The Walking Dead

Подобро ќе иде сезонава да заврши со следната епизода. Ова веќе нема смисла.
 
Супер епизода беше ова, реално се познаваше дека Сајмон ќе направи high treason, претпоставувам во наредната ќе биде сударот со Хилтоп на Сајмон.
 
Курчење! Тоа е тој збор што ја запусти серијава, покрај исцрпената приказна, купот нелогичности, лошата глума и.т.н.

Првата половина беше добра затоа што акцентот беше ставен на преживувањето во неговата најсурова смисла. Се чувствуваше тој страв кај ликовите, ранливост, а зомбите беа ставени во средина и го оправдуваа насловот на серијата, The walking dead.

Сега апсолутно секој лик буквално иритира со неговата арогантност, појавата на секој одделно со ретки исклучоци штипе за очи и те става во искушение да ја изгасиш епизодата.
Нема глума, има само курчење од прв до последен и тоа толку иритира што кога ќе умре некој главен лик буквално ти е сеедно, дури и си среќен што нема веќе да го трпиш копилето.
Зомбите се само декор во серијата. Не знам дали воопшто може веќе и да се оквалификува како зомби апокалипса. Тешко дека нешто може да ја оправи серијава.
 
Мислам дека дефинитивно направија каша попара од серијава, не само во поглед на се она што на сите ни смета, а за кои буквално секој од нас пишуваше погоре, туку и во поглед на приказните и начинот на кој истите се адаптирани од изворниот материјал - стриповите. ОК, на сите ни беше јасно дека не може да се бараат паралели и да се прогнозираат исходите на случувањата во серијата врз основа на тие од стриповите уште со смртта на Андреа, некаде втора, трета сезона, не се ни сеќавам каде беше, а:
во стриповите беше жива до пред само неколку броја.
Но некако мислам дека со последниве 2-3 епизоди толку многу се дистанцираа од приказните во стриповите, што дефинитивно може да се каже дека ова веќе не е адаптација, туку оригинален материјал. И претпоставувам дека со тоа сакаат да ја спасат серијата, зашто видоа дека веќе никаде не се движи, туку дека трча во место. Само се надевам дека идејата која ја имаат ќе вроди со плод и дека повторно ќе гледаме The Walking Dead каква што беше во сезона 1, 2... Да не спојлерисувам, иако не ни има веќе што да се спојлерисува, но поентата со муабетов ми е дека дел од случувањата во последниве две епизоди се актуелни случувања во стриповите (последните неколку броеви од нив), и дека за тие приказни има уште многу малку што да се црпи од таму, и се останато би било оригинален материјал, што значи серијата ќе тргне пред стриповите, ќе води. Е сега, има приказни од таму што не беа воопшто ни спомнати, па може во иднина да се навратат на нив, ама позитивно е што се прави промена која се надевам ќе вроди со плод. Инаку, поарно нека не се мачат да снимаат, нека ги касне по едно зомби сите, и да завршиме!
 
претпоследнава беше интересна епизода морам да признаам, имаше доста интересни моменти и она со плавушата беше топ, иако наликува на копија на онаа од александрија архитектката или што и да беше, ако ви текнува. Со самото појавување на нови фаци серијава станува поинтересна жими се.
Она вчера беше очај, катастрофа, дно, мизерија... дали 5 минути ефективно изгледав... цело време премотував.
Ти ебам и вокинг дед и све...
 
Ниган ќе им ебе матер на своите наредна епизода. Едвај чекам да видам што ќе се дешава.. :D
 
Ама ги сјеба Рик овие runawaysите, не очекуваше така да ги предаде. И што беше фората со хеликоптерот, мислам дека има нешто со другата серија со спинофот, ќе прават ваљда некој кросовер. Уште 2 епизоди од оваа сезона, морам да признаам го пратат темпото, првата половина на сезоната беше досадно упм. Сега повеќе работи се дешаваат, не само една ствар цела сезона, побрзо темпо. Градат добар климакс за последните 2 епизоди.
 
Се дешава курац... толку војна, курци палци и на крајот сите среќни и весели си се вратија дома. :pos:
 
Морган ќе биде во другата серија...
 
А кој беше ликот што се качи во кола со Неган?
 
А кој беше ликот што се качи во кола со Неган?
Е тоа не се знае...јас мислам дека е таа плавата што дозна дека Двајт ги предаде и после таа епизода едноставно исчезна. Нели после тоа кога го најдоа Двајт луѓето на Неган во шумата, Двајт ги праша за неа и тие рекоа дека ја нема никаде.
 
Е тоа не се знае...јас мислам дека е таа плавата што дозна дека Двајт ги предаде и после таа епизода едноставно исчезна. Нели после тоа кога го најдоа Двајт луѓето на Неган во шумата, Двајт ги праша за неа и тие рекоа дека ја нема никаде.

Taa e sigurno, drug nema logika da e.

Tuku ....So helikopterov sto praime :) ?
 
Гледам така со пола внимание, сега испадна дека овие ѓубреџиите не биле баш ѓубреџии туку имале тајни простории чисти и уредени, модерна опрема и хеликоптер?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom