UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
@Stefan-kobe брат малце ја промашуваш поентата, не само ти и други тука на темава.
Овде не станува збор дали фудбалот е "машки спорт" или не, ова нема никаква врска, зашто она нема да се натпреварува со спортистите.
Овде станува збор дали обврските на СУДИЈА може да ги обавува женско, без разлика дали на машки или женски фудбал.
Тука лежи поентата, и не гледам зашто она како женско не би можела да биде добар судија.
Поготово не, кога единствен аргумент е, "фудбалот е машки спорт".
Да, се сложувам дека е машки спорт, ама она нема да се натпреварува во тој спорт.
Дали СУДИЈА е машка професија е главното прашање, а според мене не, не е машка професија. Може и жена да ја обавува.
И фудбалот може жена да го обавува како професија и веќе тоа го прави какомшто сите знаеме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.080
Поени од реакции
25.078
И фудбалот може жена да го обавува како професија и веќе тоа го прави какомшто сите знаеме.
Апсолутно, само што конкретно темава не е за тоа.
Сите почнаа да зборат како женска судија не можела да се снајде во машки спорт.
Не е дека она ќе се натпреварува со нив.
Дури ја споредуваа со Роналдо и друг тип на фудбалери.
А споредбата треба да биде со други судии и дали она како жена може да биде добар фудбалски судија.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.256
Поени од реакции
113.208
Овде станува збор дали обврските на СУДИЈА може да ги обавува женско, без разлика дали на машки или женски фудбал.
Тука лежи поентата, и не гледам зашто она како женско не би можела да биде добар судија.
Јас не сум од тие кои викаат дека фудбалот е машки спорт, затоа давав примери со други спортови.

Околу цитираново, баш тоа ми е поентата. Јас не велам дека жените не знаат да судат, дека не знаат правила, него дали физички ќе може да го издржат темпото на мечевите без да доцнат и да носат лоши одлуки поради лошо позиционирање и слично. Ако ова се покаже дека не е проблем немам апсолутно ништо против да биде женско судијата.

Муабетите за тоа дека женско судија ќе немало авторитет, дека немало дс има контрола над мечот не ги коментирам, излишни се.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.507
Поени од реакции
22.144
Ima povekje pricini zosto nema/lo zeni sudijki kaj mazite, ne e samo edna edinstvena:

- Pred nekolku godini nezamislivo bese zena da sudi kaj mazi, ne bese ni forsirano ni ke bese taka lesno prifateno. Odnosno, ke imase golemi diskusii koga i denes ima, i za da se izbegne toa polesno e da se stavi maz.
- Celiot proces koj treba da se vrvi za da stanes profi-sudija: Ima vrska vremenskiot faktor. Ako gi prasate denesnite sudii koga pocnale, toa e vekje vo najmladi godini. Ili se zanimavaa so fudbal kako igraci ili imale nekoj interes. Pa imaat decenisko iskustvo zad sebe. Zenskive sudii pokasno se pojavuvaat, sto e normalno, fudbalot e seuste maski sport a da bides sudija kako zensko uste tolku e retko. So toa avtomatski imas mnogu povekje maski sudii od senski i so ogled na toa sto ima mnogu mnogu pomalku zenski timovi/klubovi vo fudbalot prema maski go zgolemuva efektot.
- Razlikata vo nivoto na maski i zenski profesionalen fudbal. Maskiot fudbal e pobrz, podinamicen, ima povekje teski situacii, ima povekje pari i so toa pritisok i odgovornost. I da si sudijka vo nekoja prva zenska liga ne znaci deka mozes taka lesno da sudis prof. fudbal kaj mazite.
- Karakterni aspekti: Polesno e kako maz sudija i verbalno da im se sprotivstavis na fudbaleri nego kako zena. Treab eptem da si tip kako Steinhaus, koja inace e policajka i nema problemi da dava otpor, zenite ne se tolku uceni ama i karakterno izgradeni, da davaat otpor kon horda mazi koja e besna :D
- Ako edvaj prifatime zena da sudi prva liga ili LS, sto mislite sto bi se desilo niz amaterskite ligi vo drzavive ako sudi zena? Agresivnosta i prema sudii e daleku pogolema, ne se zastiteni, toa mazi se odkazuvaat a ne pak zeni. Od druga strana ne moze zena da sudi kaj prof. fudbaleri bez da ima pominato kako sudijka kaj maski timovi barem vo povisokite amaterski klasi.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.387
Поени од реакции
85.319
Единствена причина зошто некој да се буни за ова е уствари ако "судијката" испадне Том Хенинг Овербо со перика и силикони :toe: :toe: :toe:
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.080
Поени од реакции
25.078
Околу цитираново, баш тоа ми е поентата. Јас не велам дека жените не знаат да судат, дека не знаат правила, него дали физички ќе може да го издржат темпото на мечевите без да доцнат и да носат лоши одлуки поради лошо позиционирање и слично. Ако ова се покаже дека не е проблем немам апсолутно ништо против да биде женско судијата.
Па очигледно може.
Не е дека ќе и биде ова прв натпревар во кариерара, девојката има цело CV позади неа како судија.
Редовен судија во француско првенство, судела меч Супер Куп.
Очигледно е добра во работата и време е да ја наградат со нешто поголемо и и даваат да суди натпревар од ЛШ.
Значи не е дека и е прв натпревар во МАШКИ ФУДБАЛ, па за да се крева фама дали физички ќе биде спремна и ќе се снајде.
Преку 50 натпревари има судено на машки фудбал (ја фрлам бројкава колку за поента) што значи се снашла, факт е тоа, ја бива, затоа и и даваат ЛШ да суди, а не бидејќи е жена.
Не е дека до вчера судела на жени и преку ноќ и даваат на мажи да суди па да се сомневаме како ќе се снајде.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Па и аргументов дека физички не ќе можела да ги прати фудбалериве, мислиш 90 минути спринтови маваат напред-назад, па кутрата нема да може да издржи..
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Па и аргументов дека физички не ќе можела да ги прати фудбалериве, мислиш 90 минути спринтови маваат напред-назад, па кутрата нема да може да издржи..
Што еве и да маваат спринтови 90 мин, збори мислиш он лично и праел припреми и тестови, па едноставно знаел.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.589
Бреј што дискусија се развила за скоро па небитна работа. Голема работа ако суди жена. Кога веќе е професионалец и има искуство во Франција зошто да не? Не бива финале ќе суди. Ќе суди небитен меч кој освен навивачи на Јуве никој нема да го гледа. Ако не се покаже добро сигурно нема пак да суди во догледно време.

Туку вечер што да се гледа, Ливерпул или Атлетико?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.277
Поени од реакции
18.437
Бреј што дискусија се развила за скоро па небитна работа. Голема работа ако суди жена. Кога веќе е професионалец и има искуство во Франција зошто да не? Не бива финале ќе суди. Ќе суди небитен меч кој освен навивачи на Јуве никој нема да го гледа. Ако не се покаже добро сигурно нема пак да суди во догледно време.

Туку вечер што да се гледа, Ливерпул или Атлетико?
Какво е ова прашање побогу, ќе ти пишам минус, кога игра Шпанска екипа се знај шо ќе гледаш :)
Автоматски споено мислење:

Ајде некој збор два да кажат за вечерашниот дуел Атлетико Баерн, гледам неколку играчи нема да играат за Германците, еден од нив е Лева, со оглед дека првото место им е загарантирано па нема што да се замараат, добива Атлетико тука рутински а и нерешен резултат не е лошо
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.562
Поени од реакции
5.606
Спортот е поделен, судењето не е поделено. Во Англија имаш линиски судија жена веќе неколку години и е една од подобрите, мува не и прелетува. На почеток сите јадеа гомна вововоогог жена у машки спорт а сега сите ја фалат.

Нека и се даде шанса, може ќе биде најдобра и тоа ќе повлече и други жени, што можеби па нив нема да ги бива ама ќе видиме.
нека и се даде бе брат, ама убаво си кажа ти - Линиски судија. За главен судија треба многу повеќе него за линиски.



Збориме за судија овде, не за учесник во екипа. Од каде заклучи па ти ова дека е непотребно мешање, по кој основ, член си на УЕФА/ФИФА, медицинско лице си што се занимава со плиометрија или? Шон Мејси во Премиер лига сезони наназад гледа офсајди кои од ВАР собана по 5 пати ги премеруваат и сега според логиката на некој си xxixka од Кајгана форум не треба да суди во ПЛ (и со тоа девојката да зема поголема плата зошто нели ја бива) само затоа што не требало да се мешаат спортовите :icon_lol: Не се мешаат спортовите, спијте мирно, збориме овде за официјално лице.
Јас и ти мислам дека за ништо до сеа не сме се сложиле, сепак морам да кажам дека нај уживање ми се дискусиите со тебе :D

Вака сеа, судија како професија е баш унисекс. Како и секоја друга професија. Фудбалот е и машки и женски спорт.
Разлика од линиски судија до главен судија има, и тоа голема. Женскиот фудбал (којшто не знам дали 30% од подфорум фудбал го прати) е доста поразличен од машкиот фудбал. Физички помала спремност бара ако споредиме.
Главниот судија, покрај авторитет (што верувам дека ќе го има, полот тука не ми игра улога - сепак судија е) треба да има и физичка спремност. Јас само за тоа сум скептик.
Прашањето е дали и за маж судија и за жена судија се бара иста спремност. Како што знам во ракометот не се бара иста физичка спремност, за фудбалот не можам да тврдам но претпоставувам.

И за крај, мислам дека далеку оф топик забегав извинете,
Коментарот што го дадов ми беше дека сосем непотребно се форсира тоа „жена“. И на толку постови тука не видов едно асално објаснување зашто баш жена се става да суди ЛШ меч, зашто тоа толку се потенцира и се дига фама.
И да, што спомна за линискиот судија во ПЛ, ненормално добро си ја работи работата, око соколово, секоја чест. Камо повеќе судии да беа ко неа и пред ВАР системот. Јас воопшто немам проблем да гледам жени, напротив кое машко би имало нешто против, тука е малце друг муабетот. Само скептик сум за нејзината физичка спремност и како ќе може да се носи на физички план, на сите ни е јасно дека исто како што мажите се супериорни во некој работи така и жените се супериорни во други.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.589
Какво е ова прашање побогу, ќе ти пишам минус, кога игра Шпанска екипа се знај шо ќе гледаш :)
Да ама нели Ајакс ни се побратими па треба да ги испоштуваме во битни моменти. :D Башка ми мириса дека таму ќе има многу голови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom