Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Планот за трчање ми се сфиѓа.
 
Eве го изгледот на годинешните медали:
ArrBx8WCEAIsgPD.jpg

Еве и мало мотивационо видео :)
 
.... Он и оф како и вообичаено на форумов. Се пријавив и јас, меѓутоа ќе видиме дали и за колку време ќе успеам да стигнам до целта (ма веројатно ќе успеам, ама да не постигнам трчање со брзина oдење при крај :D). Сезонава за трчање ми почна прекасно годинава, пост-колокиумски од април, без некоја мерка точно колку пати и која километража ја истрчував (во главно на кеј). Како и да е, таму ќе бидам :))
 
Полумаратон или 5к? :)

Како и да е, денес заврши пријавувањето за маратонот и полумаратонот.
180 пријавени за маратонот и 370 за полумаратонот. Највисока бројка на учесници до сега! :)

Идам да јадам Чоколино сега, мора да се акумулира енергија за во недела... :)
 
Полумаратонот :)
 
Најлошо е што маратонов се одржува одма откако завршуваат ладните денови кои траат скоро цел април и навикнати сме да трчаме на пониска температура па тоа мајското сонце уништува. Пробајте деновиве истрчајте барем 5-10 км од 10-12 саат негде на сонце па ќе ја согледате разликата. Се надевам на облачно или врнежливо време во недела инаку ќе биде тешко.
 
Денес трчав околу 11 часот и можам да потврдам дека стварно беше тешко. Од друга страна не сакав да префорсирам и истрчав само 5-6 километри.
Моја препорака е да си земете капче и очила за сонце. Се надевам дека ќе биде облачно и јас. Сум трчал на дожд, помалку ми пречел отколку топлово време.
 
ПОВЕЌЕ ОД 3000 УЧЕСНИЦИ ЌЕ ТРЧААТ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН 2012

На Скопскиот маратон 2012, што ќе се одржи во недела на 06 мај, ќе трчаат над 3000 учесници, најмногу до сега откако се одржува оваа спортска манифестација.

Бројот на пријавени е за сите четири трки: маратон 42.195 метри, полумаратон на 21.097 метри, хуманитарна трка на 5000 метри и Детски мини маратон -Чунга лунга.

Стратот на трките е 9 часот кај Плоштадот Пела, а на меѓу елитните натпреварувачи од странство коишто го потврдија своето учество се Вилсон Мели, Патрик Мичеми Вамбугу и Сесеилија Вангуи Варатумо од Кенија, Алексеј Трошкин и Татиана Перепелкина од Русија, Марк Рог од Шпанија, како и тамаш Тот и Каталин Фаркаш од Унгарија. Пријавувањето за хуманитарната трка на 5 км ќе трае до сабота 5 мај, а средствата од котизацијата ќе бидат донирани на Црвениот крст на град Скопје за опремување на центар за бездомници.

- Почетокот на месец мај, како временска одредница, веќе шеста година по ред е од исклучителна важност за нашиот град, за нашата држава. Станува збор за гордоста во нашите спортски активности, Скопскиот Маратон, кој низ изминативе години ја достигна европската и светската афирмација, кој веќе стана препознатлив спортски бренд на Градот Скопје, манифестација која од година в година има се повеќе учесници.

Гордост е за еден градоначалник кога ќе може да истакне дека во неговата држава, во неговиот град, се одржува маратон, кој има интенција наредните години да се вброи меѓу најпознатите во светот, да застане рамо до рамо со еден лондонски, њујоршки, бостонски, белградски... маратон. Да ја пренесе пораката на спортот, на трчањето, на дружењето, на забавата, да им посака добредојде на многубројните гости од целиот свет, достоинствено да го афирмира градот како космополитски и спортски. Сакам да потенцирам дека Градот Скопје, како иницијатор и главен покровител, ја дава својата логистичка и финансиска поддршка од 1.500.000,оо денари, дека секоја наредна година ќе се труди да вложува уште повеќе, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

И градоначалникот на Град Скопје и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазе Поповски повикаа на што поголема масовност за поддршка на оваа спортска Манифестација и нејзина светска афирмација.

- Во името на Агенцијата како традиционален спонзор на една од најголемите спортски манифестации кај нас,сакам да упатам апел до сите рекреативци и спортисти од сите генерации што помасовно да учествуват во годинешниот Скопски маратон, со што уште еднаш ќе покажеме дека ова е една од најголемите спортски нации во Светот, истакна Поповски.

Директорот на трката, Кире Синадиновски , на денешната конференција за медиуми ги истакна деталите околу Скопскиот маратон 2012.

- Наградниот фонд, годинава останува ист како и мината и изнесува 10.500 евра. Мерењето на времето ќе биде со тагови/чипови, секој што ќе ја заврши маратонската или полумаратонската трка на целта, кај портата Македонија, ќе добие медал.

Првопласираните во машка и женска конкуренција ќе земат по 1700 евра, а наградата за соборување на рекордот на патеката е 300 евра. Парични награди се предвидени и за најдобрите македонски натпреварувачи во маратонската трка и тие изнесуваат 300 евра. Во недела на денот на одржување на Скопскиот маратон, низ главните скопски улици, од 08-14 часот ќе има посебен сообраќаен режим , а дел од сообраќајниците ќе бидат и целосно затворени, затоа би сакал на граѓаните на Скопје да им упатам апел да видат толерантни и полни со разбирање. Трчајѓи го Скопскиот маратон, учесниците можат да обезбедат и норма за Олимписките игри во Лондон оваа година, потенцираше Синадиновски.

Покровители на Скопскиот Маратон и оваа година се Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Делегацијата на Европската Унија, а организатори: Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација на Македонија и Атлетски клуб Работнички.
 
Денес трчав околу 11 часот и можам да потврдам дека стварно беше тешко. Од друга страна не сакав да префорсирам и истрчав само 5-6 километри.
Моја препорака е да си земете капче и очила за сонце. Се надевам дека ќе биде облачно и јас. Сум трчал на дожд, помалку ми пречел отколку топлово време.
Ја па се у најжешкото трчам. Може да е тоа шо ми смета шо неможам да истрчам нормално брзо колку што можам?
 
Ја па се у најжешкото трчам. Може да е тоа шо ми смета шо неможам да истрчам нормално брзо колку што можам?
Ајде ако си кандидат за вечер од 20:30 да потрчаме... После тоа ќе одмараме 3 дена.
 
Дали мора да се зима ден порано тој стартен пакет ? не ми се исплаќа 2 дена да одам до Скопје, инаку денеска и утре правам последни тренинзи па ќе видам дали ќе се пријавувам или не.. на мајов заработив повреда на коленото па незнам затоа.
 
Ајде ако си кандидат за вечер од 20:30 да потрчаме... После тоа ќе одмараме 3 дена.
Иам факс работа. Утре планирав да трчам, и после пауза (пошо за 5 не треа нешо многу пауза :D).
 
трчав претходниве денови на планина и осеќам страшна болка во колената од тоа удолниците...така да шансите да се натпреварувам на скопски маратон ми се 50-50, ако испадне да не дојда, сакам да му се извинам на тимот ... а и криво ми е мац што нема да трчаме пак заедно... ќе видам како ќе иде опоравок, пробувам некои начини на брзо закрепнување..

а до кога е пријавување, нешо ко што видов погоре, сфатив дека пријавувањето завршило? о.О
 
до 30ти април беше на 21 и 42 км,а на 5км е уште во тек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom