Крајот на Сопранови
За сите оние што се по локален распоред на гледање на Сопранос, нека престанат тука (и нека се вратат кога ќе ја изгледаат целата серија). За оние што ја изгледале, време е за објаснување.
По осум години снимање и 84 епизоди, приказната за мафијашкото семејство од Њу Џерси доби тотално незамислив крај - црн екран.
The Sopranos: The Complete Book, е дело на авторот на Сопранови, Дејвид Чејс, кое треба да ги разреши мистериите што настанаа по последната сцена и да го смири гневот на фановите.
"Има многу повеќе да се каже за него, отколку тој да заврши со лицето во чинијата и куршум во главата, или како шеф на њујоршката мафија. Јас го гледам Тони Сопрано како алтер его на публиката. Тие задоволно го гледаа како тој краде, убива, лаже, мами и ограбува. Тие го поддржуваа. Сега одеднаш сакаат тој да биде казнет за тоа. Тие сакаат да го видат неговиот мозок истурен на ѕид. Искрено мислев дека тоа е одвратно. Патетично за мене е колку тие ја сакаа неговата крв, откако 8 години навиваа за него," објаснува Чејс зошто се одлучил на таков крај на серијата.
Во однос на останатите ликови Чејс во неговата книга открива дека Медоу (ќерката на Тони) нема да заврши како доктор или адвокат, но нема да биде домаќинка како нејзината мајка а од друга страна и Еј Џеј (синот на Тони) најверојатно нема да ја преземе работата на својот татко.
Книгата на Чејс излегува на 30 октомври.
Последна промена: 19.10.2007
#
on.net