UEFA Super Cup 2017 - Real Madrid vs. Manchester United

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.976
Поени од реакции
1.115
Иако сеуште не се знаат учесниците мислам дека со оглед на тоа што се игра на Градски е крајно време темата да се отвори. 42ро издание на Уефа Супер купот ќе биде колку што јас знам ќе биде прво вакво случување на наш терен. Пред некое време слушнав дека имало делегати од Уефа, за да проверат до каде се подготовките, значи има многу работи кои треба да се средат, а можеби многу малку време.Што мислите вие, кои екипи ќе учествуваат, кои сакате да учествуваат и што мислите, дали Македонската култура е подготвена да биде домаќин на едно вакво врвно искуство.
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.592
Поени од реакции
2.535
Не е Градски ами Арена Филип Втори.
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.976
Поени од реакции
1.115
А што е битно? Барем за нас треба да остане Градски, евентуално Филип Втори..
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.597
Поени од реакции
5.800
Од Уефа секако би сакале сите тоа да биде Манчестер утд. , од ЛШ сеедно би рекол , се знае кој се главни 3 фаворити, Реал,Барса и Баерн (потајно се надевам на мој Јуве :sneaky: ) ... така да све у свему ќе има мега дуел во случај ЛЕ да ја земе МАнчестер, ако не тие Рома се надевам, иако имаат тешка задача со Лион ... другите се мех.... МЕ интересира што цени се планираат за картите, и колку ќе биде возможно да се стигне до истите, сигурно ќе има огромен интерес и се надевам ќе има високи цени на билетите, ако бидат ефтини ќе има тепачки за да се стигне до билет повеќе....
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.976
Поени од реакции
1.115
Мислам дека за минатиот супер куп картите беа:
Категорија 1: 150€
Категорија 2: 90€
Категорија 3: 50€
и тоа веројатно ако си ги набавиш со време, него дали ќе може да се земат од купикартизасе, мктикетс итн?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.968
Поени од реакции
3.454
Купувањето на карти оди преку официјалниот сајт на UEFA колку што сум запознаен. Знам имаше статии за во Грузија што беше пред 2 години, во Тбилиси, тогаш картите се пуштиле во продажба во недела во 9 часот на утро и имало преголеми гужви, последната продадена карта била следниот ден во 5 часот на утро (за ова време киоскот за продавање работел без прекин).
Цените што ги спомна членот погоре се од минатиот супер куп што се одржуваше Trondheim, Норвешка. За разлика од овие, во Тбилиси беа многу пониски, 7,15 и 30 евра во зависност од категоријата.
Очекувам слична распределеност и за во Скопје, 500,1000,1500 денари или некој максимум 1000,2000,3000денари соодветно од категоријата :)

p.s. Кој и да игра ќе биде дефинитивно најголемиот спектакл во историјата на државата, а се надевам дека ќе играат Барса и Јунајтед (реприза на 2009 и 2011 финале Лига на Шампиони): :D
 
Член од
9 септември 2016
Мислења
550
Поени од реакции
397
20% од картите ако остават за нас би било супер!
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.976
Поени од реакции
1.115
Мислам дека сепак е најсигурно да се купат од странат ана Уефа.(y)
 
Член од
9 септември 2016
Мислења
550
Поени од реакции
397
Сигурно привилегии ќе имаат ПАТРИОТИТЕ со книшка.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
1.571
Поени од реакции
1.807
А има ли купување на карти од билетара или строго онлајн ? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom