UEFA Champions League 2017/18

Статус
Затворена за нови мислења.

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
На денот кога почнува новата сезона, да се потсетиме на еден од најхеројските натпревари изиграни во ЛШ.


Ќе си цитирам еден пост за натпреварот кој го пишав пред некоја година...

Уф, гледав сега на Челзи ТВ против Барса дуели низ годините ваљда даваа. Уште не ми се верува што се случи на гостувањето 2012. Како успеаа да изиграат таков натпревар, секоја чест.

Почнуваш со Тери и Кејхил во одбрана, знаеш дека противникот ќе напаѓа цело време зошто мора да даде гол, знаеш дека мора да се откажеш од посед на топка и само да чекаш некоја грешка за да ти се отвори шанса да истрчаш накај противничкиот гол. Што значи дека се подготвува во главно одбраната, со Иванович, Кејхил, Тери и Кол. И што се случува. Почнуваат, Барса одма притиска и уште на почетокот Кејхил се повредува и мора да излезе. Влегува Босингва и одма мора да се менува се, сега Бане и Тери во одбрана. Барса одма го користи тоа и дава гол. Си викаш ајде има надеж, ќе издржат некако и... Тери прави глуп фаул и остануваме со 10 играчи. Едвај се држат некако со 11, а сега треба со 10 да се игра. Сите подготовки за натпреварот паѓаат во вода и мора во моментот да се смисли нешто за да се издржи. Во одбрана Босингва, Иванович, Кол. Треба еден саат да играш на Камп Ноу, против доминантна Барселона која те притиска цело време во свој шеснаесетник. Даваат и втор гол и тука веќе губиш надеж, се молиш само да не не наполнат. И таман си викаш еве го полувреме дојде, да земат душа малце и ЛАМПАРД му одзима топка на Меси, Рамирес го уклучува моторот и трча напред, а ЛАМПАРД брилијантно му пушта топка во простор, и Рамирес лоб над Валдес за да му донесе на Челзи гол со кој може да оди понатаму баш пред паузата. Второ полувреме продолжува притисокот на Барса, одбројуваш секунди и се молиш да не направат ниедна грешка во одбрана, и што се случува, пенал. Пенал за кој лично Фабрегас после му има признаено на Дрогба дека не бил пенал. Застанува големиот Меси да го изведе и си викаш е сега готово е, мораше ли нешто вакво да се случи, и на крај овој мава пречка. Добро е, има уште шанса, ќе издржиме. Проаѓаат минутите, Барса се по нервозно напаѓа, Пеп почнува да се поти на клупа и го соблака палтото, за на крај Торес за среќа да ја исгуби топката и да остане понапред од сите други играчи, за кога Кол ќе ја избаци што е можно подалеку да го најде Торес кој има празен терен пред него и само Валдес на другата страна. Го гледаш како трча, трча, трча, трча, како никако да неможе да стигне до голот за на крај да си пројде покрај Валдес и мирно да ја подаде топката во гол со што го осигурува пласманот во финале на ЛШ. Овој гол го имам гледано буквално над 100 пати и секој пат одма цел се наежувам, неможе да се опише тоа чувство тогаш.

И после спомнуваа автобуси и лоша игра од Челзи. Нема да го разберам ова стварно. Да играш 60 минути со играч помалце на Камп Ноу, против Барселона, прогласена од многумина за најдобриот тим и да губиш 2-0 за на крај да заврши 2-2. Незнам како некој може да си даде за право да го критикува Челзи.

Е тоа сакав да си кажам :D
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.631
Поени од реакции
10.350
На денот кога почнува новата сезона, да се потсетиме на еден од најхеројските натпревари изиграни во ЛШ.


Ќе си цитирам еден пост за натпреварот кој го пишав пред некоја година...
Херојски за фанови на антифудбалски екипи ко тебе да.. За секој останат кукавички.. 2012 ЛШ на Челзи не треба ни да се рачуна
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.375
Поени од реакции
86.706
Марсело Залајета бајовци мои, какви Териевци, Кејхиловци, Лампардовци и пичкесиматерине...

:blablab:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Oвој натпревар според мене е најдобар и највозбудлив што го имам гледано во ЛШ заедно со Челзи-Ливерпул 4-4..прав Германски run and gun фудбал без респект спрема противникот..најквалитетното и најизедначеното финале ,се искинаа на теренот како што доликува на две Германски екипи.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.631
Поени од реакции
10.350
Е овде фудбал игравте

Наредна сезона го ископавте теренот, Дел Орно му искрши кичмата на Меси, специјалниот купи специјалист Буларуж да го чува (искасапи) Роналдињо.. 2009 и 2012 нема шо да се коментира такви бункери во втора светска немало.. Овребо беше карма за кукавиштвото.. Се надевам пак за брзо ќе ви се деси
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
Е овде фудбал игравте

Наредна сезона го ископавте теренот, Дел Орно му искрши кичмата на Меси, специјалниот купи специјалист Буларуж да го чува (искасапи) Роналдињо.. 2009 и 2012 нема шо да се коментира такви бункери во втора светска немало.. Овребо беше карма за кукавиштвото.. Се надевам пак за брзо ќе ви се деси
:pos::pos:

Каков грев си човеку. Али добро, само фанови на таков клуб полн со плачковци може да се радуваат на такви прелази и титули добиени поради судиска помош, а од друга страна покажување карактер, организација и машка игра да го сметаат за срамно.

Пак сакал да се случи најсрамното судење во историјата на фудбалот :sramezliv:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
A го лајкавте летово кога пишуваше за Лукаку, трпете си го сега :blablab:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Oвој натпревар според мене е најдобар и највозбудлив што го имам гледано во ЛШ заедно со Челзи-Ливерпул 4-4..прав Германски run and gun фудбал без респект спрема противникот..најквалитетното и најизедначеното финале ,се искинаа на теренот како што доликува на две Германски екипи.
Еве ти англиски run & gun, Волкот како ни искина пола тим и асистираше за гол на Адебајор. После тоа, ладен туш :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom