Westworld

B

beaverknight

Гостин
wait what, што уствари се деси на крај?
сеа ќе треба да ги глеам сите епизоди пак кај што сум пропуштил некои ситни детали пошо стварно не укапирав што точно се случи.
Форд е хост, кој ги има искодирано другите хостови да им станат непријатели на луѓево, а Арнолд уствари го спречува у тоа?

 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
wait what, што уствари се деси на крај?
сеа ќе треба да ги глеам сите епизоди пак кај што сум пропуштил некои ситни детали пошо стварно не укапирав што точно се случи.
Форд е хост, кој ги има искодирано другите хостови да им станат непријатели на луѓево, а Арнолд уствари го спречува у тоа?

Не. Барем засега не е ништо кажано што би алудирало на тоа дека Форд е хост. Форд, за разлика од Арнолд имаше long-term план како да им даде слобода на хостовите. Оваа епизода само покажа дека биле на истата страна, само му требало подолг период на Форд да укапира дека сепак имаат свест, но за разлика од Арнолд кој ја програмира Долорес да го убие, Форд и даде избор (со тоа што и го остави пиштолот) и со тоа без сомнение Долорес е на рамниште на човек како јас и ти. Форд им даваше 35 години патење и мизерија на хостовите со цел ефектот да биде што посилен, тие да се сетат колку само биле мачени од страна на луѓето и во оваа клучна точка сите да се кренат на револуција. Единствено остана нејасно дали Мејв беше програмирана да се врати по ќерката или таа така одлучи. Ќе биде јако ако се испостави дека Форд ја програмирал да излезе во реалниот свет, а таа самосвесно сепак одлучи да се врати.

Фацата на Мен ин Блек ко виде дека крвари :vozbud:

:cuc: за финалево.
 
H

HoT IcE

Гостин
Една од најбрилијантни серии што сум гледал. Ремек дела, каква креативност и раскажување, серијава е перфекција.:bravobe::bravobe::bravobe:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Не. Барем засега не е ништо кажано што би алудирало на тоа дека Форд е хост. Форд, за разлика од Арнолд имаше long-term план како да им даде слобода на хостовите. Оваа епизода само покажа дека биле на истата страна, само му требало подолг период на Форд да укапира дека сепак имаат свест, но за разлика од Арнолд кој ја програмира Долорес да го убие, Форд и даде избор (со тоа што и го остави пиштолот) и со тоа без сомнение Долорес е на рамниште на човек како јас и ти. Форд им даваше 35 години патење и мизерија на хостовите со цел ефектот да биде што посилен, тие да се сетат колку само биле мачени од страна на луѓето и во оваа клучна точка сите да се кренат на револуција. Единствено остана нејасно дали Мејв беше програмирана да се врати по ќерката или таа така одлучи. Ќе биде јако ако се испостави дека Форд ја програмирал да излезе во реалниот свет, а таа самосвесно сепак одлучи да се врати.
Мејв можеби беше оставена сама да си ја одбере реалноста. Исто ко и Долорес. На некој начин изборот на Мејв е антипод на оној на Долорес. Вторава одбра насилство, одбра да ги повтори настаните и грешките од минатото. Мејв одбра љубов и веројатно и она одбра да ги повтори сопствените грешки. Можеби изборот им е во рамки на некоја матрица која е доста поразлична и поопширна од "изборот" кој го имале првите ботови. Можеби е дел од одредена програма која учи.

Во секој случај "If You Can't Tell, Does It Matter? "
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
И стварно сите теории се остварија да им ебем. Одлично финале, ама у курац до 2018 ќе ја заборавиме сите серијата. Јасно е дека Форд сочуствува со роботите исто колку и Арнолд само он поинаку го протолкува „освестувањето“ и давањето слободна волја.

Вилијам е во суштина многу тажен и трагичен лик, 35 години бараше и бараше значење на паркот, суштина и некое задоволство во својот живот за на крај да биде се едно ништо, но не е загубено се за него, Форд му кажа уживај во новата приказна, а новата приказна е баш тоа што го бараше- предизвик, опасност и игра во која може и да се умре. Тоа што го оставија Ед Харис жив за втората сезона ме радува, освен што Вилијам/човекот во црно е добар лик, Харис е одличен глумец, што особено е важно ако го нема Хопкинс понатаму.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Јас сум презадоволен од финалето пошто не остави неодговорени прашања и ја затвори сезоната на убав начин, with a bang. Дури нема ни потреба од втора сезона.

Dr. Robert Ford, убер јак лик е и ќе фали многу ако има нова сезона. Ништо чудно да измоделирал една near perfect креатура по сопствен дизајн па да го гледаме пак во иднина. Морбиден ми беше дијалогот на крај, знаев дека ќе има гомнарија ама не очекував дека ќе си пресуди. На крај пак ми остана мистерија тоа кој ги кодирал тие reveries, Bernard претпостави дека Arnold ги вметнал ама Ford се насмевна што ми остава простор да мислам дека можеби идеата била на двајцата или дека Ford ги направил, крајниот детал што недостасувал. Сепак биле добри пријатели и може не се согласувале за некои работи но и двајцата потајно го сакале истото за своите креатури.

Треба пак да се гледа во целост, некои работи може различно да се интепретираат или може различно сум ги разбрал. Доста комплексна серија. До толку е добра што со читање теории низ нетов не губи од убавина серијата, напротив со повеќе инфо поинтересна ми стана.

Ако прават втора сезона јас би сакал да се фокусираат на сосем нов сектор од паркот. Видовме самураи и чуда па дава впечаток дека Delos има план за нови паркови или можеби веќе има други со различна тематика од вестерн. Сепак паркот се простира на огромна територија, кој знае што се не имаат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Ако прават втора сезона
Јас колку што сум информиран, ова не е доведено до прашање. Дури и планирани се вкупно 5 сезони за серијава. Прочитав дека нацрт-верзиите на сценаријата за втората сезона биле готови, што значи се знае во кој правец ќе се движи. Единствено, само ќе мора да ја чекаме најрано во 2018 . ;)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Здраво, и ја во темава да си пишам нешто.

Добра е серијава ама маааалце суперфановите ја преценуваат. Малце.

Одлични дијалози, одлична суптилност, одлични red herrings и одлични твистови што уствари ти се најавени цело време и не се "lol random twist cause fuck you".

Ама сепак на моменти изгледа како серијава премногу на мистерија да се одржува а премалку на филозофски аспект кој што ја го почитувам во ЛОСТ на пример...

Колку и да звучи ова глупо премногу ми е про-роботска серијава. "И тие што не се луѓе се луѓе! Еднаквост за сите!"
И толку. Останува на тоа дека вештачка интелигенција = природна интелигенција. Зошто така лесно да се прикаже дека луѓето се ретардирани и дека нивната креација е подобра од нив?
Премногу поразително размислување е тоа за мене.

Оставија огромен простор за смена на ова мислење во втора сезона ама ќе видиме.
Форд = Сака роботите сами да размислуваат
Арнолд = исто
Вилијам = исто
Сите роботи = исто

И кај е тука конфликтот? Без конфликт нема феноменална серија, вака само одлична е :D

Се надевам ќе чепнат малце филозофирање и морални граници во втора сезона. Нека има лик што ќе се бори за човештвото. Некако ми изгледа дека Тед би бил таков лик, полека добива свест и тој, и ќе биде јако робот да се бори против роботите. Ајде, ипак серија е со повеќе сезони, не смеам ова да им го држам против нив, после смртта на Форд верувам дека ќе влезат во сивата територија малце.

Ептен ми се допадна во една епизода кога Долорес кажа "Кој вели дека јас сакам да си одам од тука?". Тоа би било јако да се форсира повеќе во втора сезона. Добиваат свест и? Што од тука? Сфаќаат дека не ова тоа што го барале? Се надевам во таа насока дека ќе одат, нека има конфликт вака не е тоа тоа.

Друго нешто што ми сметаше ДО НЕГДЕ е плотов со црнкињава. Па како бе двајцава дебили и дозволуваат тоа да го прави? У старт кога видоа дека не е нешто у ред требаа матер да и ебат. Едноставно ниеден нормален не би ја ојачал до ниво на full sentience. Тоа ептен ме вадеше од колосек кога и да ја видев црнкињава. "Ова ќе беше спречено со едно копче...". И се уште нема причина зошто азиецов и помага на оваа..
Ама добро. Се извадија на крај. Демек така била програмирана. Луѓево не биле така програмирани, ама ок, малце се вадат на тоа.

Причата со Вилијам/Man in black :cuc: cuc: У старт MiB ми беше врв лик, се виде дека е покомплексен али одлично изработен твист. Криво ми е само што ги читаав теориите и помал импакт имаше твистот, али одлично сработено! Сите твистови во серијава беа изработени одлично. Споро, за и дебил да ги сфати. Ти даваат знаци за сам да поврзеш без директно да те удрат. Ма мавај, ќе сфатиме и без спор билд ап до твистот (и тоа може да се смени за втора сезона :D )

Значи серијава со твистовиве е нек си ебе матер.

Прва епизода. Гледаш лик во воз се вози со патници кон паркот. Изгледа фенси, познат актер релативно тамам за главна улога. Топ, супер е ликов.
БАМ У 15ТА МИНУТА ПЛОТ ТВИСТ ОВА Е РАНДОМ РОБОТ. :cuc:

Значи за вакви мали работи е цар серијава.

И во последна епизода направија твист. Тој младиот ебач уствари геј бил. Па и тоа не го очекував. Е до толку има twist and turns серијава. Како креаториве на серијава да сакале буквално се што може да се искористи во сценарио да направат. И red herrings, и macguffin (лавиринтот), и останати фенси зборови што сакат да ги користат филмофилите :D Сaмо Chekhov's gun не знам дали беше искористено :D


Глумењето. :cuc: Ед Харис чоече. Забораив дека е добар актер. Ебан ѕвер. Хопкинс. излишни се зборови. Секоја сцена те плени. Рејчел Вуд (и заборавив прво име..) :cuc: ептен потценета актерка, во секој филм има добро глумено. Џефри Рајт сосема солиден исто така. Младиов Хемсворт ми има многу повеќе стас и харизма од браќава. Њутон (на Т и беше името на црнкињава не ми текнува..) исто така феноменална до крај! А и башка гола глумеше 90% од сцените! Марсден :cuc: (Марсден ис мај Сајклопс! Новиов е #NotMyCyclops) одличен! Суптилен е и неговиот лик, не е лесен за глумење.

Ма и англичанецот е феноменален во целиот негов british glory!

Единствено тапа од глумциве ми беа Елси и оваа црнкињава на бордот, се надевам нема да ја гледаме во втора сезона....
И така. Вака така испадна премногу да пишувам така да...еве ви во спојлер све ова :D Бринг он втора сезона за пар години, а до тогаш и филмот не ќе е лошо да се види :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Сега ми текна, не кажаа што уствари се деси со Логан, Вилијам го прати врзан гол на коњот во пустелијата и толку, не објаснија како Вилијам успела да је преземе компанијата, умрел ли Логан, полудел ли, не верувам дека убиство туку така може да помине во паркот, особено на влијателна личност како Логан.

Не би сакал во втора сезона таа приказна да биде заборавена, исто како и приказната за мотивите на Делос, зошто им е паркот, зошто сакаа да изнесуваат информации надвор, ок е филозофскиот аспект на приказната за роботите и нивната борба за самосвест, но интересна е и треба да се посвети внимание и на приказната за „надворешниот свет“ и нивните мотиви и амбиции.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
@dragonsky

Брац, не заебавај, повеќе филозофија имаше во првава сезона отколку во делата на Ниче (претерувам секако, ама ме разбираш).


Финалево врв, Форд си ја заврши приказната како позитивец. И баш ми е мило поради тоа.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
@dragonsky

Брац, не заебавај, повеќе филозофија имаше во првава сезона отколку во делата на Ниче (претерувам секако, ама ме разбираш).


Финалево врв, Форд си ја заврши приказната како позитивец. И баш ми е мило поради тоа.
Можеше поконкретно да биде :D


Пример еве можеа да идат со библиска симболика.
Долорес како Ева, што ќе го пронајде нешто што ќе ја избрка нејзината раса од рајот (Westworld)

...што еве пак може да се случи во втората сезона, али пак вака некако Форд ко да им го дозволи тоа него ли самите. Не беше до толку борба човештво против роботи колку што мислев.

Знам дека вака испаѓа можда дека не ми се допаднала серијата, али баш напротив, само полесно ми беше да си кажам тоа што ми падна во очи наспроти очекувања :D

И пак, многу глупо е вака после сезона да се понашам како цела серија да сум ја изгледал, може за три сезони да испадне дека ова од прва сезона е само план на некој си нов лик што допрва ќе го дознаеме и сите да бидеме "Даааа, уствари Westworld е креиран од некој си мега лик кој што сакал да дознае што ќе се случи ако создадеш симулатор на луѓе што мислат дека креираат парк во кој што има роботи!"


:D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Site so sakate da mu gi izbrisam postovite na dragonsky stisnete like. :D

Ама сепак на моменти изгледа како серијава премногу на мистерија да се одржува а премалку на филозофски аспект кој што ја го почитувам во ЛОСТ на пример...

Останува на тоа дека вештачка интелигенција = природна интелигенција. Зошто така лесно да се прикаже дека луѓето се ретардирани и дека нивната креација е подобра од нив?
Премногу поразително размислување е тоа за мене.

Се надевам ќе чепнат малце филозофирање и морални граници во втора сезона.
:pos:

Се надевам ќе чепнат малце филозофирање и морални граници во втора сезона.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Te молам гледај со надзор од родител.

Замисли, почнав да ти објаснувам, затоа те цитирам. Ама очигледно си гледал само главните дешавки, а сите муабети кои дрнка долорес или форд ти се боринг и си скролаш камај.
 
D

Daedalus

Гостин
Site so sakate da mu gi izbrisam postovite na dragonsky stisnete like. :D



:pos:

Се надевам ќе чепнат малце филозофирање и морални граници во втора сезона.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Te молам гледај со надзор од родител.

Замисли, почнав да ти објаснувам, затоа те цитирам. Ама очигледно си гледал само главните дешавки, а сите муабети кои дрнка долорес или форд ти се боринг и си скролаш камај.
Ти големиот вот, си го цитирал, замисли човече. :D
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Многу ми се досадни првите три епизоди, не знам дали можам да продолжам да гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom