Можеби затоа што секој со акаунт може да пише ривју? Односно секој кој не ја ни играл и не ни планира да игра, ама филм му е да исхејта, или мисли дека со неколку реченици што ги прочитал на нет знае се што треба да знае? Помалце од 21 час има поминато од кога излезе играта во Европа, а потребни се 25+ за да се заврши целосно
Мои импресии после ~8 часа гејмплеј...
Визуелна перфекција. Ова е графички најдобрата игра што сум ја играл. Комотно можеа вака да ја претстават ко некст џен игра за РЅ5 и да е рамо до рамо со најубавите игри што ги покажаа минатата недела. И тоа ја играм на обичен плејстејшн, не про. Бар до сега исполирана е до максимум. Светот е изграден до перфектност, ненормално е колку е одено во најситни детали. Музиката како и во првата е феноменална, а и сите звуци во играта. Обавезно играње на слушалки!
Земен гејмплејот од првата и додадени доста помодерни елементи, а земени и работи од последните две Анчартед игри, што за мене е позитивно.
За приказната не можам да коментирам затоа што само околу третина имам поминато... Засега ми е добра, раскажувањето нормално на Ноти Дог ниво. Од тоа што слушав минатата недела, втората половина била многу појака.
Во секој случај ептен интересна за играње, перфектно знае од ептен напнат момент да те донесе до тоа да се осеќаш сигурно, и обратно. Имаше неколку прејаки акциски секвенци кај што немаш време да земеш здив.
Повеќе кога ќе ја завршам.