Touch

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене пак со последната епизода се појави некаква надеж. Не дека сакам многу во сериите да мешаат теории на заговори, ама барем ќе имам причина да ја чекам секоја наредна епизода. А таман се мислев да ја баталам поради епизодите базирани само на коинциденции и среќни краеви. Се разбира, продуцентите треба паметно да одиграат и да не ја затупат во ќорсокак.
 
Јас не сфаќам, како може на некои серијава да им е напорна. Баш сама си вози. Гледаш, релаксиран си дур го следиш дејствието, интересни локации и некад очигледни поврзувања ама сепак, ти е гајле, зашто тоа е поентата и те забавува. Ако сакате да тупите мозок, фатете читајте книги. Тоа е мозочна активност. Серии и филмови се за забава.

Еден па се буни дека е фикција а збори за серија. :facepalm:
 
Што е финтава со соба 6? И зошто чикана беше умрен на крајот? Зарем "девојчето" ги убило? Или си има умрено од радост дека му текна нешто со бројките? :icon_lol:
--- надополнето: 24 април 2012 во 03:38 ---
Собава беше и пред 2-3 епизоди кога џеј го пушташе количето внатре, и после кога се врати количето назад.
 
Последниве две епизоди беа супер.
Многу малку го имаше Џејк и епизодиве не беа напорни за гледање......кога го има него низ епизодата 40 минути ми се како вечност.
 
Каква катастрофа беше последната епизода... не знаев дали гледам Touch или реклама за тампони. Што значи доста беше од оваа серија за мене.
 
Каква катастрофа беше последната епизода... не знаев дали гледам Touch или реклама за тампони. Што значи доста беше од оваа серија за мене.
Серијава како да е приказна за тоа какви се глупости можеш да направиш преку интернет.
 
Серијава како да е приказна за тоа какви се глупости можеш да направиш преку интернет.
Приказната со блогерката ме напна скроз. Овде веќе не станува збор ниту за коинциденција, туку за натприродни работи типични за шпанските сапуници.
 
почнаа да забушаваат, не би било фер да кажам дека се на прав пат, некои од сцените изгледаат доста наивни па дури и дебилни... се импресионирав од пилотот и мислев дека ќе биде уште една епик серија но испадна дека не е тоа што го очекував... како и да е ќе чекам да се соберат повеќе епизоди и ќе ги изгледам кога ќе ми биде ептен досадно
 
Не знам дали имате приметено, ама гледаноста на серијава драстично опаѓа со секоја епизода. Од 12 милиони гледачи на пилотот стигнаа до одвај 6 ипол со последнава епизода. Тешко дека ќе дочека втора сезона....

Of course, that's not necessarily a bad thing :sneaky: Ќе остави простор за некоја подобра серија.
 
После Six Feet Under:love:, пак се заљубив.. :) Иако сум со поминати само две епизоди и не ве читам зошто осеќам дека ќе си ја убијам еуфоријата.
 
Со радиото, cute.

HOLY CRAP I'M TALKING TO SPACE
 
Само да се пријавам на темава... и да си се исповедам оти ја пратам од почетокот, не најдов згодно да пишам, серијава барем досега е чист... оргазам, ситуациите се... wow
 
Се уклучив на форумов само за ова да го напишам:

Се откажувам од серијата. Мислам дека волку клише елементи нема ниту во Gossip Girl. Претходната епизода беше дно, ама оваа новата уште поголема пропаст. Ја прекинав на 20-та минута и толку од серијата за мене. Ако сакам да гледам „слатки“ работи со хепиендинзи, невидени коинциденции и #влијателно дете, ќе си гледам Малечката Невеста поарно. Барем нема да се замарам дека ќе се случи нешто добро.

П.С. Кифер, ќе ми недостигаш.
 
Објавија дека ќе има и втора сезона ама не ми прави разлика, бидејќи навистина серијава е слаба. Наместо неа ги откажаа The Finder и Alcatraz што за разлика се интересни за гледање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom