Само ќе ви кажам една работа. 2010 јас и цел наш фан клуб бевме 100% сигурни дека поминуваме кога ни се падна Баерн. Башка и во 1/2 финале налетувавме на Бордо-Лион и веќе славевме 3то финале по ред. Реално Манчестер беше подобар од Баерн, а Баерн тогаш баш почна да се издигнува. Арно ама таков е фудбалот, со инвалидот Ивица Олиќ не тепаа. И тоа целосно на среќа и во првиот меч, кога ги водевме, па не тепаа прво со гол на Рибери од слободен, ама го заеба топката ВДС, се одби од некој од живиот ѕид...па после со гол во 90та. На ОТ ги отворивме како паштети за 20 минути 3-0, Олиќ ни даде еден инвалидски гол 45та мислам и после Рафа доби црвен и Робен ни го стегна.
Муабетот ми е, не дека Манчестер ќе помине и не дека Баерн не е фаворит, јас пишав и пред ждрепката дека не го сакам за противник од што се плашам...ама ова е меч на 2 гиганти и е меч од Лига на Шампиони и малце среќа и неумешност на противникот е доволно да го елиминираш фаворитот.
поздрав па се читаме за 12 дена.