Фан Клуб: Челзи

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Само што ке наполни 18 години, Бертранд Траоре ќе потпише договор со Челзи и одма ќе отиде на позајмица во Витесе.
Можда е паднало договор за Гинкел да го земеме без пари, а ние сите младичи на позајмица во Витесе да ги праќаме :D :D
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.086
Поени од реакции
2.030
Попара бе бато.
Го јадевме саглам од Тотенхем, многу слабо играа со оглед дека 80% од играчите лани одлично играа на турнирот нексген. Денеска дали не им беше денот кој знае.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.731
Уф, гледав сега на Челзи ТВ против Барса дуели низ годините ваљда даваа. Уште не ми се верува што се случи на гостувањето 2012. Како успеаа да изиграат таков натпревар, секоја чест.


Почнуваш со Тери и Кејхил во одбрана, знаеш дека противникот ќе напаѓа цело време зошто мора да даде гол, знаеш дека мора да се откажеш од посед на топка и само да чекаш некоја грешка за да ти се отвори шанса да истрчаш накај противничкиот гол. Што значи дека се подготвува во главно одбраната, со Иванович, Кејхил, Тери и Кол. И што се случува. Почнуваат, Барса одма притиска и уште на почетокот Кејхил се повредува и мора да излезе. Влегува Босингва и одма мора да се менува се, сега Бане и Тери во одбрана. Барса одма го користи тоа и дава гол. Си викаш ајде има надеж, ќе издржат некако и... Тери прави глуп фаул и остануваме со 10 играчи. Едвај се држат некако со 11, а сега треба со 10 да се игра. Сите подготовки за натпреварот паѓаат во вода и мора во моментот да се смисли нешто за да се издржи. Во одбрана Босингва, Иванович, Кол. Треба еден саат да играш на Камп Ноу, против доминантна Барселона која те притиска цело време во свој шеснаесетник. Даваат и втор гол и тука веќе губиш надеж, се молиш само да не не наполнат. И таман си викаш еве го полувреме дојде, да земат душа малце и ЛАМПАРД му одзима топка на Меси, Рамирес го уклучува моторот и трча напред, а ЛАМПАРД брилијантно му пушта топка во простор, и Рамирес лоб над Валдес за да му донесе на Челзи гол со кој може да оди понатаму баш пред паузата. Второ полувреме продолжува притисокот на Барса, одбројуваш секунди и се молиш да не направат ниедна грешка во одбрана, и што се случува, пенал. Пенал за кој лично Фабрегас после му има признаено на Дрогба дека не бил пенал. Застанува големиот Меси да го изведе и си викаш е сега готово е, мораше ли нешто вакво да се случи, и на крај овој мава пречка. Добро е, има уште шанса, ќе издржиме. Проаѓаат минутите, Барса се по нервозно напаѓа, Пеп почнува да се поти на клупа и го соблака палтото, за на крај Торес за среќа да ја исгуби топката и да остане понапред од сите други играчи, за кога Кол ќе ја избаци што е можно подалеку да го најде Торес кој има празен терен пред него и само Валдес на другата страна. Го гледаш како трча, трча, трча, трча, како никако да неможе да стигне до голот за на крај да си пројде покрај Валдес и мирно да ја подаде топката во гол со што го осигурува пласманот во финале на ЛШ. Овој гол го имам гледано буквално над 100 пати и секој пат одма цел се наежувам, неможе да се опише тоа чувство тогаш.

И после спомнуваа автобуси и лоша игра од Челзи. Нема да го разберам ова стварно. Да играш 60 минути со играч помалце на Камп Ноу, против Барселона, прогласена од многумина за најдобриот тим и да губиш 2-0 за на крај да заврши 2-2. Незнам како некој може да си даде за право да го критикува Челзи.

Е тоа сакав да си кажам :D
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Член од
21 јули 2011
Мислења
1.339
Поени од реакции
3.202
Зашто вакви носталгични реферати вака касно ... ќе треба да ги пуштам утакмиците да ги гледам пак у 1 навечер ... нема смисла :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Сакам да направат некое ДВД или некоја подолга емисија за ривалитетот Барса-Челзи.
Според мене еден (ако не е и нај) од најголемите ривалитети на 21виот век.

Баерн направиле филмче за последнава сезона што малце ми е криво што и ние не го направивме кога освоивме ЛШ ама добро они се утепаа од освојување титули така да оправдано е.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
870
Забележавте кој е судија? :)
Cakir :D
--- надополнето: 10 август 2013 во 02:07 ---
Кога Тери доби црвен и Барса даде 2 гола у себе си викам,толку,нема финале.Ама Рамче кога го даде голот знаев дека Челзи иде понатаму,а и дека ке освои ЛШ. :)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Донев кога го примавме вториот гол, си помислив дека ќе примаме уште минимум 3 и мислев да одам да си легнам, ама останах и на крајо ќе скршех стаклото на масата oд среќа:D
 
H

HoT IcE

Гостин
Ја у финале против Баерн плачев ко дете, а бев на роденден у летна башча у кафана, не се мрднав од пред ТВ и заедно со еден од келнерите плачевме кога освоивме, овај заеба и работа, и ајнцер, све фрли и рипа по кафана. priceless.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Кога веќе зборите за нервозите што сте ги доживеале во реваншот со Барса замислете дека ја имате уплатено сигнл Челзи оди понатаму за солидна сума, сте натерале другар да ве прати во синглот, тимот ти прима 2 гола, добива црвен картон, другарот не бил во состојба да го гледа мечот и после 2-0 за Барса и црвен за Челзи ви ѕвони и ве прашува како иде утакмицата и дали ќе испадне добитно ливчето..

За среќа додека зборев и објаснував дека подобро би му било да се прости со парите Рамче даде гол па се тоа беше небитно :D
--- надополнето: 10 август 2013 во 03:56 ---
Carlitob Добар аватар :icon_mrgr:
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Ја у финале против Баерн плачев ко дете, а бев на роденден у летна башча у кафана, не се мрднав од пред ТВ и заедно со еден од келнерите плачевме кога освоивме, овај заеба и работа, и ајнцер, све фрли и рипа по кафана. priceless.
И јас бев на роденден тај ден, ама ебати родендено јас погледо не тргнав од телевизоро, а имаше и ногу у кафичот што плукаа по Челзи, за малку и ќе се степав да не ме спречеше другарот...
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Е час против Рома мора да ја гледам, онајпат заспах, ама сега нема. Мислам дека утакмицата е од 02:00, пренос пак нема, ќе дадеме овде некои линкови :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom