What if историски сценарија : Алтернативна историја

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.223
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Доцна му текнало.
Да сакале на Клинтон кабалистите да преговараат со Злобо, ќе преговарале по таа точка. Било решено Србија да се бомбардира пред преговорите да почнат. УЧК била на колена, тоа бил Злобиниот грев.
 
Последен момент за барање преговори за влез во НАТО е пред распадот на СФРЈ.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Последен момент за барање преговори за влез во НАТО е пред распадот на СФРЈ.
Тоа беше за влез во ЕЕЗ, не за НАТО. За НАТО Слобо или некој негов гласник предложил членство за време преговорите пред да почнат бомбаридарањата.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.223
Тоа беше за влез во ЕЕЗ, не за НАТО. За НАТО Слобо или некој негов гласник предложил членство за време преговорите пред да почнат бомбаридарањата.
Да али тогаш беше касно. Да размислувало ладнокрвно Српското раководство требало уште пред распадот на СФРЈ, пред референдумите на сет глас на викаат и пеат за влез во НАТО.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Да али тогаш беше касно. Да размислувало ладнокрвно Српското раководство требало уште пред распадот на СФРЈ, пред референдумите на сет глас на викаат и пеат за влез во НАТО.
Од денешен аспект да, да размислувале и едните и другите и третите ќе било поинаку. Во секоја тогашна република, на првите повеќепартиски избори победуваат националисти, југословенството доживува длабок пораз, народот што ги гласал гледа во новата власт и ги прашува “кога со референдумот за осамостојување?“. А ако мислиш на периодот меѓу смртта на Тито и Бранко Микулиќ, тогаш да се мафтало со нато и еу знаменце, ја имаш старата гарда некогашни Титови соборци и првоборци а тогашни генерали и началници на служби против кои е невозможно таква иницијатива да тргне. Прво што ќе те прашаат е “а за што се боревме ние, коски за кого оставаа на Сутјеска, Неретва, Билеќа, Сремски Фронт- не за да бидеме сега слуги на туѓинци “ и во право ќе беа, за Југославија се решаваше во Белград.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Еден авион кој имал потенцијал да биде гејм чејнџер е секако Фоке-Вулф ТА-183 Хукбајн, страшен брутален и грозен :D Проект-4 како што бил познат проектот за ТА-183 бил започнат во Април 1942, не ми е јасно како не успеале да го воведат во оперативна употреба знаејќи дека ловци како Хе-162 од првиот цртеж на табла до оперативна употреба им требало околу 5 месеци.
Сојузниците пронашле 16 прототипа во завршна фаза при падот на рајхот. Овој авион ќе биде своевидна училница во која западни и источни сојузници ќе учат како се прави брз млазен пресретнувач.
Не само што овој авион би носел 48 ненаведувани ракети Р4М туку и првите наведувани ракети "воздух-воздух" Рурштал Икс-4. Четирите топа од 30мм се прича за себе...

Прегледај го приврзокот 269694

Сликава е од некаков сајт кој се бави со паралелна реалност во која Хукбајн војувал во Корејската војна :D
Не морав да го барам видеото, само ми се препорача: Хукабајн (Грбав) е изграден, само после војната и тоа во Аргентина, под името Pulqui. Зошто не во 1942, па можеби поради недостаток на материјали и оти биле фокусирани на Ме-262, тогаш главниот германски млазен ловец.
Толку страшниот Хукабајн на хартија, во пракса имал сериозни фалинки за чие исправање требало добро тестирање, вешти механичари и работници и веќе развиена индустрија за производство на авиони: нешто што Аргентина немала. Сите прототипови на Pulqui биле рачно изработени. Дизајнот е творба на истакнати дизајнери на борбени авиони од нацистичка Германија: творецот на ФокеВулф ловецот и на бомбардерот Кондор и еден од творците на Хортен ловецот и бомбардерот (монокрилни млазни авиони, концепт кој ден денес го копира Америка):
https://www.youtube.com/watch?v=IXo9koa9MbA
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Две во едно: што би било кога би било... ем генерал Апостолски држи смотра во Солун ем Бугарија станува југословенска република. Наместо јуриш на Сремскиот Фронт, јуриш врз Солун. Тито пушта срце “браво Ченто бистро момче, ко му јебе матер иди на Солун кој го ебе Черчил а Бугарија од утре е југословенска република, шо има да ги прашам Бугарите, нив Адолф ги хранеше маст сега ќе јадат стап- и ќе ќутат- ем знам дека Сталин ионака ме хејта сега а подоцна со него ќе биде уште пожестоко“.
Значи што би било кога би било на Ченто му дозволуваат да оди на Солун наместо на Сремски Фронт а и Бугарија станува југословенска република за што сериозно се разговарало ама Сталин се љутел.
 
Мислам дека секое движење кон Солун би значело судир со Британците.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Мислам дека секое движење кон Солун би значело судир со Британците.
Не само со Британците. Солун е ослободен всушност од ЕЛАС на 30 октомври 1944. Во тоа време во Грција има влада на национален спас каде многу министри во владата се (про) комунисти. Ситуација таму се менува во почетокот на 1945 но сеуште нема граѓанска војна. Нити Сталин нити Черчил би допуштиле војна помеѓу “сојузници” во услови кога Германија сеуште не е поразена. Нити пак Тито би допуштил такво нешто во услови каде пола Југославија е сеуште окупирана. Да не зборуваме за други аспекти.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Мислам дека секое движење кон Солун би значело судир со Британците.
нема на Гоогле, ама од Арм поодамна еден ми кажа дека 1944 беше бомбардирана ЈНА кога при бркање на Вермахтот навлезе МАЛКУ во Грција, имало жртви ... патем , Британија ја бомбардираше и Атина
( работничкиот кварт ,кога немаше германска војска, 44 загинати мислам ), а и се судри со ЕАМ и ЕЛАС ,
По 1947 Југославија престана да праќа доброволци во ДАГ, а некој постари тврдеа дека ЈНА 1949 дури ги пуштиле британските тенкови да навлезат преку ФНРЈ за да го опколат Вич, ама ова се крие...
еве уште http://www.coldwar.hu/publications/greek_civil.html
 
Kajgana Shop

На врв Bottom