Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.702
Поени од реакции
9.411
Веб-сајт
www.flickr.com
zolta-kocka.gif
Започна пријавувањето за Скопскиот маратон кој во 2012 ќе се одржи на 6 мај. За да се пријавете за учество кликнете тука
zolta-kocka.gif
Биди волонтер на Скопскиот маратон, пријави се тука
zolta-kocka.gif
Учествувај во тим билдинг натпреварувањето на Скопскиот маратон, за повеќе информации кликнете тука
zolta-kocka.gif
Александар Кираџиев, најдобриот македонски натреварувач на минатогодишната полумаратонска трка на Скопскиот маратон ќе учествува на Прашкиот полумаратон кој ќе се одржи на 31 март. Настапот на Кираџиев најмногу се должи на одличната соработка на Скопскиот маратон со организаторите на Прашкиот маратон. Повеќе информации тука

zolta-kocka.gif
Скопскиот маратон е дел од глобалниот 26 дневен Твитер маратон - Twitterthon кој за прв пат се одржува во целиот свет. Повеќе информации тука

zolta-kocka.gif
Преку 2.700 фотографии од Скопскиот маратон 2011 одржан на 8 мај, кликнете тука

zolta-kocka.gif
Резултатите од Скопскиот маратон можете да ги видете на http://results.skopskimaraton.com.mk Како да го најдете вашето време? Одберете во која трка сте трчале, и може да се најдете според стартниот број или според вашето име. Кога ќе кликнете на вашето име ќе се појави фотографија кога сте ја поминале целта.

--- надополнето ---

Дечки, јас веќе се пријавив на 5000 метри. Деноиве купувам патики и започнувам со посериозни тренинзи.
 
Само 300 души ли од тие што ке се пријават ке трчат?
И мора ли да имаш 18 години да трчаш ? :)
 
Само 300 души ли од тие што ке се пријават ке трчат?
И мора ли да имаш 18 години да трчаш ? :)
300 волонтери бре, читај поубаво. :)
Нема ограничување на бројот на тркачите. Може да се пријават и помлади од 18 години, со дозвола од родител
 
А колку километри е полу маратонот :)
 
Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
1. Трка на 5000 метри: сите возрасти (стартнина 150 денари)
2. ПОЛУМАРАТОН – 21.097 км: (стартнина 400 денари)
-
на денот на одржување на трката да се постари од 16 години
-
доколку имаат помалку од 18 години на денот на одржување на трката, да имаат потпишано согласност од родител или старател
3. МАРАТОН – 42.195 км: (стартнина 400 денари)
-
на денот на одржување на трката да се постари од 18 години
-
доколку имате помалку од 18 години на денот на одржување на трката нема да ви биде дозволен настап
http://www.skopskimaraton.com.mk/prijavaonline.html
 
Море ќе се пријавам на овој од 42 км, шогоебам, или се или ништо :)
 
Да бев 3 години помлад, таа тежина и кондиција тогаш - ќе трчав тој малиот. Сега ни до првата чашка вода нема да стигнам. Уствари би стигнал али последен...
 
Најсериозно планирам да се пријавам :D
Некој ако сака да ме упате како да се пријавам и за потписот од родители-(не сум од Скопје)
 
За 5000 метри не ми се трга, ако се вратам во кондиција (започнувам деновиве) ќе одам на полумаратонот.
- на денот на одржување на трката да се постари од 16 години
- доколку имаат помалку од 18 години на денот на одржување на трката, да имаат потпишано согласност од родител или старател

И каде треба да имаат потпишано согласност, на што ?
 
Од пред месец дена почнав јас. 20 и кусур без проблеми сега ги орам. Нареден месец ова време, врвот на формата и ке пукам на 42 :)
 
Пријавувањето само преку интернет ли се прави или има и др начини, оти овоа преку интернет не ми е мн сигурно.
 
Најсериозно планирам да се пријавам :D
Некој ако сака да ме упате како да се пријавам и за потписот од родители-(не сум од Скопје)

Пријавувањето само преку интернет ли се прави или има и др начини, оти овоа преку интернет не ми е мн сигурно.

Интернет е единствениот начин да се пријавите. Младо Македонче, потписот од родителите ќе го однесеш кога ќе ја примаш опремата, а воедно и ќе уплатиш за учество. Мислам дека за веродостојност треба да однесеш и лична карта од родител на увид.
 
Back
На врв Bottom