The Last of Us (Part I & II)

Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Свртена два пути, на survivor и custom- hard/moderate -
Првенствено ќе започнам со најсилните аспекти, па постепено кон недостатоците.
Играва е лендмарк во бленд на анимациски сетови и лодс(поготово на карактерите).
Неописливо тешко е да имаш во игра толку многу исполирани-комплексни-уникатни анимации и сите да се блендаат симлес, ниеднаш да не се кршат или преклопуваат меѓусебно и притоа да реагираат на околината, правејќи имерзија.
Гејмплејот е оверхоулнат потпуно од кецот. Комбат финишери во зависност во кое опкружување го извршуваш, различни комбат интеракции за секое melee оружје во играта, ептен флуидни доџ и атак анимации, различни смртни анимации од проксимацијата...
плус на сето тоа збогатено е дополнително со пронот,скокањето и вертикалноста ко елементи што го праи секој нареден комбат сусрет свеж, многу блиску до версатилноста во мгс5 пример.
Не памтам во задни 5-6 год. да сум играл друга игра што подобро симулира ганплеј во трето лице, што у глобала е заебана ствар да се долови и обично испаѓа многу аркејди. Различен степен на рикоил и свеј на оружје од тоа дали си станат, клекнат или легнат, зимање длабок здив при нишање, тајминг на репетирање, овие ствари го праат сериозно длабински.
Апгрејдите се исто добро обмислени, не може се да се отклучи во прв плејтру и те принудува да изградиш плејстајл преку тоа како ќе ги левелираш скил-дрвата и оружјата, а секое наредно допринесува во стилизирање и приод кон комбатот.
Awareness-от на аито на мобовите е едно од најпаметните што сум ги видел во игра(што по агресивно подесени се противниците, толку позабележително е), ја напраиле доста предизвикувачка, да бара од играчот постојани брзи и чести одлуки со мал праг на простување.
Левел дизајнот има добра константност и ја зголемува бааги ширината во секвенците во базично линеарна игра... иако ќе беше убаво за разновидноста да постоеа уште 1-2 фри-роам области и по некој бектрекинг.
Приметив дека генерално во критиките засеа не добива доволно заслуги гејмплејот, луѓе ко да ја рашаат и играат за прича... на јутуб може да се најдат импресивно кореографирани видеа.
Ко ќе го пуштат мултито ќе се види потенцијалот и се ова ќе биде уште поевидентно.

Арт дизајнот,графички фиделити и левелот на детали е во овој момент излишно да се фалат, реков и пред да ја изиграм, играва ги праи изминатите графички бехимоти некако да изгледаат дејтет, сеа се потврдува само.
Практично секоја наредна сцена изглеа ко позадина за пц, богзнае колку скриншота напраив.
Треба да не те интересира технологија во игри за да не го цениш тоа што го постигнале.

И идеме на поларизирачкиот дел -
Пред се визуелното раскажување исто им е топ-ноч, дали преку пораки,белешки, детали во опкружување, вложиле да го развијат лорот и конфликтот меѓу фракциите.
Севкупно, наративот не ми остави таков импакт ко кецот, со се разрешницата, сега е веќе јасно дека воопшто не ни целеле на интерперсонално доживување со ликовите ко претходната, него увид и коментар за циклусот на освета и оправданоста во потрагата.
дали релативно напраиле добра работа, да.
дали можеле со малку појќе фансервис и боље структура во наративот да имаат сличен ефект ко кецот и да стекнат универзални овации од играчите, у потпуност.
Лоу2 има добро напишани ликови во 80% од времето, одлично изрежирана и изглумена, најголемо е отцепувањето во тоа како е раскажана.
Занесен од минатиот успех, Нил Дракман си помислил дека може да изведе Цитизен Кејн и Годфадер со тие техники во сценарио, али се заебал и си наштетил во градењето на суспензијата.
Сајдноут за тоа колку сакале да истуркаат политичка порака - со оглед дека ја има напишано лик што веруе дека диверзитетот е исто битен ко и гејмплејот во игра, се пордазбираше што може да се очекува во 2020 и ќе глеа да постигнува воук поинтс, сепак сметам дека бар главните плот-поенти(во колектблс и нпсиња е изразено) се во услуга на причата и не се интрузивни, али можам да согледам одредени луѓе како се отргнати од сето тоа.


тлдр: чудно делува што од ајпи на Ноти Дог многу поише извлеков од гејмлејот него сторито овој пат, се надевам во следното ново ајпи (најверојатно сајфај-авантура шутер) ќе се исфлексаат уше поише во интерактивноста зошо се глеа дека имаат енормен талент да иновираат во тоа ако би биле уште по ослободени од филмски и гејми тропи.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Игра со муда. Тотален контраст на она "maybe the real treasure was the friends we made along the way". И да не ти се свиѓа не може да не го поштуеш ова реално.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
1594036675212.png

Пред две недели ја завршив играта прв пат. После 22 часа играње во три дена, ме остави исцрпен физички и емоционално, со милион мисли. Следните денови не можев да мислам на ништо друго, премотувајќи си делови од искуството кое ми го пружи. Гледав и слушав секакви ривјуа, од луѓе на кои им се свиѓа, луѓе на кои не им се свиѓа. Сакав да ги слушнам сите страни, сите мислења, да го споредам моето искуство со тоа на сите други. Тој период секојдневно пробував да почнам некоја друга игра, затоа што ми се насобраа доста други, но во ниедна не издржав повеќе од десетина минути пред да исклучам затоа што умот цело време ми беше во Лест оф Ас. После второто играње не се осеќам многу поразлично. Уште не знам како ќе играм друга игра и ќе ми биде јака.

Најлесното нешто што Ноти Дог можеа да направат е да извадат некоја генеричка игра како продолжение на првиот дел, каде што Џоел и Ели се тепаат против "лошите момци" и среќно си живеат до крајот на животот. Ќе беше општо прифатена, ќе се наполнеа со пари, ќе имаше иницијален хајп, и по година две сите ќе ја заборавевме како просечна игра. Тоа е и најлошата одлука која можеле да ја донесат, да исполнуваат желби на фанови. Наместо тоа, они превземаат опасно многу ризици, и одат храбро од почеток до крај.

Приказната можеби не е тоа што го сакавме, но според мене дефинитивно е приказна која беше и те како потребно да се раскаже. Ме фасцинира тоа што најсилните критики уствари се дека не им се свиѓаат одлуките на ликовите, дека не си го замислувале они тоа така, дека не би постапиле они така. Ок, оди истури го гневот на група кликери во маало пред да се вратиш да ја допишеш приказната на твојата бест селинг игра.
Приказната и намерно е направена за да го подели мислењето на играчите. Не е можно сите да ја сварат и нормално дека нема на сите да им се свиѓа. Ама верувам дека може сите да го почитуваме тоа што пробуваат да го направат, според мене успешно. Играва направи да осетам ствари што никогаш претходно ги немам осетено ни во филм, ни во серија, ни во игра. На моменти многу тешка за играње, и дефинитивно прави да сакаш на моменти да паузираш за да процесираш се што се случило. Има делови каде што те тера како играч да направиш работи кои не ти се прифатливи, работи кои не сакаш да ги направиш. Мене тоа ми ја направи подобра, друг нема да може да го прифати. Тоа не ја прави објективно лоша, или неквалитетна.
На крајот од денот, ако некој сака да сфати, да размисли, да си објасни нешто, ќе најде сто работи со кои може да го направи тоа. Ако некој сака да исхејта, и тој ќе си најде исто толку.

Мислам дека играва добро ќе "старее" како што одминува времето. Кога ќе спласне иницијалново хајпање и хејтање би требало мнозинството да може да ја погледне со други очи, да ги погледне сите елементи во кои играта брилира, работи кои треба да стојат како примери во учебници.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Игра со муда. Тотален контраст на она "maybe the real treasure was the friends we made along the way". И да не ти се свиѓа не може да не го поштуеш ова реално.
филм со муда* за тебе :icon_mrgr:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.240
Поени од реакции
27.583
Donev, si ja igral li Spec Ops the line?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Donev, si ja igral li Spec Ops the line?
Не, ама ја сретнав паралелата доста пати :D
Симната ми е веќе, ама ќе си чека на ред затоа што имам премногу други кои ќе пробувам да ги изиграм периодов.
Како и да е, не верувам да има некој голем импакт, бар кај мене. Прво, затоа што знам што да очекувам. А и затоа што ваљда и оваа немаше да има толку голем импакт доколку не беше парт 2.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
СПОЈЛЕРИ

Јас сум 15 часови in. За брзо ќе ја свртам. Можам да кажам за сега дека едноставно приказната... функционира. И оваа игра од ноти дог е уште како еден добар интерактивен филм. Искрено, не очекував Џоел да го скинат толку рано, многу беше брутална сцената, и можеби изгледа малку ефтино што Ели ја ставија таму пред нејзина фаца све тоа да се случи, но како што реков - функционира. Исто мислење имам и за кога се појавува понатаму, во музејот, во хотелот... И тоа ми е ефтино но функционира. И тука е за сега проблемот, играта премногу се потпира на кецот. Не би била олку добра ако не е кецот.

Исто не можам многу да се поврзам со Ели-Дина врската. Ако сите рејџаа ради тоа ЛГБТ момент, мачкина кашлица. Воопшто не ми смета од тој аспект, ми смета што веќе беше ова предобро изведено во длц-то на кецот, left behind. Тие саат два се помоќни од цела врска за сега со Дина. Но, ќе видиме до крај.

Јас ја играм заради приказната, не уживам многу во гејмплејот. Многу е репетивно, ми сметаше истото и во кецот. Помини некоја област збирајќи ствари од вциња се до следниот поголем cut scene. Исто да нагласам дека не уживам а и не ме бива во стелт игри. Ја играм на средно ниво мислам и често сум без куршуми а и често си умирам. Секогаш идам guns out blazing. НО, НО го почитувам моментот што го нуди играва. Ако ја играш на најјако, секој напад од зомби да е летален, аmmo is scarce, пазиш и планираш секој чекор, цел тој dedication да ја свртиш како вистинска апокалипса изгледа премногу добро, но штета не е за мене. Љубоморам на тие што ќе го доживеат тоа.

Ќе видиме до крај
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
СПОЈЛЕРИ

Свртена. Ама ми се погоди времето со грмотевици за последните саати од играта... милина.
Сношти до 6 сабајле заглавив. Играта е и ќе остане бенчмарк.

Mожеби ретко имав rewarding gameplay ама паднав доста на приказната. Последните саати беше такво некое невообичаено мешано искуство филм/игра што те впива и те треска од земја. Кај мене успеа тоа што сакале да постигнат. Internal conflict on point. Не стискав коцка за да ја убијам Аби на крај тепачката, не можев. Не сакав. Умрев со Ели. Мислам да имаше избор така ќе одберев. За среќа не ме тригерна никаква SJW пропаганда, мислам дека тоа што Ели беше геј хинтед... уствари стејтед уште во кецот. Мислев за ова рејџаа сите, но после видов дека било за Лев. Исто и тоа не ми смени, ми беше умесно изведено. Мислам дека општо луѓето се осеќаат недефинирани ако немат концизен став за одредени топици (поготово трендинг) па затоа играта беше фантастичен вент за некои.

На почеток ми беше одбивно до степен да не ми се ни игра, го убијаа Џо, светот ми беше досаден првите саати со Ели/Дина па поготово кога видов дека треба пак да играм со Аби... ми се стемни. Но, играта се отвара фантастично, во Сиетел веќе е друга приказна, поголем scope се добива. Играњето со Аби ми ја направи играта мене, далеку подинамична и возбудлива од аспект на гејмплеј, што не е неочекувано. Војник, тело тенк... додека со Ели бевме стелт, стапици, криење... А со Аби како воз да улетал у продавница за порцелан? :D Но не само заради гејмплејот, приказната, другата страна на паричката... почнуваме сите мразејќи ја, не пак да играме со неа и пола играње со неа бев малце како накурчен дека играм со неа, за да не приметам дека сум почнал да навивам за неа, почнав да сочувствуваам и да се плашам за неа и да ја жалам. Мило ми е што значително се подобри вториот дела од играта за да завршам со кнедла во грло. И искрено не би сакал друг крај, иако често при крај се размислував што би било идеално за мене. Доста комплексна приказна и не може да имаш победник, но како што реков ако ме натераа да бирам дефинитивно ќе ја жртвував Ели. Од совршен крај таа одлучи пак да се одмаздува, таa веќе ги жртвуваше нејзините блиски, додека Аби одби да се бори бидејќи имаше за кој да живее, Лев. Таа и опрости еднаш заради него, исто на крај повторно кога одбиваше да се тепа. Додека тоа кај Аби не беше воопшто хелти и мило ми е што на крај ja overcome-на revenge driven емоцијата и ѝ опрости, како што Аби го стори тоа за нејзе. И доста имапктно изведено, барем за мене. Првата слика/флешбек од мртов Џоел ја тригерна, втората ја откажа од одмаздата. Можеби прекасно, кога веќе ја изгуби Дина, но секоја акција има последици во играта, како и во животот.

Сајд ноте, тоа со WLF мислев ќе е досадно како со Fireflies но Scars беа одлично и логично надополнување. Haven под оган беше оргазам за очи, sensory overload, можеби ако не и омилен дел од играта. Музика, анимации, експресии, пукање... не треба да се коментира, моментално врв а приметив не го претиска плејката да бучи како повеќето нови игри. Прејак флекс, за поклон. Скептичен бев но играта ми е топ 3 ексклузиви. Може да се најдат замерки, највеќе поради мене што не ми лежи стелт и да си играме критичари со оцени како... паа 8.5 од 10. Ама не, и да кажам 10/10 нема поента. Играва е must play. Но, никако не би ја репризирaл. Едно те прави мизерен пошо е тешка за варење, друго долго ми е пак да збирам штрафови. Алал да ви е со збирање трофеи.

Ја давам со кајгански попуст, тешко некад да ставам пак цд. :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Ај и јас конечно да си пишам се што имав.

На кратко за гејмплејот. И јас @wot ич не сум по стелт, ама во Лест оф Ас во двата дела многу повеќе сакам стелт да играм. А одсекогаш сум хејтал стелт и тоа ми било проблем во игри затоа што секогаш брзав и се ставав во лоши ситуации затоа што не сум почекал и играл паметно. Е тука поради некоја причина ми е обратно и уживам во тој гејмплеј. Првата половина од двојкава сфатив дека скоро цела сум ја изиграл така, па затоа се чудев како секогаш ми се полни оружјата со муниција затоа што знам дека не оставаат премногу ресурси. А јас можеби 80% од противниците ги убивав во стелт, без оружје :D
Гејмплејот се на се мене многу ми е погоден од секој аспект. Ептен ми е интересно да разгледувам низ сите куќи, да го прошетам секое делче. Тоа и го заслужува играта со сите детали, неверојатно е што се има да се види и како е изграден светот до најситното деталче. Ептен интересно ми е да ги собирам артефактите и да читам писма. И претходно имам кажано, ептен битен дел од играта се и препорачувам се што ќе најдете да читате затоа што многу повеќе работи објаснува, работи кои не се кажани со дијалог.
И да. Механиката со јажињата и каблите! Уште не ми е јасно како толку перфектно ја направиле физиката, феноменално.

СПОЈЛЕРИ ЗА ПРИКАЗНАТА ПОНАТАМУ

Почетокот мислам дека е намерно направен спор, како вовед во се што не очекува. После два саати следи првиот голем шок, па повторно играта успорува со отворената мапа каде може и да заборавиш која ти е примарната цел. Ок, ајде одма да преминеме на главното, смртта на Џоел. Два месеци подоцна мене уште ме чуди како луѓето беа ептен шокирани поради ова. Па очигледно и очекувано беше. Уште после првиот трејлер можеше да се забележи дека нешто ќе се случи. Знаевме дека ќе има нешто што ќе ја прати Ели на мисија за одмазда. Имаше само две опции според мене. Да умре Дина, или да умре Џоел. Ако видиме дека сите трејлери и промотивни материјали ептен очигледно пробуваа да направат да мислиме дека Дина ќе биде жртвата, јасно беше дека сепак ќе биде Џоел. Е сега, и покрај тоа нормално дека ќе не погоди смртта кога сите колку толку се имавме поврзано со ликот, иако имаше уште во првата игра индикации за тоа каков човек е, или бил, и дека има направено доста лоши работи. Втората работа е начинот на кој умре, за што видов дека исто доста луѓе имале голем проблем. Си умре баш како што заслужи. И самиот си беше свесен за тоа. Па со самото тоа што на крајот на првата игра испоуби толку многу луѓе само поради својата себичност, заслужи таква смрт. А знаевме дека и пред тоа воопшто не бил светец и во 20те години кои не ги видовме направил ужасни работи за да преживее. Па и во расправијата со Томи кога се споија во првата игра добивме хинт со самото тоа што и брат му веќе не сакал да има ништо со него, а секако и во првата и вторава игра дознавме за некои од работите што ги правеле, дека измачувале луѓе и слично.
Џоел според мене самиот ти беше свесен за тоа дека му се ближи крајот и дека еден ден некој ќе му пресуди. Затоа и не беше изненаден кога сфати која е целта на Аби и рече да си каже што има да си каже и да го убие. А околу тоа дека Џоел не би влегол туку така во таква замка, пак не се согласувам. Џоел во вторава игра е пензионер кој другиот живот го има оставено зад себе. Тука пак ќе ги спомнам писмата кои вреди да се читаат затоа што во нив ќе добиете слика за тоа какво место е Џексон, односно дека единствениот непријател им се инфицираните, а не и други луѓе и дека портите на градот се отворени за сите кои сакаат да одат да живеат таму. Па затоа и сега кога ќе налетаат на други луѓе, не им е првата мисла каква намера имаат, туку да помогнат и да ги примат во својот дом. Така да јас бев скроз ок со неговата смрт, и мило ми е што ја ставиле одма на старт иако и тоа е дел од причината поради која предизвика толку бурни реакции. Дури и малце ми е криво што мене не ме шокираше повеќе, па да ми додадеше уште поголема тежина.

Ја сфаќам перспективата на Ели после ова и зошто мораше да оди во потрага по одмазда. Во нејзините очи некои непознати луѓе крвнички го убија единствениот човек кој нешто и значеше во животот, иако со години му беше лута и не сакаше ништо со него поради тоа што не ја остави во болницата. Тука ептен дополнителна тежина даде самиот крај каде што дознавме дека после толку време конечно направиле муабет и конечно се отворила кон идејата да проба да му прости и да имаат заеднички живот. За следниот ден да и биде одземена таа можност на толку брутален начин. Но не очекував толку да ја обземе тоа и да ги направи сите работи кои ги направи и толку безмилосно да почне она да ги убива сите луѓе кои и се најдоа на патот. И Дина и Џеси со право се изненадија кога видоа на што се е спремна, но сепак за Ели ништо друго не беше битно и ништо друго во животот повеќе немаше смисла. Флешбек мисиите со Џоел и Томи беа фантастични. Посебно во музејот со Џоел, посебно па сцената во шатлот, дефинитивно еден од најдобрите моменти во играта. Добри ми беа сите три дена со неа во Сиетл, иако тонеше се подлабоко, до моментот кога уби трудна жена и веројатно и сама стана свесна за нејзините постапки. Затоа и беше спремна да се откаже и да си оди дома, иако уште не беше задоволна поради тоа што не ја најде Аби. И тука следува почетокот на средбата во театарот, Аби доаѓа во најлошиот момент и ги фаќа неспремни. Тука и покрај се уште навивав за Ели и ме плашеше помислата дека Аби ќе ги убие сите, ќе ни дадат уште една мисија за да ја видиме нејзината позадина и тоа ќе биде се за играта.

И тука следи твистот кој воопшто не го очекував. После флешбекот со Аби и татко и каде конечно ја дознаваме причината поради која го уби Џоел, очекував враќање во театарот и некаков крај. И баш поради тоа еден од најдобрите моменти ми е кога на црниот екран се појавува повторно Сиетл ден 1. Во тој момент не знаев што да мислам, тотално збунет за што се случува, првата мисла ми беше дека е некаква грешка. Брзо сфаќаш што правиш уствари. Искрено, мислам дека скоро секој во тој момент има лоша реакција затоа што си поминал 10 саати играјќи ги трите денови со Ели, и сега играта те тера да се вратиш назад па уште и да играш со лик кој во тој момент го мразиш. Ама моето искуство во втората половина воопшто не беше такво. И мене делот со Аби ми беше поинтересен од делото со Ели. Играњето со неа ми беше подобро, а и приказната целосно ме внесе. Направи скроз да ги разберам нејзините мотиви. А потоа со Лев направи и да сочувствувам. Аби воопшто не е некоја лоша личност. Смртта на татко и ја направила тоа што е, и нормално дека ќе сака да го убие човекот кој и го одземал. Неверојатно е како после тоа целосно се има посветено само на тоа, да тренира и да го направи своето тело оружје со кое ќе си ја исполни конечно целта и ќе може да продолжи со некој мирен живот. И ништо друго не е битно. Го отфрли Овен поради тоа што мораше цело време да е посветена на тренинзите, како и сите други луѓе кои и биле блиски. За на крај откако си ја исполни целта да сфати дека воопшто не и помогна тоа и дека уште ја прогонува смртта на татко и и има кошмари за тоа секоја ноќ. Е тука делот со Лев и Јара ми беше полн погодок. Ги виде нив во кошмар наместо татко и и сфати дека треба да направи нешто добро, конечно да ја надмине омразада и да проба да се искупи со надеж дека ќе може понатаму да живее нормално. Овој дел од играта ми беше најдобар за играње, мисиите каде што со Лев одат по небесните мостови и на островот на Серафитите беа ненормално добри.
Многу паралели може да се повлечат помеѓу приказните на Џоел и Ели од првата игра и Аби и Лев во вторава. Кога сум тука, ептен интересна група ми беа Серафитите и штета што не научивме уште повеќе за нив. Се надевам на некое ДЛЦ, па можеби и посебна игра.
Сето ова на некој начин прави да заборавиш кон што се доближуваш и каде остана приказната со Ели. Тек кога ќе се вратат од островот и ќе ги најдат Овен и Мел мртви се сетив што се случуваше и што ме чека сега. Уште од тој момент почнав да се спремам на тоа дека најверојатно играта ќе ме натера како Аби да ја убијам Ели. Иако веќе ја засакав и целосно ја прифатив Аби, уште имав симпатии за Ели и покрај тоа што направи многу полоши работи од Аби. Конфликтот во мене растеше и иако спремен, кога добиваш контрола и играта ти кажува да одиш да се тепаш против Ели, нешто не ми даваше да мрднам, не знаев што да правам. Никогаш не сум се осетил така во игра. На кратко, затоа што заборавив претходно. За мене им успеа целта да направат убиствата да имаат поголема тежина со тоа што кога играш со Аби ги запознаваш луѓето и кучињата кои ги уби Ели, и сфаќаш што си направил претходно, дека си убил доста луѓе кои можеби и не го заслужувале тоа. Ниедна друга игра не направила да осетам такво нешто, секогаш си убиваш се што ќе застане пред тебе без да мислиш. И во битката со Ели доста пати умрев несакајќи да го правам тоа што требаше, додека конечно да се решам да отидам до крај. За среќа, кога Лев викна, Аби сфати дека ако продолжи да убива ќе се врати на старото и ќе падне во вода се добро што направи последните три дена. И тука нејзиното заврши, се ослободи од омразата, по втор пат ја остави Ели да живее и отиде да си го продолжи својот живот.

На фармата мило ми беше што Ели навидум си најде некаков мир и си живее фамилијарен и среќен живот со Дина и детето. Ама иако повторно мислев дека тоа ќе биде крајот, брзо сфаќаш дека нешто мора да се случи, и дојде нападот... Потоа верувам сите се изненадивме дека Томи е уште жив затоа што изгледаше како Аби да му го разнесе мозокот, ама сепак на второ гледање го погодува само надворешно од страна и затоа му е таква изреметена главата. Сега веќе целосно им се изменети улогите на него и Ели, затоа што сега он е тој кој изгуби се и бара одмазда. Се знаеше дека ќе оди Ели. Првично несфатлива одлука, ама во дневникот ги имаше опишано нејзините проблеми, траумите кои ги има, поради кои не може да живее нормално. Како после секој напад се осеќа како цела кожа да и гори и дека мора да го заврши тоа што го почна и да ја убие Аби (или бар така мисли). Кога стигнав до последната борба сигурен бев дека една мора да умре и повторно во мене имаше огромен конфликт и не знаев што да правам. Сочуствував со двете и не сакав ниту една да умре. Аби го најде својот мир, и знаевме дека Ели ќе погреши доколку ја убие. И јас тука неколку пати умрев затоа што не сакав да се тепам. На крај многу моќен момент кога Ели конечно успеа да го види Џоел жив и да сфати дека ако продолжи со убивање никогаш нема да најде мир и дека мора да ја пушти Аби да си оди со Лев. Многу интересно направено тоа што после завршување тајтл скринот е местото каде што тргна Аби, каде што живее остатокот оф Фајрфлајс. Добар начин да ни кажат дека успеале да стигнат и дека конечно Аби го пронајде повторно својот дом.
А Ели, и она успеа да најде некаков внатрешен мир, ама по која цена? Изгуби буквално се. Во првата игра кажа дека најголемиот страв и е да остане сама, и на крај и се случи баш тоа. Не можеше ниту да ја отсвири песната со која беше поврзана со Џоел. За мене добро заврши играта, и мислам дека тоа е се што беше потребно од оваа приказна. Ништо чудно да има и понатаму Лест оф Ас игри во истиот свет, ама со други карактери. Приказната на Џоел, Ели, Аби заврши.

Сега сфаќам дека премногу се распишував и најверојатно никој нема да го прочита постот, а не ни успеав да кажам се што имам :D
За мене најдобрата игра која сум ја играл, затоа што на некој начин е и повеќе од само игра. И тешко дека некогаш нешто друго ќе го има истиот импакт.

Патем, баш вчера погледнав и од сите игри кои ги имам играно, не памтам да сум видел некоја со повеќе од 50% комплетирност. Ептен ненормално голема бројка кога ќе се земе во предвид и тоа дека до сега сигурно над 7-8 милиони копии има продадено.

1597072387243.png

Јас вчера ја почнав по трет пат, сакам да видам колку долго ќе успеам да играм на Survivor+.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom