Од некој што бил на големи натпреварувања барем од лига на шампиони можам да кажам дека организацијата беше одлична. Си беше на ниво.
Картите што ги добив беа на централна позиција на јужната трибина на последниот ред на врвот, да можев да бирам би одбрал слична позиција така да и тоа ми се посреќи.
Ок беше церемонијата пред мечот, ама како што некој погоре спомна до тој момент делуваше празно, кога веќе вратите беа отворени 3 часа пред почетокот на натпреваот можеа да организираат и нешто за тие што влегоа толку рано. Нешто слично како на супер бол во америка ама небитно. Времето се "погоди" топ, 30 степени цела вечер, па се потрошија 2000 денари само за вода ама јбг мораа да искористат нешто нашиве неможе се така убаво да биде.
НО, што и да се случи тоа балканското неможе да се извади од нашиот менталитет. Не знаев за забраната за цигари на стадион, за запалки ок ништо ново, ова е прв пат такво нешто да видам, нити во еден Дортмунд на утакмица на лига шампиони, нити на Бернабе немало такви забрани, тоа е нешто ново и за мене необјасниво ама ок ваљда нови правила на УЕФА.
Ама понашањето од нашиве "редари" што сега ги добиле своите 5 минути на моќ мораа да излезат на површина, изживување тотално со фановите , шерифување како во дивиот запад во амерички филм. Уште на првата проверка при влезот на стадион се погоди тип најверојатно од кавадаречкиот дел некаде што неможев ни да го разберам шо ми зборува, се напна за цигарите што ги држам во рака ко бомба да држам и спремно е да пукне, ајде се помина тука 5 минути нема проблем. На девојката и се напна типка затоа што знамето било поголемо од 1метар, (со ресите знамето беше 1.2метар wtf ?
) , исто и затоа што носела ладало па 5 минути објаснување напред назад, па дојдовме до момент каде што морав да барам некој нејзин надреден што на крај и вика на типкава абе салам ли си ти ладало е не е оружје, тотално лечење на фрустрација од страна на неизживеани редарчиња шо начекале "позиција". Иронијата да е поголема, после поминувањето од првата точка имаше девојки што делеа промотивен/навивачки материјал, балони и едни пластични штракала за аплауз, па маме му ебам, ако е за безбедност едно ладало неможело да се внесе ама такви штракала самите ти даваат после влезот, логика топ. Арно шо не носев некакво камерче, пред мене на еден тип пробаа да му одземат гопро камерче "заради безбеносни причини", да не случајно фрлел со тоа. Дечкото го задржаа тука се објаснуваа не видов како заврши ситуацијата.
Како и да е, после првата проверка пред стадион си купив цигари од кај косоварец шо шиткаше цигарчиња по 300 денари кутија.
Друга работа, чиста глупост од УЕФА што направија, немаше никакви проверки за картите, ако ти помине картата на скенерот супер терај немаш проблем, па кој курац на апликацијата бараа и лична карта и секакви податоци. Работава е сакаме да се спречи препродажба на карти ама не дотолку за да се сотре препордажбата.
Освен овие минорни заебанции со нашиве на стадион беше се ок, беше на одлично ниво организацијата, ја сфаќам потребата од толкави проверки заради тоа што ова беше прв ваков тест за нас што мислам дека успешно го поминавме како домаќин на еден натпревар од големо значење. Заслужуваат пофалби
.
Иначе за тоа што прашував претходно за паркингот, поминав без никаков проблем, дури бев и зачуден, мене ми изгледаше на нормален ден во скопскиот сообраќај.
Стигнавме во 16:30, имаше слободно паркинг место пред золошката градина. Не сетив никакви гужви. Неможам да зборувам за подоцна како било затоа што одтука се упативме до некое кафанче кај стадионот на освежување, па влеговме на стадион околу 18:30 за секој случај.
Како за крај , нема никогаш да ја заборавам сцената при излегувањето на првите проверки каде што се правеа, кантите истурени и тројца клекнати луѓе пребаруваат и тргаат настрана во најлонски кеси се тоа што може да им се најде, цигари, запалки, неотворени шишиња со вода. Хаос. Типична сцена за една држава од третиот свет.