два саати се искрцаваат со војска.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.387
Сме збореле доста за ова.
Според мене, најстрашен момент во Даунфал и Олимпик е тоа што не го знаеле баш точно ефектот од атомските бомби, па според планот, прво ги бомбардираат со нуклеарки плажите на Кјушу, а после два саати се искрцаваат со војска.
И контранападот од страна на Јапонски деца со копја
Japanese high school girls training with bamboo spears in preparation for a  U.S. invasion. 1940s. [770x458] : HistoryPorn770 × 458
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
И контранападот од страна на Јапонски деца со копја
Japanese high school girls training with bamboo spears in preparation for a  U.S. invasion. 1940s. [770x458] : HistoryPorn770 × 458
Ова е Фолксштурм за сиромашни, Кокумин Гии Сентотаи т.е. доброволни борбени одреди како немало дискриминација, значи мажи жени, деца старци, сенилни, шуто и рогато све требало да се мобилизира за борба со агресорот.
Операција Даунфол би била нешто како Окинава и Иво Џима само помножено со 1000.
Јапанската пропаганда со години перела мозок на население дека амери и остали сојузници се канибали, дека јадат бебиња буквално, дека силуваат мали девојчиња, дека прават се она што јапанците го правеле во реалноста :angel: па и јаче.

На Окинава се самоубивале масовно цивили фрлајќи се од карпите пошто мислеле дека амери ќе им ги печат децата на ражен пред родители и ќе ги тераат да го јадат месото од своите деца.

Постојат разни гледишта околу оправданоста или потребата за употреба на двете атомски, имајќи предвид дека имало две струи во Јапан и дека едните биле спремни на државен удар и против самиот Цар само и само да продолжи борбата до крај, со деца со бамбусови копја.

Фолксштурм барем имале огнено оружје, рачни бомби и најважно, Панцерфаусти на велико. Додуша оружјето било често од магацини од Пруската пешадија (Маузер М.71) но сепак имале доволно оружје.
Јапан покрај Арисака пушките од Руско-јапанска војна, произведувале еднометна сачмарка со црн барут која требало масовно да се штанца и со неа да се убиваат сојузнички војници. Домет околу 20м.
Не знам колку сојузници би загинале, но со сигурност може да се каже дека загубите на јапанци би биле увелико седмоцифрени.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
На Окинава се самоубивале масовно цивили фрлајќи се од карпите пошто мислеле дека амери ќе им ги печат децата на ражен пред родители и ќе ги тераат да го јадат месото од своите деца.
И на Окинава се убивале цивили, ама тоа со карпите е пред тоа, на Саипан.

Автоматски споено мислење:

Не знам колку сојузници би загинале, но со сигурност може да се каже дека загубите на јапанци би биле увелико седмоцифрени.
За освојување на Јапан и комплетирање на плановите и на САД колку што памтам седмоцифрена им е прогнозата за губиток на свои војници. 1-2 милиона
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
И на Окинава се убивале цивили, ама тоа со карпите е пред тоа, на Саипан.

Автоматски споено мислење:

За освојување на Јапан и комплетирање на плановите и на САД колку што памтам седмоцифрена им е прогнозата за губиток на свои војници. 1-2 милиона
Да, Саипан, моја грешка, ми текнуваа језивите снимки од тие настани. Сега не знам до каде била операција Даунфол, дали навистина би започнала во Ноември 1945 имајќи предвид дека би била далеку поголема од Оверлорд, ако не се лажам САД требало да имаат 9 нуклеарни боеви глави до тогаш. Ако процените за загуба на сојузници биле седмоцифрени тогаш јапанци би изгинале барем 20 милиони, имајќи предвид дека би престанала разликата меѓу војник и цивил т.е. сите цивили би биле претворени во војници од страна на јапанската власт.

Имајќи многу малку авиони, скоро ич морнарица и нешто слабо оклопни сили све би било оставено на фанатизмот на бранителите. Барем германците да им прателе планови за Панцерфауст лол.

Еве ги тие пушки и пиштоли за последна одбрана со кои требало да ракуваат 9 годишни девојчиња, меѓу другите :

Автоматски споено мислење:

Девојчиња од основна школа со пушкомитралез :

Средношколки со Арисака пушки :

Средовечни жени со пушки Мурата М.80 (1880)

Again, one just cannot make this up
Автоматски споено мислење:

Мидвеј класата носачи на авиони од 1945-46 биле најдолгите носачи до тогаш (по истиснина помали од Шинано) кои направиле компромис помеѓу јака заштита и број на авиони. Овие носачи имале капацитет од 137 летала. Биле нарачани 6 за подоцна 3 да бидат сторнирани ради завршеток на ратот. Имале необично долга кариера па дури учествувале во заливски рат 1991.

Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Мислам дека било “премногу“ веднаш по Втората Светска Војна да нападнат земја со која биле на иста страна во војната, земја која дала најмногу жртви. Како ќе испаднело тоа : -земјата која се борела против Фашизмот сега е нападната. Од кого? Испаѓа дека Русија е повторно нападната од Фашисти. Немало тоа да им помине ниту дома, а ниту пред меѓународната јавност. Покрај тоа, атомските бомби не се правеле тогаш ниту брзо ниту лесно. Со една бомба само ќе направеле полошо. Да не зборувам за големата руска дијаспора во САД која не се знае како ќе реагира при напад на нивната татковина па какво и да е уредувањето.
 
Абе они како прво, се откостија четири години со пропаганда 100 на саат, за да ја уверат јавноста дека советите се сојузници кои храбро си ја бранат земјата. Безброј памфлети, пропагандни филмови, натписи во печат и сл., кои требаа да го исперат инстантно новиот сојузник, бивши непријател (кој се договори со Хитлер).
И сега одеднаш после најголемата војна у историја, некој да им каже ај сеа пак.
 
Не знам дали за ова имавме муабет, не дека немале и такви планови

Имало и дезинфо ситуации

Крајно сулудо што воопшто се ангажирале сериозно за вакво нешто и тоа баш во 1945.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Мислам дека било “премногу“ веднаш по Втората Светска Војна да нападнат земја со која биле на иста страна во војната, земја која дала најмногу жртви. Како ќе испаднело тоа : -земјата која се борела против Фашизмот сега е нападната. Од кого? Испаѓа дека Русија е повторно нападната од Фашисти. Немало тоа да им помине ниту дома, а ниту пред меѓународната јавност. Покрај тоа, атомските бомби не се правеле тогаш ниту брзо ниту лесно. Со една бомба само ќе направеле полошо. Да не зборувам за големата руска дијаспора во САД која не се знае како ќе реагира при напад на нивната татковина па какво и да е уредувањето.
Советската индустрија пред војната е помагана од американската и тие инвестиции не се мали. Зошто да се руши тоа што помогнале да се изгради? Точно дека и двете земји биле исцрпени од војувањето. И дека јавноста била заситена од војна. Но исто така знаеме дека јавното мислење на Запад е глина што лесно се обликува во рацете на власта. Од руската емиграција нема гајле: повеќето се дисиденти од советскиот режим, про-царистички се настроени, кои во најлош случај би биле индиферентни кон војната против СССР.
Автоматски споено мислење:

И на Окинава се убивале цивили, ама тоа со карпите е пред тоа, на Саипан.

Автоматски споено мислење:

За освојување на Јапан и комплетирање на плановите и на САД колку што памтам седмоцифрена им е прогнозата за губиток на свои војници. 1-2 милиона
Им било прилично олеснето на САД кога СССР ѝ објавил војна на Јапонија, како што било договорено на Јалта. Сталин испоштувал и им го пуштил Жуков на Јапонците да ја дозаврши предвоената приказна околу Манчурија. Северните острови на Јапонија многу брзо почнале да паѓаат во советски раце и легендата вели дека стравот на Хирохито од руска окупација е тоа што го натерало да потпише капитулација а не атомските бомби. До ден денес Јапонија си ги бара тие острови назад, ама кога почнуваш војна и потоа ја губиш, ќе губиш и територија. И нема тука што да се мрштат косите очи.
А назад на “што би било кога би било“ темата, не верувам дека јавноста би поддржала масовна инвазија со многу жртви на американска страна, оттрпнати на слики од масовно разурнување и цивилни страдања американската јавност би била сосема ок со постилање на Јапонија со атомски бомби без инвазии и чекање на капитулација од Хирохито.
А што би било кога би било Жуков кога би продолжил со освојувањето на јапонските острови од север и продор до Токио. Јапонскиот цар си игра игри и си праи церемонии во дворецот а советскиот оклоп гази ли гази, и го делат Токио на две окупациони зони, нешто како Берлин.
Автоматски споено мислење:

Еден авион кој имал потенцијал да биде гејм чејнџер е секако Фоке-Вулф ТА-183 Хукбајн, страшен брутален и грозен :D Проект-4 како што бил познат проектот за ТА-183 бил започнат во Април 1942, не ми е јасно како не успеале да го воведат во оперативна употреба знаејќи дека ловци како Хе-162 од првиот цртеж на табла до оперативна употреба им требало околу 5 месеци.
Сојузниците пронашле 16 прототипа во завршна фаза при падот на рајхот. Овој авион ќе биде своевидна училница во која западни и источни сојузници ќе учат како се прави брз млазен пресретнувач.
Не само што овој авион би носел 48 ненаведувани ракети Р4М туку и првите наведувани ракети "воздух-воздух" Рурштал Икс-4. Четирите топа од 30мм се прича за себе...

Прегледај го приврзокот 269694

Сликава е од некаков сајт кој се бави со паралелна реалност во која Хукбајн војувал во Корејската војна :D
Нешто слично Аргентина има конструирано откако германски инжењер кој работел на млазни воени авиони се засолнил таму по војната.
Автоматски споено мислење:

Screenshot 2022-12-11 at 12.06.19 AM.png

Вака за време Југославија средношколци одевме на боеви гаѓања и машко и женско. По предметот Одбрана И Заштита. Не со автоматско оружје де, со југословенската верзија на германскиот Маузер.
Сега ова Кадаиф кога ќе го прочита мф, мф, мф ќе биде “уааа мутава генерацијо!“
Автоматски споено мислење:

Што ќе се случеше, ако '90-'91 челниците на СФРЈ се договореа и ја прифатија понудата на ЕУ за членство? Или што и да им нудеа тогаш, не ме фаќајте за збор не се сеќавам точно.
Колку што се сеќавам, таква конкретна понуда немаше, имаше само некоја лабава алузија дека ако Милошевиќ, Туѓман и Кучан (првиот теглеше накај цела Југославија, другите двајца теглеа накај отцепување) се договорат за конфедеративна Југославија дека таква Југославија би можела да стане членка на Европската Економска Заедница. Таков договор за позапознаените беше чиста илузија, децата во Босна јавно демонстрираа како се расклопува војничка пушка, југословенската верзија на АК-47. Значи спремни за војна. За надворешниот фактор можноста за договор беше реална, за пошироката јавност внатре во Југославија освен неверување во она што се случува и националистички занес друго за ништо не се знаеше. Тогашниот државен секретар на САД Џејмс Бејкер и негови европски сојузници (најгласен мислам беше Џани ДеМикелис) цврсто притискаа за договор и избегнување на војната арно ама “ничим изазван“ фолксдојчерот Геншер ги закопа тие напори со еднострано признавање на Хрватска за независна држава. И оттогаш наваму е скок у провалија.
Знам дека тука се прави муабет што би било кога би било ама јас ги живеев тие времиња и од таа перспектива ми е сосема неверојатно избегнувањето на војната. Настрана тоа што мнозинството Хрвати беа против војната пред таа да почне.
Автоматски споено мислење:

Значи вие кога збрувате за некакво цврсто сојузништво со подрасите, прејудицирате отфрлање делумно или целосно на идеолошката одредница на нацистите. Нема друго.
Ако Ес Ес ги броиш како најтврдокорни нацисти, тогаш нивниот водач Химлер извршил идеолошко велепредавство кога почнал да регрутира црнци од африканските колонии на Франција за ЕсЕс. Најтврдокорниот нацист отфрла една од најосновните идеолошки одредници.
Автоматски споено мислење:

Мене ме интересира нормално :) Што ќе беше со Македонската економија ако Тито беше капиталиста? Се исто само СФРЈ капиталистичка! Ќе бевме сега како Италија или Грција по БДП пер капита? Или како Германија или Турција? Членки на ЕУ и НАТО од 60ти години?
Хм, колку и да неверојатно ова личи, да поживееше Сталин и да продолжеше со конфронтација со Тито многу веројатна варијанта ќе беше Југославија членка на НАТО. Не мора транзиција кон капитализам, може некоја хибридна варијанта како сега скандинавските земји. ЈНА доби значајна воена помош од САД педесетите години од минатиот век, Хелкет ловци на тенкови сеуште ги имаше низ воените магацини доцните 80-ти години.
А за БДП колку Италија и Грција итн. или квантен скок напред во квалитетот на живеење со транзитирање во капитализам, во тој филм се фураа скоро сите Југословени од доцните 80-ти години. “Ехеееееј кога ќе се осамостоиме од Југославија, државата ќе ни биде супер и ќе биде фантастично и кај ќе ни биде крајот!“ Триесет години подоцна...
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Што би било кога би било, 1999-та година Лиобчо тогашниот премиер на Македонија го условува стационирањето НАТО трупи на македонско тло со членство на Македонија во ЕУ, Робертсон и Солана ги фаќа страв и ја пуштаат Македонија во ЕУ наместо Бугарија и Романија.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.387
Што би било кога би било, 1999-та година Лиобчо тогашниот премиер на Македонија го условува стационирањето НАТО трупи на македонско тло со членство на Македонија во ЕУ, Робертсон и Солана ги фаќа страв и ја пуштаат Македонија во ЕУ наместо Бугарија и Романија.
Македонија експресно ја прогласуваат за сојузник на Злобо Милошевиќ и ја вклучуваат во списокот на цели за бомбардирање. Албанската и Бугарската војска вршат инвазија да ги заштитат “своите“ со помош на НАТО.

Пореално би било Лиобчо да изрази загриженост за сигурноста на Македонија и да побара да ни ја опремат војската, немора со најново оружје ама да е НАТО стандард. М-60 тенкови, М113 транспортери, артилерија, АХ 1 и УХ 1 хеликоптери.

Чисто за да се заштитиме од одмаздољубивиот Злобо.
 
Еден од предлозите на злобниот Злобо за време преговорите пред да почнат бомбардирањата бил Србија да стане членка на НАТО.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom