What if историски сценарија : Алтернативна историја

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.039
Поени од реакции
4.697
Во ерата на M.A.D. Трета Светска најверојатно би била прилично едноставна.
Никој нема да испука ниту една нуклеарка, ќе се колат конвенционално. Бидејќи ако некој испука, другиот ќе врати и така до MAD.
Него Американците биле многу блиску да фрлат нуклеарки врз Кина (подоцна и Советите размислувале за таа опција) за време на Корејската војна. Доколку тргнеше историјата во таа насока, денеска најверојатно немаше да постои С. Кореја.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Никој нема да испука ниту една нуклеарка, ќе се колат конвенционално. Бидејќи ако некој испука, другиот ќе врати и така до MAD.
Него Американците биле многу блиску да фрлат нуклеарки врз Кина (подоцна и Советите размислувале за таа опција) за време на Корејската војна. Доколку тргнеше историјата во таа насока, денеска најверојатно немаше да постои С. Кореја.
Зошто да не испукам?
Еве се тепам конвенционално и непријателот ме крши од ќутек. Зошто да не испукам?
Да дозволам пораз, при онакво оружје?

Да изгубам војна заради MAD?

Нема некоја логика во конвенционална тотална војна, при нуклеарно вооружување.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.039
Поени од реакции
4.697
Зошто да не испукам?
Еве се тепам конвенционално и непријателот ме крши од ќутек. Зошто да не испукам?
Да дозволам пораз, при онакво оружје?

Да изгубам војна заради MAD?

Нема некоја логика во конвенционална тотална војна, при нуклеарно вооружување.
Бидејќи ќе знаеш дека со сигурност ќе бидеш уништен и прво ќе ги прибаш сите опции пред нуклеарен напад.
На конвенционално ниво САД и Русија се изедначени и тука никој нема ни да помисли да нападни со конвенционални оружја, камоли со нуклеарни. Но во скоро секој друг конфликт меѓу две нуклеарни сили ќе постои воздржување до последно од употреба на нуклеарки. Пример е војната меѓу Пакистан и Индија во 1999та, кога Индијците ги растуриле Пакистанците, кои пак иако поседуваат нуклеарно оружје не се одлучиле да одат "чекор напред".
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Бидејќи ќе знаеш дека со сигурност ќе бидеш уништен и прво ќе ги прибаш сите опции пред нуклеарен напад.
На конвенционално ниво САД и Русија се изедначени и тука никој нема ни да помисли да нападни со конвенционални оружја, камоли со нуклеарни. Но во скоро секој друг конфликт меѓу две нуклеарни сили ќе постои воздржување до последно од употреба на нуклеарки. Пример е војната меѓу Пакистан и Индија во 1999та, кога Индијците ги растуриле Пакистанците, кои пак иако поседуваат нуклеарно оружје не се одлучиле да одат "чекор напред".
Јас кога велам пораз и ме крши од ќутек, мислам на апсолутен пораз, при голем војна, како во Прва или Втора Светска, не зборам за престрелки од типот на Пакистан и Индија, каде не се развила војна некоја и нема ни да се развие. Јас зборам за војна, целосна војна, која никој никому не би објавил и приредил (при услови кога имаме MAD). Тотална војна ми е болдирано.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.039
Поени од реакции
4.697
Јас кога велам пораз и ме крши од ќутек, мислам на апсолутен пораз, при голем војна, како во Прва или Втора Светска, не зборам за престрелки од типот на Пакистан и Индија, каде не се развила војна некоја и нема ни да се развие. Јас зборам за војна, целосна војна, која никој никому не би објавил и приредил (при услови кога имаме MAD). Тотална војна ми е болдирано.
Во секој случај војната е изгубена без разлика дали на крајот ќе употребиш нуклеарки. Непријателот ќе возврати неколкукратно повеќе имајќи предвид на изгубените поседи во конвенционалниот судир. Се што можеш е да им ја направиш победата погорчлива. Оттука и прашањето дали треба да употребиш нуклеарки и да бидеш комплетно уништен или да оставиш многу повеќе и да се реизградиш релативно брзо.

Патем ако стигни судирот до тој степен, голема е веројатноста и нуклеарниот арсенал да ти е веќе уништен/запленет од непријателот. Друга работа е што нуклеарниот напад бара средства што може да бидат лесна мета како подземни силоси, мобилни носачи на ракети (носачот, а и ракетата мора да бидат огромни ако сакаш да го удриш непријателот длабоко во негова територија), подморници, бомбардери. Средства што се релативно лесна мета, уште полесна ако немаш со што да ги штитиш.

Претпоставувам дека единствената можност за нуклеарен напад без да дојде до MAD е некаде после инвазијата и пред целосниот пораз со тактичка употреба врз непријателски единици врз сопствена или гранична територија во мали бројки. Една, две нуклеарки. Имајќи на ум MAD, непријателот би возвратил рамномерно или не би возвратил воопшто и оттука би требало да прекинат сите судири.

Постои уште една опција, а тоа е изненадувачки прв напад но кога би знаел дека со тоа ќе го уништиш целиот потенцијал на непријателот да возврати. Ова најверојатно влегува во едно од сценаријата на САД за напад на С. Кореја.

И уште една, да нападниш земја што нема нуклеарки.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Како да не...
како некој да ќе дозволи да дојде работата до тој степен, нуклеарниот потенцијал да му биде уништен/паднат во рацете на непријателот....
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Нема друга опција освен нуклеарна при било какво сценарио на судар помеѓу Нато и Варшавски пакт.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Што би се случувало доколку проектот Менхетн не бил во можност да направи употреблива бомба до 1946 или 1947? Операција Олимпик веројатно.

Америте за таа цел го воведувале во вооружување Даглас А-1 Скајрејдер, морнарички јуришен авион, спор, тромав и солидно заштитен, носел 4 тони вооружување или дополнително гориво, страшен авион кој учествувал во Кореја и Виет Нам а последните примероци служеле по афрички земји до 1986.
Имал и AWACS верзија со радар кој би служел како истурен пикет за соодветната task force.

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Еден авион кој имал потенцијал да биде гејм чејнџер е секако Фоке-Вулф ТА-183 Хукбајн, страшен брутален и грозен :D Проект-4 како што бил познат проектот за ТА-183 бил започнат во Април 1942, не ми е јасно како не успеале да го воведат во оперативна употреба знаејќи дека ловци како Хе-162 од првиот цртеж на табла до оперативна употреба им требало околу 5 месеци.
Сојузниците пронашле 16 прототипа во завршна фаза при падот на рајхот. Овој авион ќе биде своевидна училница во која западни и источни сојузници ќе учат како се прави брз млазен пресретнувач.
Не само што овој авион би носел 48 ненаведувани ракети Р4М туку и првите наведувани ракети "воздух-воздух" Рурштал Икс-4. Четирите топа од 30мм се прича за себе...

Focke Wulf TA-183.jpg

Сликава е од некаков сајт кој се бави со паралелна реалност во која Хукбајн војувал во Корејската војна :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Што би се случувало доколку проектот Менхетн не бил во можност да направи употреблива бомба до 1946 или 1947? Операција Олимпик веројатно.
Немало толку да чекаат.
Olympic како прв дел од Downfall ќе почнел многу порано од 46-7-ма, некаде ноември 45-та. Вториот дел - Coronet бил планиран за март 46-та.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Немало толку да чекаат.
Olympic како прв дел од Downfall ќе почнел многу порано од 46-7-ма, некаде ноември 45-та. Вториот дел - Coronet бил планиран за март 46-та.
Таман за А-1 Скајрејдер да земе учество (крај на 45-та) и други машини како Мартин Маулер, Рајан Фајербол, БТД Дестројер, П-7 Тајгеркет, П-82 Твин Мустанг, Ф8Ф Беаркет, Б-32 Доминатор, Груман Гардијан и слични, дури можеби и П-80 Шутинг стар (една ескадрила била префрлена во Европа во Април 45) или Фантом 1, првиот морнарички млазњак.
Автоматски споено мислење:

Сепак и Јапан имал неколку аса во ракавот иако поради немањето ресурси не знам дали воопшто би вовел во оперативна употреба некој од многуте проекти како Ки-98 кој бил изграден како прототип но развојот траел уште од 1942. Секако во тое време сосема доволни им биле Рајзен (Зеро) за флота и Хајабуса (за армија) така да самозадоволството преовладало.



Не знам зошто моделов е со француски рондели, моделарот може бил пијан
Автоматски споено мислење:

Од британските машини тука се Линколн, Вампир, Метеор, Фајербранд, Фјури 2, Спајтфул, Сифенг, Хорнет, Бриганд...
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Интересно е да се напомене дека во случај на Даунфол/Олимпик/Коронет учество би земала и следнава бештија, најголемиот борбен авион во историјата, Конвер Б-36 Писмејкер, право чудовиште кое можело да носи до 39.200 кг бомби (повеќе од Б-52) и имало долет да комотно полета од бази на западна обала на САД и да бомбардира Јапан :eek:.



Споредба меѓу прилично големиот Б-29 (онај шо фрлал атомски) кој делува јадно према мамутскиот Б-36 до него :D
Чудесијава имала 6 мотори, четвороструки звезди со 36 цилиндри и некои 4500 к.с, невообичеени пушер пропелери и можност за огромни дополнителни резервоари под крилата или помошни млазни мотори, со цел полетување при максимално оптеретување.



За својата манијакална големина имал ненормално добра брзина од 700+ км на час.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Да ја живнам темава со поредниот монолог, шта би било кад би било ако војната се оддолжела на 1946.
Британија, покрај Глостер Метеор кој летал оперативно 1944-45 го имала и Де Хевиленд Вампир, релативно мал млазен пресретнувач со извонреден квалитет и феноменална за тоа време покретливост. Тој ќе бидне окосница на еден куп авијации по свет кои првите чекори во млазната ера ќе ги имаат баш со Вампирот.
Иако прв пат полетал март 1943 нејасно е зошто не влегол во оператива до сеп.1945 кога било прекасно.



Од егзотичните машини кои требало да влезат во оператива во 1946 е Унгарскиот РМИ Р-8, пресретнувач со два клипни мотори по 2К коња во тандем конфигурација со што би бил веројатно најбрз ловец со пропелер во војната, на граница на лимитот кој авионите со пропелери го имаат (850-880км/ч) кога доаѓа до флатер и остали структурни проблеми, т.е. пропелерот не е во можност да ја игра улогата на "завртка" низ воздухот.



Советскиот најмодерен проект од 1945-46 кој требало да соборува наци авиони доколку војната би се оддолжиле бил ловецот Лавочкин Ла-9, наследник на Ла-5 и Ла-7 на кои летале најдобрите советски асови. Разликата била во нешто појак мотор и најтешко вооружување од било кој советски ловец дотогаш (4 топа од 23мм)



Швеѓаните не спиеле туку за време на ратот развиле завиден број оружени системи. Еден од нив бил и млазниот СААБ Ј-21 Викинг кој во тие години 45-46 бил главен ловец на неутралната Шведска. Злу нетребало, подобро да се има него да се нема.

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
На ред се Британците и нивните летала кои за малку не доживеале да служат во ратот.

Наследникот на Тајфун и Темпест, екстремно брзиот и робустен Хокер-Сидли Фјури 2 кој ќе види акција во други војни, вклучително и Заливот на свињите 1961.



Една несекојдневна комбинација на морнарички ловец за носачи и торпеден авион (?!) што било дел од обидите да се направи универзален морнарички борбен авион кој ќе може да пресретнува, бомбардира од пикирање и лансира торпеда, Блебрурн Фајербренд.



Авро Линколн, наследникот на легендарниот Авро Ланкастер, стратешки бомбардер со подобра аеродинамика, појако одбрамбено вооружување и сличен радиус на дејство како неговиот претходник.
Овој авион ќе биде главна британска ударна сила во раните денови на Нато пред да биде заменет со млазното трио V-bombers.



Де Хевиленд Хорнет, наследникот на култниот дрвен авион со 1001 намена, Де Хевиленд Москито но прилагоден за уште повеќе намени како што е онаа да биде употребуван од носачи на авиони. Спред Ерик Браун, најдобриот тест пилот на светот било кога, овој авион бил еден од најдобрите кои имал прилика да ги управува, имајќи предвид дека тестирал 500+ авиони во кариерата, може да му се верува. Брз, окретен и со голема огнена моќ овој авион би бил проблем за оската.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom