Јас еве по три епизоди навистина се мислам дали да ја продолжувам понатаму.
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Морам да признаам дека горе долу се сложувам со коментарите на публиката. Дури и да не стоеше насловот True Detective мислам дека критиката едногласно ќе ја отфрлеше како и претходните две нови серии кои ги лансираше HBO годинава. Можеби понатаму има нешто со што би можело сета оваа приказна да се истакне во позитивно светло, но засега ништо не ме привлекува.
Втората сезона е работена по сличен концепт како оној од првата сезона, но тука многу работи едноставно не функционираат. Како најголема утка ќе ги спомнам ликовите и дијалозите.
Значи имаме 4 лика кои сите као водат тежок живот, имаат еден куп проблеми итн. , но тие ликови едноставно немаат никакква срж, не се прикажани на некаков автентичен или интересен начин за да може да не заинтригираат. Многу се клишеизирани. Друго, нема никаква интеракција, никаква хемија меѓу самите ликови. Фарел и МекАдамсова (од што толку многу не заинтересирале ликовите ете ни имињата не им ги запомнив) во нивните разговори се толку студени, нема ни трошка од оние претходна интеракција меѓу Меконахи и Харелсон дозирани со умерен хумор. Не, овде речиси да се однесуваат како странци.
Е дијалозите, просто ме изненадија и тоа навистина непријатно. Ќе може ли некој да ми објасни кој к*рац им значат фрази од типот: Не мисли на празен стомак, ама не ни јади на празен стомак.
![Претпазлив :cautious: :cautious:](/styles/default/xenforo/smilies/cautious.png)
А да не зборам колку убави зборови се изнаслушавме од ликот на Фарел кој во првата епизода синот го нарече: You little pussy, или кога рече на она дете: If you ever bully anybody, I'll come back and butt-fuck your father with your mom's headless corpse
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Како Пицолато да се трудел секоја реченица да звучи важно, и на крај несвесно и несакајќи звучат токлу смешно што личат на пародија од оние во првата сезона.
Што се однесува до актерите Фарел како Фарел си е стандардно добар, МекАдамсова исто, штета што нема материјал. Aктерот од Savages, ај ако му ги заборавам оние WTF гримаси од првата епизода, може да пројде, али неговата приказна јаоо
![Пукам од смеа! :ROFLMAO: :ROFLMAO:](/styles/default/xenforo/smilies/roflmao.png)
. И за крај господин Винс Вон како што претпоставував така и испадна - дефинитивно не е за овде. Всушност мене одсекогаш ми бил негледлив, а ниту ликот негов не ветува.
Истотака за разлика од прва сезона, овде случајот воопшто не е интригантен, како случај од стандарден CBS процедурал.
И еве да ја оставиме на страна првата сезона (а споредбата секако дека е логична бидејќи се работи за иста серија), вторава сезона како да е непознато во кој правец самата оди. Мене повеќе ми тера накај cop drama, отколку некоја детективска мистери-драма. Ако сакал Пицолато да направи cop-drama нека учи од Southland или The Shield (оваа ја немам гледано но има одлични критики)
Значи да резимирам, не е сега нешто којзнае колку лошо, ама за ХБО стандард, ова е прилично разочарувачки. Пицолато очигледно немал доволно време да развие добра приказна, и затоа само нафрлал се' и сешто и ненамерно испаднало вака. А музиката им е за пофалба секако, иако нумерата од шпицата не ми се допаѓа.
Кога веќе ја спомнав
Саутленд, ако навистина сакате добра коп-драма задолжително погледнете ја. Jас застанав некаде на трета сезона, но сигурно ја продолжувам. Одлична е од многу аспекти: сценарио, ликови, дијалози, сетинг.