Што ако не паднеше Константинопол?
Ама баш ништо немаше да се смени, сами ќе побараа византијците да станат дел од турското царство.
Византија пред падот на Константинопол е град-држава, една мала точка во средозејмето, еден куп италијански градови-републики се стопати побогати од нив.
За 30 години по падот е откриена америка, поморските патишта до Азија, и тоа мало значење како трговска и поморска клучка што го имал градот ќе било веќе небитно.
Интересна тема иначе, алтернативна историја, но јас не би одел толку во ептен неверојатни работи како победа на Германците во прва и втора светска војна, тоа било невозможно од старт, додуша во првата ако успеел Шлифеновиот план може и имале шанса, ако ја тепале Русија исто како во реалниот тек, па после ќе се глодале со британците до изнемоштување, со некаково примирје, Британија не губи ништо, Германија добива територии на исток како со Договорот од Брест-Литовск.
Права алтернативна историја би била што ако не се случеле француската револуција, ако Наполеон не ја нападнел Русија, тука се случуваат најголемите промени кои влијаат на текот на историјата во модерниот свет од 19 век па навака, т.е од Pax-Britannica.
Или уште малку поназад, во првата вистинска „светска војна“. Седумгодишната војна од 1756-63, тука Британија станува светска сила а Франција го губи чекорот во однос на нив и еден куп колонии вклучувајќи ги сите северноамерички територии, тука е зачетокот на америчката револуција десетина години подоцна, тука Прусија се потврдува како еднаков па и помоќен субјект во германските земји во однос на Австрија, со што прускиот/германски милитаризам го започнува својот раст.
Алтернативната историја не треба да се гледа само низ призмата на еден настан неповрзано со целината, алтернативна историја е што ако Советскиот сојуз и Рајхот станеле официјални вистински сојузници во војната, тоа е значајно сценарио. Не е значајно за алтернативна историја што ако Германците победеле во Сталинград, небитно, ако победеле таму ќе изгубеле на друго место, за нив војната секако е веќе во фаза на губење тој период.
Или што ако Наполеон победел во Ватерло? Ништо, ќе изгубел набрзо од комбинираните пруско-австриско-руски армии, Франција во 1815 веќе немала сила ни можност да ги повтори успесите од почетните години на војните. Друго е прашењето што ако Наполеон не ја нападнел Русија, да не изгубил 600.000 искусни војници, еден куп логистика и коњи.
Или да се вратам на почетокот на овој веќе долг пост, што ако не паднел Константинопол? Ништо, веќе реков, но што ако Византијците победеле на Манзекирт, ако следствено на тоа ги потиснеле селџуците да воопшто не се населат во Анатолија, ако Крстоносците не им ја уништеа државата во Четвртата крстоносна? Цела историја на Балканот, блиски исток и северна африка и општо на муслиманскиот свет ќе беше различна.