Хеликоптерот е на нејзината група. Комонвелт се вика во стриповите, и е многу поголема група, неспоредливо, преку 50 000 луѓе се, може да се рече веќе напредна цивилизација. Но во стриповите нивниот водач се вика Памела, а не Џорџи. Тие имаат се што им е потребно за живот, па тргуваат во замена за знаење и уметност. Типката во ѓубриштето нели беше скулпторка? Веројатно она од претходно имала контакт со Комонвелтот и ги разменувала своите експонати за храна. Инаку од кај би им била храна на ѓубреџиите? Од таму го има истиот знак на конзервата и хеликоптерот. И од таму таа знаеше дека ќе дојде, а не дека е нејзин. Е сега, во врска со Комонвелтот не е уште познато ништо од стриповите, затоа што и таму Комонвелтот прв пат се појави во последните неколку броја, ептен е тазе таа приказна. Мислам дека во следната сезона сепак ќе одат со Whisperers како негативци, па ќе видиме.