Пратев дискусии овде, неколку кратки поенти само.
The Maze е еден вид загатка, која е направена само за роботите. џабе вилијам потроши пола живот да ја открие, тоа и му беше кажано. во суштина многу едноставно, пирамида на свесност која треба да ја постигне да еден андориод се рачуна за жив и свесен. коа се вели пирамида се ствара погрешна замисла, тоа е всушност еден вид патување од површината до центарот на една сфера. пристигнување до самиот центар е всушност постгнување свесност. патување во длабоко, а не испливување на површина или на врв од пирамида.
првото ниво е меморија. тоа би било површината на сферата
второто е импровизација. користејќи делови од меморијата импровизираш со дадената ситуација.
третото ниво е себе-заштита и себе-запознавање користејќи го искуството од ниво еден и два.
последното ниво, 4то е страдање. мораш да страдаш и да се мачиш, да научиш како е тоа за да бидеш жив и свесен.
во оној момент кога гласот во роботот нема да биде глас програмиран кој му кажува што треба да прави, него сопствениот глас со сопствени одлуки, станува свесен.
the maze не е локација, него патување.
се друго, надвор од ова патување, според мене е погрешна насока на толкување.
поентата не е борба луѓе со роботи, поентата не е скап одмор на богаташ каде ќе убвиа и силува.
поентата не е за кого да навиваш, или кој ќе победи.
на некој брилијантен начин и публиката на самата серија може да се третира како еден вид на роботи. еден ќе гледа ради цицките, друг ради крвта, трет ради шо знам ентони хопкинкс, некој пошто му кажале дека е добра серија, некој колку да се гледа. некој длабоко, некој површно, некој суштински.
така и роботите во westworld, од сите нив, фактички сите останати роботи, беа во функција на 2-3 кои полека постигнуваат свесност.
некој ќе свати, некој ќе остане заглавен некаде на прво ниво, и не му е јасно што се случува.
не велам дека треба да си брилијантен ум за да сватиш, прилично е се објаснето. скоро и да не остана некоја недореченост, освен ситни детали, кои суштински ништо не дообјаснуваат. само сакам да посочам дека истата аналогија од робот - свесност, може да се искористи и гледач - поента.
за полесно да се разбере, серијата се дели на три временски периоди. тоа погоре и го објаснија. тоа мора да се земе во превид, пожелно е тоа да се свати додека ги гледате епизодите, не на крај. во текот на гледањето ако лесно забележувате во кој временски период се одвива сцената, работите ќе имаат повеќе смисла, ама не дека нешто однапред ќе сватите.
околу црнкињата, очигледно беше дека беше програмирана да го прави тоа што го прави, тоа е факт, она што не го прифати тоа сознание е сосема друго. меѓутоа ливчето со координати каде може да ја најде ќерка и, беше последен обид на азијатот да ја натера да остане (мое мислење) иако е програмирана да се качи на воз и да го напушти паркот. конечно нејзината одклука off the script да се симне од возот и да се врати по ќерка ѝ ја направи свесна. си го слушна својот глас.