Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
трчав претходниве денови на планина и осеќам страшна болка во колената од тоа удолниците...така да шансите да се натпреварувам на скопски маратон ми се 50-50, ако испадне да не дојда, сакам да му се извинам на тимот ... а и криво ми е мац што нема да трчаме пак заедно... ќе видам како ќе иде опоравок, пробувам некои начини на брзо закрепнување..

а до кога е пријавување, нешо ко што видов погоре, сфатив дека пријавувањето завршило? о.О
Ти не се пријави сеуште? Ако не си се пријавил за полумаратонот и се оправиш, имаш уште време за 5к. Од кај знаеш, може ќе ги решиш таму :)
Болка во коленото е најзаебаното нешто што може да ти се случи, ама може и да ти исчезне за 3 дена. Пиши што си одлучил и дали си се пријавил... A за тимот не се секирај, и онака не се собравме доволно Кајганџии за правење тим :)
 
Заради големиот интерес во маратонот и полумаратонот обезбедени се дополнителен број стартни броеви за овие две трки. Сите што се заинтересирани а не се пријавиле во предвидениот рок преку интернет, можат да се пријават со испраќање на емаил на info@skopskimaraton.com.mk

за сите што не стигнаа да се пријават. :)
 
Го земав стартниот пакет... Маица, стартен број (со чипови), лижавче, промоција - крема за болка во зглобови и магазин за трчање... Тоа е :)
По завршување на трката претпоставувам дека даваат и ланч-пакет :)
 
Наредна година јас, многу сум изгубил кондиција 6 години немам спортувано и сеа пред недела пробав ама тешко, па се пријавив како волонтер, ке ви давам води :pos:
 
Наредна година јас, многу сум изгубил кондиција 6 години немам спортувано и сеа пред недела пробав ама тешко, па се пријавив како волонтер, ке ви давам води :pos:
Пиши на која станица ќе седиш, да се поздравиме :pos:
 
Пиши на која станица ќе седиш, да се поздравиме :pos:
Па сега треба да ми кажат дали ке бидам у медицинската екипа, ако не на 4ка кај сет. :)
 
Го земав стартниот пакет... Маица, стартен број (со чипови), лижавче, промоција - крема за болка во зглобови и магазин за трчање... Тоа е :)
По завршување на трката претпоставувам дека даваат и ланч-пакет :)
Еј супер,лани немаше крема за болка.
Даваат на крајот банана,сендвич и вода. Има доста овошје на целта,пиљара можеш да отвореш :D
 
Еј супер,лани немаше крема за болка.
Даваат на крајот банана,сендвич и вода. Има доста овошје на целта,пиљара можеш да отвореш :D
Добро е што има доста за јадење, зошто после претходното трчање 21км (на државното на кеј) можев да изедам цел вол...
За 1 минута изедов 2 банани, 1 сендвич, 2 чоколади и околу 2 литра вода испив... И нормално, тоа беше одма после трката. Дома јадев плескавица и помфрит :)))
 
Исто и јас,сендвичот водата и чоколадата за 30 сек ги снема :D
На скопскиот на местата каде што ке даваат вода,даваат и овошје,шекер суво гројзе. 8 штандови ке има такви мислам,колку добро дојде еден портокал или една рака суво гројзе на сред патека на таа жештина,веднаш сила во нозете ти се врати :)
 
Бидејќи кај мене го немаше списанието „Скопје маратон 2012“ во пакетот, еве ви дигитална верзија за секој случај :)
http://t.co/cTJsyfGN

Има интересни работи, читнете го...
 
Јас си го земав бројот 280 и пакетот.Така да незнам што друго требаше да направам.
 
kaj mene nemase nikakva krema..
 
Se mislev da se prijavam za 5km ama kasno mi tekna. Zdrajve drugata godina na 21km ke trcam so sreka na site ucesnici od forumov :)
 
Момци, само да ви посакам среќа и успех на сите утре! Тие што нема да трчаат нека излезат на улиците за да не поздрават, поддршката ни значи многу :)
За тие што обично трчаат и тренираат навечер - земете си капчиња, ќе биде пекол :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom