@Stefan-kobe брат малце ја промашуваш поентата, не само ти и други тука на темава.
Овде не станува збор дали фудбалот е "машки спорт" или не, ова нема никаква врска, зашто она нема да се натпреварува со спортистите.
Овде станува збор дали обврските на СУДИЈА може да ги обавува женско, без разлика дали на машки или женски фудбал.
Тука лежи поентата, и не гледам зашто она како женско не би можела да биде добар судија.
Поготово не, кога единствен аргумент е, "фудбалот е машки спорт".
Да, се сложувам дека е машки спорт, ама она нема да се натпреварува во тој спорт.
Дали СУДИЈА е машка професија е главното прашање, а според мене не, не е машка професија. Може и жена да ја обавува.