UEFA Super Cup 2017 - Real Madrid vs. Manchester United

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Па ти сам пиша бе тоа брат:



Сеа ја сум се фатил за Вардар :pos:

Да пишеше дека у кафич имало поодбра, или у Лондон имало подобра, немаше да те цитирам, те цитирав пошто е глупо (ко овие аналфабетиве) да очекуваш на овој меч поодбра атмосфера од меч на домашен/локален клуб.

Шпанци вчера практично и немаше. А од Македонци фанови на Реал од кои 2/3 не знаат ниедна песна, на другите ова им е првпат да пеат тие песни на стадион, не може да очекуваш атмосфера. За Англичаните кои беа дојдени од Манчестер во поголем број, да.
И добро после пишав дека Вардар ми беше само како пример ставен за тоа дека на многу помали утакмици и понебитни утакмици се навивало многу погласно и подобро него вчера.
Затоа и ти пишав дека и во кафич кога се гледа финале ЛШ има подобро навивање него вчера.

Океј, македонците не ги знаат ни песните на Јунајтед ни на Реал, и нигде не реков дека треба да ги знаат, ама еве кога се скандираше Иско ја и дали уште 2-3ца скандираа. Не може да ми кажеш дека и тоа е океј зошто прв пат ги глеаме Реал/Јунајтед во живо.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Јас бев релативно блиску до манчестеровци и мое мислење е дека изгазија со навивање. Имаше еден период, после првиот гол што го примија, да замрат али у принцип, оставија грло, барем според мене.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Абе глупости е и според мене непочитување. Сепак е компетитивен натпревар и одам јас како неутрален фан, кој кур ќе одам со дрес од Ливерпул. Еден у толпата на влагање се дереше цело време Форца (ПАЗИ ФОРЦА) Барса :D

Јас видов дресови од Вардар, Интер, Јуве, Арсенал, Челзи и Барса што е дно, реално дно.

Видов и едно чиче дресо од Роналдо али Манчестерски, капа од Реал и пешкир од Реал Мадрид, го „вееше“ на трибина :D :D :D
Дали го видовте гркот со ПАОК дрес и шал . ПАОК брат , црн дрес на плус 40
На мравка не сум згазил у животов али така ме изнервира , ми идеше да му ја залепам една одпозади .
 
P

PewDiePie

Гостин
Во кој ќош се криеше ГНИДАТА Жерновски што даваше експертиза дека ќе се срушела северната трибина,само тоа да знам.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Прво организацијата беше на врхунско ниво што лично позитивно сам изненаден, од регулирање на сообраќај до контролните точки при влез, како и целиот натпревар и пред натпреварот програмата и по натпреварот, једино неми беше јасно тоа со личните податоци околу картите слободно можев да ја продадам на некого и истиот ке си влезеше слободно без проблеми, па без карта во Сурдулица ако сум жандармерија ме враќа 100 метри пред стадион.
Друго, атмосферата како за на погреб од самите енглези, ај ние што сме дојдени да гледаме само фудбал во ред можам да сватам, но енглезите освен што беа пијани не видов ништо друго од нив првпат ми се дешава на натпревар да слушнам звук од топката кога играчите ке ја напуцаат, значи катастрофа во еден збор, при влегување нешто се гураме тука тишина невидена како за во кино да влегуваме и еден старче околу 50-тина години почна да пее нешто манчестер оно ово, јас се инстиктивно вртам на два метри од него да видам кој пробува да ги анимира луѓето тој се замрзна и ми кажува „ Сори Сори“, јеботе ми се извинува што го гледав, значи ги дисциплинирале како бајчиња.
Друго невидов многу шпанци, но тоа што го видов од еден лик во паркот правоцира во дрес на Барселона со каталонско знаме, искрено мене ми се идеше да го направам ко бумбари да го касале цела ноќ, што кур имаш да правоцираш на место каде што не ни игра твојот тим, можам само да замислам некој во Београд да се појави пред утакмица со косовско, албанско или усташко знаме што ке му се деси и 90% ке го оправдаат тоа.
Трето, што можам да констатирам од аспект на фудбал, а и со другарите кои што бев кои се фанови на Манчестер дека Реал е за две класи појак моментално од Јунајтед, Касемеиро по мене беше убедливо најдобриот играч, прво нему даде на Лукаку топка да прими при долгите допки кои најчесто одеа од голманот, второ го имаше на секој дел од теренот во право емсто и право време и третто постигна гол, злато вреден играч, од Манчестер Матиќ ( не дека е Србин одигра одлично), како и Валенсија колку е само кондициски спремен тоа е чудо, е сега Погба тој циганинот кога ке се најде некој да му каже дека фудбал е колективен спорт и се игра да се даде гол,( а не да се продаваат финти што очигледно е мајстор за тоа), тогаш можам да кажам дека е голем играч, човекот ја кочеше целата игра на Манчестер, никогаш не додаде на време, никогаш не беше на право место, Фелаини по мене одигра коректно секоја топка ја спушти и беше опасност по голот на Реал.

Прилог:
- На што треба да личи една фудбалска атмосфера:

 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Еј да, Касемиро имаше Канте-esque перформанс, бар во прво полувреме. Се виде дека гледал снимки од мастерот :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.903
Поени од реакции
7.571
Јас не бев во Скопје затоа што не сум по фудбалот али не сум ни до толку да не знам нешто за фудбалот, тимови, играчи. Решив да гледам на тв и од она што видов беше одлично. Ми се допадна како беше пренесувана церемонијата пред почетокот, супер што се претставивме со играорна група. Некако сето тоа беше доста кратко затоа мислам дека Уефа треба да направат како на Супер Бол да има мини концерт на некој музички артисти, еден час пред почеток на натпреварот. Тоа би ја подигнала и атмосферата кај сите што дошле да гледаат.
Еден минус имам до МРТ што почнаа некој минути покасни кога веќе беше почната церемонијата и играњето на играорната група.

Фудбалот како фудбал нема што јас да го коментирам оставам на тие што се разбираат подобро од мене да си се искажат тука.
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Воведот вришти
Требаше да има два-тројца со кечиња нели?! :D
Оро играат :confused: o_O :гик:
И ти имаш забелешка зошто нема од малцинството на оро или па зошто оро играле е проблемот?[DOUBLEPOST=1502280333][/DOUBLEPOST]Јадете гомна колку сакате.
Јас лично бев најголем песимист и мислев дека стандард како народ знаеме да имаме пропусти во организација и дека ќе се обрукаме со некој потег.
Шокантен демант.
Све на ниво. Сеуште неможам да поверувам дека ова го доживеав.
Браво Скопје. Браво Македонијо! :oeoeoe:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Колку јако ќе беше и една шота да изиграат:pos:.. Ќе вриеше после од коментари и навреди кон одговорните, никој немаше денес да коментира за фудбалот :LOL:
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Од некој што бил на големи натпреварувања барем од лига на шампиони можам да кажам дека организацијата беше одлична. Си беше на ниво.
Картите што ги добив беа на централна позиција на јужната трибина на последниот ред на врвот, да можев да бирам би одбрал слична позиција така да и тоа ми се посреќи.
20170808_203359.mp4_000015990.jpg

Ок беше церемонијата пред мечот, ама како што некој погоре спомна до тој момент делуваше празно, кога веќе вратите беа отворени 3 часа пред почетокот на натпреваот можеа да организираат и нешто за тие што влегоа толку рано. Нешто слично како на супер бол во америка ама небитно. Времето се "погоди" топ, 30 степени цела вечер, па се потрошија 2000 денари само за вода ама јбг мораа да искористат нешто нашиве неможе се така убаво да биде.

НО, што и да се случи тоа балканското неможе да се извади од нашиот менталитет. Не знаев за забраната за цигари на стадион, за запалки ок ништо ново, ова е прв пат такво нешто да видам, нити во еден Дортмунд на утакмица на лига шампиони, нити на Бернабе немало такви забрани, тоа е нешто ново и за мене необјасниво ама ок ваљда нови правила на УЕФА.
Ама понашањето од нашиве "редари" што сега ги добиле своите 5 минути на моќ мораа да излезат на површина, изживување тотално со фановите , шерифување како во дивиот запад во амерички филм. Уште на првата проверка при влезот на стадион се погоди тип најверојатно од кавадаречкиот дел некаде што неможев ни да го разберам шо ми зборува, се напна за цигарите што ги држам во рака ко бомба да држам и спремно е да пукне, ајде се помина тука 5 минути нема проблем. На девојката и се напна типка затоа што знамето било поголемо од 1метар, (со ресите знамето беше 1.2метар wtf ?:uzi:) , исто и затоа што носела ладало па 5 минути објаснување напред назад, па дојдовме до момент каде што морав да барам некој нејзин надреден што на крај и вика на типкава абе салам ли си ти ладало е не е оружје, тотално лечење на фрустрација од страна на неизживеани редарчиња шо начекале "позиција". Иронијата да е поголема, после поминувањето од првата точка имаше девојки што делеа промотивен/навивачки материјал, балони и едни пластични штракала за аплауз, па маме му ебам, ако е за безбедност едно ладало неможело да се внесе ама такви штракала самите ти даваат после влезот, логика топ. Арно шо не носев некакво камерче, пред мене на еден тип пробаа да му одземат гопро камерче "заради безбеносни причини", да не случајно фрлел со тоа. Дечкото го задржаа тука се објаснуваа не видов како заврши ситуацијата.
Како и да е, после првата проверка пред стадион си купив цигари од кај косоварец шо шиткаше цигарчиња по 300 денари кутија. :bravobe:
Друга работа, чиста глупост од УЕФА што направија, немаше никакви проверки за картите, ако ти помине картата на скенерот супер терај немаш проблем, па кој курац на апликацијата бараа и лична карта и секакви податоци. Работава е сакаме да се спречи препродажба на карти ама не дотолку за да се сотре препордажбата.


Освен овие минорни заебанции со нашиве на стадион беше се ок, беше на одлично ниво организацијата, ја сфаќам потребата од толкави проверки заради тоа што ова беше прв ваков тест за нас што мислам дека успешно го поминавме како домаќин на еден натпревар од големо значење. Заслужуваат пофалби :bravobe:.

Иначе за тоа што прашував претходно за паркингот, поминав без никаков проблем, дури бев и зачуден, мене ми изгледаше на нормален ден во скопскиот сообраќај.
Стигнавме во 16:30, имаше слободно паркинг место пред золошката градина. Не сетив никакви гужви. Неможам да зборувам за подоцна како било затоа што одтука се упативме до некое кафанче кај стадионот на освежување, па влеговме на стадион околу 18:30 за секој случај.

Како за крај , нема никогаш да ја заборавам сцената при излегувањето на првите проверки каде што се правеа, кантите истурени и тројца клекнати луѓе пребаруваат и тргаат настрана во најлонски кеси се тоа што може да им се најде, цигари, запалки, неотворени шишиња со вода. Хаос. Типична сцена за една држава од третиот свет.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.696
Топ беа бре момците и девојките од Танец, а дечињата од Партеније Зогравски ја направија уште поубава вечерта.

Незнам зошто на некои луѓе толку им сметаше церемонијата, што требаше Цеца и Аца Лукас да ги викнеме да направеа по еден мини концерт?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Топ беа бре момците и девојките од Танец, а дечињата од Партеније Зогравски ја направија уште поубава вечерта.

Незнам зошто на некои луѓе толку им сметаше церемонијата, што требаше Цеца и Аца Лукас да ги викнеме да направеа по еден мини концерт?
Македонска работа. Кога се игра на некое друго место и таму изведуваат нешто специфично за тој крај, тогаш им е супер перформансот, ама нашето им е сељачко... Можда ако Марјана и Лила играа на шипка поише ќе им се свиѓаше. :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom