Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.757
- Поени од реакции
- 52.725
Игра која дефинитивно заслужува своја тема, и не знам зошто до сега немаше. Па еве во исчекување на вториот дел може да поразговараме за нашите искуства со првата.
Part I
Нема што многу да се збори за првата игра, веројатно сите веќе ја имате изиграно бар по еднаш. Ако не сте ја играле, а имате конзола, што чекате? Ако немате конзола, ова е една од игрите за кои вреди да се купи. Јас би напишал на кратко за моето искуство. Ја имав земено заедно со сонито лани за блек фрајдеј, но знаејќи дека оваа година излага нова, бев решен да чекам за да ја изиграм пред втората. Пред околу два месеци конечно се решив да почнам. Имав читано и гледано секакви видеа за играта на времето кога излезе за ПС3, но до сега веќе имав заборавено се. Знаев дека главното во играта е емотивната приказна, врската помеѓу човек и девојче (претпоставував татко и ќерка) во постапокалиптичен свет. Прологот беше доволен за да се навлечам на играта. За мене ова е најдобриот вовед во игра, и не верувам дека некогаш нешто ќе го надмине. Играта перфектно ја раскажува приказната на Џоел и Ели, како се поврзуваат и како се повеќе и повеќе почнуваат да се грижат еден за друг. Од ептен мирни и на некој начин среќни моменти, до ептен тензични борби против инфицирани, се е перфектно доловено. Музиката исто така е предобра и е одлично вклопена во играта. За мене чиста десетка.
Не би навлегувал повеќе во приказната во воведниов пост, можеме за тоа повеќе да дискутираме понатаму. Ме интересира да ги слушнам вашите мислења, посебно за крајот.
Part II
Пет години по случувањата од првата игра, Џоел и Ели живеат во Џексон. Но животот во тој свет никогаш не може да остане "нормален" на подолго време. Во оваа игра главниот лик со кој ќе играме е Ели. Сега има 19 години и е многу поснаодлива и може сама да се справува со сите опасности кои се секојдневие во тој свет. Многу ме интересира каква приказна ќе раскажат во вторава. Во сите интервјуа кои ги гледав тврдат дека не ја прават само поради успехот на првата, туку навистина имаат приказна која сметаат дека вреди да се раскаже. Очекувам во добар дел фокусот да е на приватните врски со други луѓе кои ги развива Ели, тоа и го видовме во најавите, со бакнежот со девојката (да, Ели е геј) во Џексон. Од се што покажаа до сега мене ми делува ептен импресивно играта, а знаејќи дека се работи за Ноти Дог, сигурен сум дека нема да разочараат.
Е сега, мора да се спомне и за се што се случи периодов. Повторно одложување поради корона ситуацијата, и ликнување на делови од приказната кои предизвикаа големи реакции. Како и да е, се ближи конечно датумот на излагање (19ти јуни) и ќе може да престанат сите муабети и конечно да ја изиграме. Веќе ја играат луѓе за ривјуа кои ќе излезат на 12ти и според малкуте информации кои ги кажаа до сега, ликовите не расипуваат баш кога ќе се погледне целата игра. А играта според најавите е масивна.
Какви се вашите очекувања? Јас веќе направив пре-ордер и едвај ја чекам. Планирам да ја изиграм уште еднаш првата за да ми го пополни времето.
НАПОМЕНА: Строго забрането е споделување на ликовите. Воопшто не е кул да му ја расипете играта на некој друг кој толку долго ја чекал. Стрпете се уште 18 дена, па ќе може да збориме за тоа дали и колку импакт ќе имаат на играта.