UEFA Champions League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
ТОа на мота ако ти било тебе за картон,нема што муабет да правиме повеќе.Па се отепаа од дупење по интернетов со глумата на бускетс каде што ѕирка низ прсти ти оправдан картонот ми велиш бил.

Тоа што Бускетс ѕиркаше и што го дупеа не го менува фактот дека Мота со рака у фаца му се даде. Али добро, ако за тебе не е тоа за жолт ондак ок.
 
Ајде еве декa ти јa пoстнa стaтистикaвa, верoјaтнo си ги гледaл сите тие нaтпревaри кoгa прoтивникoт нa Бaрсa дoбил црвен.

Кoи спoред тебе се незaслужени? Oсвен еве пoвеќетo ќе се слoжaт зa тoј нa Перси.
На Перси
На Мота
На Пепе
На Торес
Па и на Клиши на што личеше тоа од Алвес...

Другите освен на Жунињо пошто не ми текнува на таа утакмица си беа црвени..
 
Јас мислам спротовно, двата старови беа за жолт картон, но судијата можеше да има малку осет за играта и да не му даде вториот. Да немаше жолт картон Торес никој немаше ништо да каже ако судијата му покажеше жолт картон за вториот старт. Мислам дека судијата пресуди по правила, но без фудбалски осет.
Епа тоа е целиот муабет бе. Судијата треба да има и осет за важност на утакмица, не само да мавта со картони. Ако за вакви стартови (вкупно три, а за два му даде жут) судиеве даваа картони, на секоја утакмица би требало да има по минимум 4 црвени. Што ре најлошо, не пројде ни минута а Бускетс напрае и погруб прекршок од тој на Торес а не му даде ништо.

И никој не вика дека судијата намерно и помогнал на Барса. Само факт е дека многу полесно судиете ваѓаа црвени на противниците на Барса отколку на нив. Па куров ќе го исечем ако за вакви стартови му даде црвен на Меси.
Али овја одма се фатија као "мадриѓаниве сера заради комплекси" и не знам какви глупости.
Па уште цел свет признал дека имало црвен картон, а тој ништо друго нема прочитано освен фан клубои на Барса на фб и форумов.
 
Бла блаблаблаблаблабла БЛА БЛА БЛА БЛА БЛАБЛАБЛА , само тоа прочитав.

Суарез е иначе пратен од Катар , се крие зад фирма шо е направена да изгледа како спонзор и цела порака шо ја праќа преку фудбалот е дека тие шеиците таму можат да гризат по цел свет , без никакви последици врз нив. Шо мислиш Суарез туку така на своја рака гризна 3 пати у кариерата? Затоа не го санкционираше клоцањето , се беше у договор со германецот кој патем неговата жена е ќерка на некој батлер на главниот шеик. Се тоа иде по послаби врски , никако директно од врвот.

А според мои информации еве само што пристигнаа , Бускетс намерно ја пропуштил топката и не ја сопрел убаво , да му потскокне, и Торес да се подлаже да се затрча , и да се забоде во него за да добие црвен. Викаат дека воопшто и немало контакт , се било тоа режирано за пар секунди во генијалната глава на Серхио Бускетс , кој патем е обучуван во Warner Bros за вакви ситуации. Да изглумиш ваков судир , да заебеш 50 камери низ цел стадион , и на крајот да добиеш играч повеќе за твојот тим и да испаднеш жртва? Бускетс и после завршувањето на кариерата најверојатно ќе биде двојник во холивудски акциони филмови , ќе заменува главни глумци да не се сокршат во некоја сцена. Лично ДиКаприо му се јавил пред снимањето на Revenant , да го праша како да и одглуми на мечката дека е мртов.

И сето тоа беше убаво додека се криевме под фондацијата на УНИЦЕФ. Изгледавме како светици. :(:( Сега со овие катарците цел свет не мрази , се излезе на виделина. Најверојатно и ќе ни зимаат титули на ЛШ на зелена маса.
Дечко па сам ми рециплираше со "која арогантност бе момак?" дај не се бламирај не си смешен.
 
На Перси
На Мота
На Пепе
На Торес
Па и на Клиши на што личеше тоа од Алвес...

Другите освен на Жунињо пошто не ми текнува на таа утакмица си беа црвени..

Само на Мота и на Перси беа горе долу незаслужени..другите си се чисти црвени(жолти) картони..не знам ти кој спорт го гледаш...и која е логиката со ова?..демек само против Барселона екипите добиваат црвени картони?..па Барселона е медиумски најистакнат тим заедно со Реал и Баерн па нормално дека кај нив најмногу се гледа на овие работи..

А кога во 2013 Баерн Минхен победи 4-0 првите три гола беа нерегуларни па никој тогаш не се сеќавам да пиша како тоа Барса е оштетена..па ајде што беше оштетена туку Баерн хокеј буквално играше наместо фудбал..Мартинез му ја изнаеба мамицата на Иниеста па никому ништо..ама Баерн беше толку доминантен а Барса отепана во тој период па никој не обврна внимание за тоа..

Сега исто..ми го спомнуваш црвениот на Клиши а Сити кутрите неможеа топка да фатат,како за грев беа против Барселона и досега се со 100% учинок против нив..4 порази од 4 натпревари
 
Дечко па сам ми рециплираше со "која арогантност бе момак?" дај не се бламирај не си смешен.

Како што реков, нема победа на Барса да не е негирана на било кој начин од дежурни плачипички на форумот. Од Кадиз у трета лига , до финале на ЛШ против било кој. Нонстоп се наоѓа било каква дамка за да се оцрни успехот од фрустрирани фанови на клубови кои пателе од Барса. Можда ти не пратиш шпанско и гледаш пар утакмици на Барса во една сезона , али ние што пратиме нонстоп знаеме дека нема утакмица да не се јадат гомна. Само Барса е фаворизирана , само на Барса и судат непостоечки пенали/офсајди,прекршоци , и само Барса не е оштетена во ниедна прилика.

Некој што не прати фудбал , а ги чита срањава , ќе помисли сопственици на Барса се некои масони од највисок ранг.
 
Џони немој сега и ти за 2013 :pos:

Само едниот гол беше апла нерегуларен, оној боди чекот на Милер или Робен не се сеќавам точно кога имаше фаул во напад. Другите два гола беа дискутабилни ситуации, ама не можеш да кажеш нерегуларни жити се.
 
Инаку, да не се лажеме, овој тим на Барселона е најдобриот тим на светот, и еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот. Најверојатно во топ 3 на сите времиња. Сите овие теории на заговор се тешки глупости.

И не, не навивам за Барса.
 
Инаку, да не се лажеме, овој тим на Барселона е најдобриот тим на светот, и еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот. Најверојатно во топ 3 на сите времиња. Сите овие теории на заговор се тешки глупости.

И не, не навивам за Барса.
Баш ме интересира според тебе кај се наоѓа онај брутален Баерн на Јуп? :)

Јас на пример освен оваа Барса него го сметам за еден од најдобрите бар за најдобрите изданија од еден тим.
 
Баш ме интересира според тебе кај се наоѓа онај брутален Баерн на Јуп? :)

Јас на пример освен оваа Барса него го сметам за еден од најдобрите бар за најдобрите изданија од еден тим.

Веројатно тука некаде. Тој Баерн, оваа Барса, Милан со Гулит, Ван Бастен и Рајкард, некое издание на Реал. Тоа се тие суперквалитетни тимови.
 
Веројатно тука некаде. Тој Баерн, оваа Барса, Милан со Гулит, Ван Бастен и Рајкард, некое издание на Реал. Тоа се тие суперквалитетни тимови.
CIG0tnlWEAAml7S.jpg


? :D
 
Oвој тим на Барселона не е еден од најаките туку најак тим на сите времиња.Нападот е составен од најдобрите играчи на најуспешните репрезентации од Ј.Америка,средината шпански шмек со еден од најдобрите везњаци на ЈУ простори со Модриќ,одбраната Пике стуб,Маскерано терминатор,Дани Алвес најдобар десен бек уште мали Ноер да добие повише на искуство и то је то,чим само два три клуба може реално да им парираат то је то.
 

Екипиште. Штета што не освоија титула. И голема штета за клубот. Но не е овој тим на рамништето на најголемите во историјата. Иако одбраната со Буфон, Канавато, Турам и Торизи е дефинитивно една од најдобрите ever. Заеедно со онаа на Милан, Малдини, Барези, Костакурта, Тасоти.
 
Знаев дека ќе се изначитам вакви работи. Уефалона, судии, заговори... Ме вративте 5-6 години назад, кога ова беше редовен муабет после секој успех на Барса. А во 90% од случаите коментираат исфрустрирани фанови на екипи кои си го добиле од Барса.

Кога веќе го враќаме филмот назад, можам да се согласам само за две-три ситуации. Она на Ван Перси не беше за црвен, на Мота исто беше престрого. Сите други црвени картони беа апсолутно заслужени. А сите подзабораваат ситуации кога Барса била оштетена. Најмногу се ломоти за дуелите со Интер 2010 и Челзи 2009. А сите забораваат дека на Сан Сиро Милито даде гол од километарски офсајд, а беше признат. А за Челзи, Балак на Камп Ноу требаше да добие 3-4 црвени, а не доби. Изгледа требаше да почне да коли со моторна пила за да го исклучат. На Стемфорд точно дека имаше еден недосуден пенал за Челзи (а не 5-6 како што измисли BBC), но пред тоа Абидал беше исклучен без врска. Но никогаш не сум викал дека тука има заговор. Едноставно и судиите се луѓе и прават грешки. Тоа е дел од фудбалот.

Така и за вечерва. Торес си направи глупост и си залужи два жолти. А и 2-1 е реален резултат според играта и шансите. Ќе биде напнат и интересен и реваншот. Реално ништо не е решено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom