UEFA Champions League 2017/18

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.799
Мислам се потепавте сите навивачи на Милан и Интер да се спомнете од што одамна немате осетено ваква утакмица.
Далеку е ова од карма, бидејки Јуве не испадна ради судиска грешка. Можеше и да не го досуди и пак ќе беше судијата во право меѓутоа не е дека пеналот од џеб го извади.
И на Буфон црвениот ништо не смени за пензионирањето , не може секоја кариера ко на филм да заврши. Можда он ни е малерот за ЛШ:icon_lol:
Види јас не негирам дека Јуве беше одличен вечерва и дека е еден од подобрите тимови во ЛШ у задњи 3-4 години само си коментирам дека мене лично поради низа случувања во минатото ми е исклучително мило како најверојатно Буфон ќе ја заврши ЛШ кариерата.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
svarno be smeese li ramos da sedi na klupa? primer vo 3 MFL pred natprevar se pravi zapisnik na koj vleguvaat pocetniot sostav rezervnite igraci i oficijalnite lica ,mene mi se desilo da delegatot po baranje na protivnicka ekipa da ne legitimira site i ako s najdese lice koe ne e na zapisnikot vednas bese izbrkano od klupata , e sea veze nemam dali ima kazni i propozicii za ova vo ls i kakva e procedurata
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
ч

Инаку интераши и миланези која брука сте. Ај ние да ви критикуваме, ама фанови на Арсенал, Барса, Реал и сите други ви велат дека сте очајни, срамни, одете жими се закопајте се некаде :sramezliv:
Двојните стандарди денеска ви го допреа врвот. Некни за пеналот над Игуаин против Беневенто велите дека нема пенал бидејќи Игуаин ја наместил ногата да го удрат и прелесно паднал. Денеска Васкез прелесно паѓа, делите морал чист пенал, не знам што и како. Одлучете се или така или вака. На овој начин џабе ви е се.
Со оглед на тоа дека за иста ситуација за пенал менуваш мислење секое коло во зависност од тоа како му одговара на Јуве, и после дефиниција за растојание од едно метро од рака до топка (или како и да беше) најмалку си компетентен за да објаснуваш што е пенал.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.165
Поени од реакции
11.294
Абе вие на вакви чисти пенали се умревте од жалопојки,замисли нас како ни е кога ви свират пенали како против беневенто?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
Абе вие на вакви чисти пенали се умревте од жалопојки,замисли нас како ни е кога ви свират пенали како против беневенто?
Ама што ви е гајле на вас кога сте осми на табела? Оштетени да не сте со пеналот на Јуве против Беневенто?
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Едноставно е. Настанот беше на само 1-2 метри од голот.(еден битен факт) Васкез беше позициониран пред Бенатија (друга многу битна работа). Васкез осети присуство зад него и знаејќи дека се наоѓа во поповолна состојба се намести за да изнуди контакт. Контактот дојде, можеби не се јак интензитет ама доволно за да падне овој. Во ваква ситуација никој не може да го обвини судијата што технички досуди пенал. Гледајќи изолирано на настанот, според мене судијата имаше право. Пак моја гледна точка, ваков ист настан да се случи на 10-15 метри од голот и со играчи измеѓу настанот и голот мислам дека судијата (за било која екипа) нема ни да помисли да свирне нешто.
тоа е тоа што некои не можат да го сфатат..
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.755
Поени од реакции
11.707
слушајте пажливо, тие што знаете англиски...




Горе/доле, сите се согласуваат дека е пенал, затоа што Васкез е во ситуација на неколку метра од голот, каде треба само да ја чепне топката за да даде гол, а идиотот од позади го бутка со раце, и му мава колено по ребра, без притоа да ја допре токата или да ја исфрли од 16... на 4-5 метра од голот некој да те собори на тој начин, не може а да не свирне пенал...

тоа е тоа..помирете се со тој факт...
Сите освен легендарниот Итуралде. :cool:
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Сигурно, затоа вие ќе не тешевте и за нас ќе навивавте, уреду е она олицетворение на гомно Ивица организираше собиранки со фанови на Челзи и Барса во 2010, и очигледно не ти е јасно дека не радува начинот на кој испаднавте, ни 0-3 во Торино ни 10 - 0 пораз немаше да ме израдува како ова, класично подмукло, мучко, педерско и незаслужено, типично Јувенташки.
Океј друже радувај се што да ти кажам.Никад не сум навивал за Интер и тотално ми било сеедно и кога тепале и кога губеле.Али никад во годините кога Јуве бил најутепан и завршувал на 7-8 место не сум можел да заебавам некој фан на екипа која игра во ЛШ.Да му умре козата на комшијата муабет,а клубот ти тоне во гомна и нема видено ЛШ со години е нешто најдно.Ова во Италија е типично за фановите на тимчиња ко Наполи што чекаат нова година на плоштад кога Јуве вака ќе испадне во полуфинале,а нив ги шљакаат уште по групи.Да не зборам што сезонава реално ни Јуве нит било која друга екипа не добила поклон бодови како они во Серија А.

Нема везе,да тепаше Јуве вака ко Реал денес, муабетите ќе ви беа,ете местачи истото го праат и во Серија А,затоа не можат други екипи титула да земат(нема везе што во годиниве двоцифрена била разликата од вториот).Сеа кога изгубија било карма пошто и они вака тепале незаслужено во калчото.А ако изгубеа најрегуларно денеска муабетот ќе беше дека судиите не се купувале во ЛШ и затоа не можат да освојат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.721
Поени од реакции
110.844
Двојните стандарди денеска ви го допреа врвот. Некни за пеналот над Игуаин против Беневенто велите дека нема пенал бидејќи Игуаин ја наместил ногата да го удрат и прелесно паднал. Денеска Васкез прелесно паѓа, делите морал чист пенал, не знам што и како. Одлучете се или така или вака. На овој начин џабе ви е се.
Не, вие одлучете се. Она со Беневенто (кое патем е еден од дузината примери) било чист пенал, ИМАЛО основа за такво нешто, а ова од Васкез не е затоа што било во 93 минута. :pos::pos: Од првата повторена снимка и мене ми се виде дека не е пенал, ама подоцна кога дадоа повеќе кадри одма се примети дека е чист пенал, најсериозно без грам омраза или обид за тролање го кажувам ова. На 2 метри од голот беше Васкез, Бенатија му влага од позади, чист пенал како солза, каки курац упропастување утакмици какви бакрачи... Многу глуп изговор е тоа дека ако е крај на меч не треба да се свири нешто, што вика Нињо ај ако не ракомет нека играат после 90-та минута затоа што е крај на мечот па да не расипуваат игра... Ова не е ни дискутабилна ситуација, ова е чист пенал проследен со еден тон лигушење од стандардните душебрижници во дресот на Јуве, Маџукиќ, Буфон, нослено Киелини и свињата аргентинска. Па уште зошто црвен?? Кој си бе ти фудбалски џентлмену Буфон?? КОЈ СИ? Значи да бев судија сите 10 фудбалери што му се убација у фаца ќе ги исклучев :icon_lol: Капа доле за Оливер, перфектно ја отсуде утакмицата, а инаку важи за неавторитетен судија во Англија и склон е на судење глупости.

И пак да се вратам на големиот џентлмен Буфон, среќна пензија мајсторе, зеро титули у ЛШ и милион солзи. :kuracc: За тие што не знаат проверете какви изјави има давано гомново препотентно, нарочито за гол ди Мунтари. Ете ти сеа гол ди Мунтари, кармата е кучка. :icon_lol:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.019
Поени од реакции
17.866
Види јас не негирам дека Јуве беше одличен вечерва и дека е еден од подобрите тимови во ЛШ у задњи 3-4 години само си коментирам дека мене лично поради низа случувања во минатото ми е исклучително мило како најверојатно Буфон ќе ја заврши ЛШ кариерата.
Тоа ми е муабетот, идеално ќе беше да ја заврши кариерата со освоена ЛШ меѓутоа и вака ја завршува со лично за мене добра утакмица. Црвениов на крај ништо не мења. Замисли последна утакмица да му беше претходната, или да имаше дебакл ко Џерард со лизгањето.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.337
Чист пенал, играч пред него го отурнува со раце а послем и старт каде што не ни ја зафати топката.

Втора работа, да бидеш судија е многу неблагодарна работа. Никој не те цени, секогаш ќе бидеш плукан. Да не досудеше пенал пак ќе беше колнат од другата половина. Да не покажеше црвен ќе беше глеј го нема авторитет му се дерат во фаца. Судија никогаш нема да биде сакана личност.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.126
Поени од реакции
18.032
Со оглед на тоа дека за иста ситуација за пенал менуваш мислење секое коло во зависност од тоа како му одговара на Јуве, и после дефиниција за растојание од едно метро од рака до топка (или како и да беше) најмалку си компетентен за да објаснуваш што е пенал.
Со оглед на тоа што моето објаснување (дека дистанцата е фактор при тоа дали игра со рака е пенал или не) е дел од правилата во фудбалот и еден од критериумите за одлучување, а ти се исмеваш со тоа, би се запрашал за тоа кој, за што е компетентен.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
Тоа ми е муабетот, идеално ќе беше да ја заврши кариерата со освоена ЛШ меѓутоа и вака ја завршува со лично за мене добра утакмица. Црвениов на крај ништо не мења. Замисли последна утакмица да му беше претходната, или да имаше дебакл ко Џерард со лизгањето.
Друга работа е што големината на играч не ја одредуваат трофеите во ЛШ. Дабарот Роналдо нема титула па пак многумина го сметаат за најдобар напаѓач. Еве овој Навас од Реал што личи на Стојан од пред кооперација има неколку титули па тоа не го става ни во најтесен избор за најдобри голмани во историјата.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.859
Поени од реакции
17.718
Роналдо вели дека пеналот бил чист.

-Пеналот беше чист. Не разбирам зошто протестираа, стартуваше врз Лукас од зад грб, доколку немаше пенал, Вазкез ќе постигнеше гол. Моментите пред да го изведам пеналот беа како цела вечност. Срцето ми чукаше се побрзо, но останав смирен. Му благодарам на Бог што погодив и се пласиравме во полуфинале, изјави Роналдо.
Готово чим вика Роналдо чист значи чист, гаснете интернетот крај на дебатата


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom