The Sopranos

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.249
Поени од реакции
12.473
Дали ги гледате и како ви се бендисуваат. Јас искрено мислам е една од најдобрите телевизиски серии на сите времиња, највпечатлива, најреална и најоригинална.

sopranos_trans.jpg
 
Серијата е супер.....
Многу е оригинална.....
Супер е, секој ден ја гледам на А1 навечер........
 
Авторот кој ја напишал е бивш "соработник" кој бил уапсен и ставен под заштита на сведоци бидејќи бил Кум на една од петте фамилии во Њу Јорк во 70тите. Во серијата е прикажан како Кристофер, всушност авторот го опишува својот живот. Пооригинално не може да биде.
 
Андроник напиша:
Дали ги гледате и како ви се бендисуваат. Јас искрено мислам е една од најдобрите телевизиски серии на сите времиња, највпечатлива, најреална и најоригинална.

sopranos_trans.jpg

Se soglasuvam.
Dosega za mene e edna od najdobrite TV serii sto gi imam gledano.
Fantasticno.
 
Страшно добра серија. Ми се допаѓа тоа што реално ги опишуваат ликовите и начинот на работа на мафијата. Порано, во мафијашките филмови, ликовите се психопати, убијци, силувачи итн. Овде ги гледате ликовите под друго, човечко светло. Го гледате СМЕЈСТВОТО на кумот, неговите деца, како они се справуваат со тоа што татко им е Кум. Го гледаме "Cappo di tutti cappi" како ранлив, чувствителен човек. Прикажани се човечките особини на мафијашите А НЕ СТЕРЕОТИПНИТЕ мислења за нив.

Плус, неверојатно добра режија и сценарио ја красат оваа можеби најдобра серија до сега излезена од Холивуд. Совршена глума и развиток на ликовите. Од мене, ЧИСТА ПЕТКА!!!

П.С Гижо, RESPECT за темава! :aplauz:
Искрено, јас мислев вечерва после Сопранови да ја почнам темава ама ме испревари :D
 
Андроник, мај дипест аполоџис. Не знам зошто, мислев дека Гижо го почнал муабетот. Тоа П.С важи за тебе :oops: :oops: :oops:
 
Нема зошто чендлер. Одличен осврт, навистина си се доживеал со серијата и нејзината уникатност.
 
а да не го има некој случајно серијалот на cd vhs dvd или така нешто?
 
Одлична серија, ама жалам што не почнав да ја пратам отпочеток... тогаш ми изгледаше некако „глупа“.

Колку сум грешел....
 
Како што е веке кажано погоре,највише ми се свиѓа оргиналноста и реалноста.Нема дугачки црни линузини,билдери со слепец цвикери...
Сите се дебели и запуштени,сите се од онаа средна работничка класа.Луѓе кои ги гледаш секојдневно како пазарат,прават скара или фрлаат ѓубре.Тие се правите мафиози.
Сфака част,од холивудска продукција да излезе нешто шминкано без да се гледа дека е такво.
Закон 8)
 
ОДЛИЧНА СЕРИЈА

ОДЛИЧНА СЕРИЈА,и колку пати да ги гледам епизодите се супер.
Омилен лик Тони Сопрано.
Одлична режија и глума од сите актери.
За мене супер серија, на врвот со Френдс.
ЦСИ е ок но веке го надминав тоа со крим инвестигација, може да се каже го надраснав па не ми се интересни.
Не сум ги начекал десперет хаус жените, ај ко ќе ги начекам ќе кажам и за нив.

Да не има некој Сопранови да се трампаме или да ги земам ако не сака тоа схо имам.
 
И јас би играл така

Chandler напиша:
Страшно добра серија. Ми се допаѓа тоа што реално ги опишуваат ликовите и начинот на работа на мафијата. Порано, во мафијашките филмови, ликовите се психопати, убијци, силувачи итн. Овде ги гледате ликовите под друго, човечко светло. Го гледате СМЕЈСТВОТО на кумот, неговите деца, како они се справуваат со тоа што татко им е Кум. Го гледаме "Cappo di tutti cappi" како ранлив, чувствителен човек. Прикажани се човечките особини на мафијашите А НЕ СТЕРЕОТИПНИТЕ мислења за нив.

Плус, неверојатно добра режија и сценарио ја красат оваа можеби најдобра серија до сега излезена од Холивуд. Совршена глума и развиток на ликовите. Од мене, ЧИСТА ПЕТКА!!!

И јас би играл така, т.е. се сложувам со горе наведеното. Јас би дал чиста 10-ка.
 
Денес ја земав шестата (последна) сезона која негде заврши со емитување почетокот на јуни...
Ја гледав првата епизода "Members Only" и морам да кажам дека се потсетив колку е добра серијата. Веќе месец немав гледано ниту една епизода :)... А и тие што ги гледав беа од претходните стари сезони...

Што има да збори за серијата. Врв во ТВ продукцијата. Не би ја ни споредувал со повеќето серии денес. Едноставно е над сите во секој поглед. Сценариото, режијата, фотографијата, музиката, изведбата на актерите - навистина оставаат без зборови. И тоа на добар, не претенциозен начин...

Ме интересира дали некои женски ја гледаат?
 
Bada Bing! напиша:
Ме интересира дали некои женски ја гледаат?
Зар уште прашуваш?Ама одамна ја немам гледано.:nesum:
 
Не се сеќирај. Ги имам јас сите сезони на DivX... :)
That's not the issue.

Ја гледа ли некој серијава освен горе-задоволните лица. :)
:toe:Да врземе некој добар муабет!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom