Westworld

  • Креатор на темата Креатор на темата NewForce
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно ја изгледав првата од новата сезона, јако беше.

Само уште не знам што се очекува од нас гледачите, да сочуствуваме и да навиваме за роботите, оти со првава епизода не делува така, демек самоосвестени машини масакрираа стотици невини луѓе во име на некаква нивна свест и желба за слобода?

Ја си навивам за Ед Харис не знам за вас.

Па ако луѓето се толку сурови да направат машини што чувствуваат, имаат сеќавања, и ги користат само за изживување врз нив, мене ми личи како што биле робовите... Не ги сметале за луѓе. Исто и овие. Затоа ќе навиваме за нив :)
 
Што и е бе на оваа Долорес што е волку раскурцана сезонава?
Никогаш не сум и го сакала ликот, и секогаш компаниони и се некои инфериорни субмисивни мажиња што сакаат да ги команда, а тие загрев заслепени од љубов па мора да ја слушаат. Прва сезона Вилијам, сега Теди згодниот. Мејв далеку поуспешно се снаоѓа во улогата на супериорна врз мажи и како тргнале, сите жени ќе станат лидерки :') Нека им го стишат малку сетингот за феминизам.
Инаку Ангела е топ! Штета што е спореден лик само, Талула е срценце и сакам да ги сјебе на крај сите и да испадне мастермајндот на сезонава.

#TeamAngela #TeamOldWilliam
 
Сезоната засега во овие две епизоди е врв, никаков пад на квалитет а се плашев од такво нешто.

Теди е таков вишак лик во приказната мислам дека прв треба да замине у роботскиот рај да не го гледаме.
Прво кога ја видов сцената, не бев 100% сигурен но на одјавната шпица ми се потврди, Густаво Фрингс од Б.Б беше „новиот“ Ел Лазо.
 
Бреј сите жени во серијава се или Рамбо или Џејмс Бонд, а маживе ко стереотипна плавуша. Премногу гурл паур!!! имаат во сезонава.
Иначе шо знам, вака во глобала не ми се ништо поесебно првите 3 епизоди. Дијалогот ми е многу мутав, а и општо ми е мех. Долорес ужасен лик е станат.

Најинтересни за следење моментално ми се приказните на Меив и Вилијам.
 
Ова се развива во јака пуцачина, наспроти философската прва сезона. Засега е одлично!
 
Што беше поентата на онаа со тигарот :D? Као преживеав ама еве ме фатија човекојадциве :icon_lol:
Само мене ми е тешко да ја пратам приказнава некакоo_O
 
Што беше поентата на онаа со тигарот :D? Као преживеав ама еве ме фатија човекојадциве :icon_lol:
Само мене ми е тешко да ја пратам приказнава некакоo_O

Има клипчиња на јутуб кај што луѓе ги разјаснуваат работите
 
Ова кога ќе заврши сезонава ќе треба одново да се гледа оти овака е повеќе од хаотично.
Долорес добива премногу screen time, Maeve многу малку, а обратно пропорционално интересни им се приказните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom