Дадов збор дека ќе пишам мислење за играва откако ќе ја изиграм, па еве да не биде сум ја хејтал на праљзно без да ја имам изиграно. Ќе има и спојлери, така да ако некој е баш осетлив немора да чита.
Ако не ви се чита целиов пост еве во неколку збора ќе ја сумирам играва: Полоша е од првиот дел, секако нели ако ги иземеме графиката и механиките кои и тогаш и сега беа на ниво.
Оттука сметам дека втората би била за нијанса подобра од ова што е сега ако одлучите да ја гледате како самостојна без да е продолжение на друга игра,
но и во тој случај би била полоша од она што беше ТЛОУ кога излезе пред неколку години и од тоа каков ефект имаше таа врз индустријата
што со графика, анимација, приказна, игривост и креирање околина.
Несакам и нема ва "величам" игра или друг медиум што со ефтини трикови а богами и трендови сакат да добијат на тешина, значење но и да се претстават како "поим", мислам е бруталноста.
Тоа за мене се ефтини, мрзеливи и непромислени трикови како да го привлечеш вниманието да играчот без притоа да знаеш свесно или несвесно дека му продаваш бајат бурек а не премиум јадење.
Прв таков пример во играва е Џоел. Има веројатно 101 начин како да го оправдат тргањето во офанзива на Ели кон Сиетл и тамошната група. Значи може да е киднапирање, претепување, константни напади врз заедницата на Ели и Џоел, уништување залихи... значи барем 101,
али овие се одлучија за Џоел. Мрзеливо и ефтино решение како што напоменав погоре, буквално свесно си пукаа во нозе, смртта на Џоел не ја направи приказната подобра, не ја направи играта подобра, туку сосема спротивното.
Понатаму.
Во одмазда со Ели тргнува и нејзината нова љубов Дина која што до пред некоја недела е во повеќегодишна врска со Џеси (Маше - азиец), најдобриот пријател на Ели. Неколку часа претходно во текот на ноќта во одмазда тргнува и Томи, братот на Џоел.
Првиот ден во Сиетл поминува бурно, Дина дознава дека Ели е имуна откако и се оштетува гас маската на Ели а потоа и признава дека веќе некоја недела е трудна.
Тука прв пат паузирав и си викам абе сериозно ова се дешава, јес да е игра ама да тргнеш самоубиствена мисија знаејќи дека носиш дете е луда работа во секој случај. Ова беше прва ефтина финта што не ја знаев пред да ја почнам играта, а дали е изиграна 20% од играта. Незнам што сакале да постигнат, деца - ма јебеш то.
Џина останува во сејфхаусот што го стварат да биде како логистика додека Ели ги лови сите што беа во групата која го уби Џоел, на крајот од денот се наоѓа со Џеси кој тргнал кон нив и и вика на Ели зарем мислиш дека ќе те оставам сама да го правиш ова.
Со Џеси имам два проблеми во играта, прво е катастрофален војс актингот според мене, значи нема никаква емоција без разлика што збори, за изразот на лицето да не зборуваме, нема ни повисоки ни пониски тонови во зборувањето, ко прдеж е кога ќе отвори уста.
Вториот се случува утредента, се двои од Ели и оди да го бара Томи за кој до тогаш никако не можеа да го стиге Ели претходните два дена. Значи ден претходно и вика зарем мислиш ќе те оставам ова да го правиш сама, утредента те баталува. Незнаев дали да се смеам или да пцујам кој го смисли ова.
Трет WTF момент ми е кога Ели лоцира Мел и Овен кои беа во групата што го уби Џоел, по мала караница ги убива и двајцата, и се откопчува палтото на Мел и...
трудна е уште да се породи.
Си велам кој го пишуваше ова жити се, што сака да ни каже, што му е филмот, која му е поентата, значи можеа да и кажат на Ели дека е трудна, можеа и да не ја нападнат и да ги застрела Ели во одбрана, но некој сметал дека ова треба да е во играта вака. Ефтин трик? Како Мел се осуди да излезе од кампот кога ги ловат друга група негативци (Скарс) е прашање од милион долари, а уште повеќе како беше во групата која тргна кон Џоел недела дена претходно.
Откако Ели гледа што направила, дотрчуваат. ја наоѓаат Џеси и Томи, а таа се откажува од потрагата на Аби, девојката која го уби Џоел.
Оттука дејствието се префрла на Аби и половина игра е со неа, и до крајот на играта иако ме натера Ноти Дог да ја играм, не ми се смени мислењето, не сакав да играм со нејзе, несакав со нејзе да поминам половина игра, незнам дали вака замислувале да играме со лик кој не го сакаме па на крај да ни се смени мислењето за нејзе или да ни остане исто како на почетокот. Не ми се баш јасни.
Имаат теретана каде што живее Аби ама такво тело да направи а да не зема суплементи и да не е тренирана од дете е просто невозможно. Значи повеќе од 20г е апокалипса, девојката направила бицепс поголем од мојот, а сум 180 со 81-82кг. Баш е симптоматично да видиш девојка со бицепси отколку девојка со облини во целиов серијал, уствари во било која игра на Ноти Дог. Јас не играм игри за да гледам голотија и облини ама сите сме свесни околу нас колку девојќи се со облини а колку се со поголем набилдан бицепс од 80% од машките.
И тука има триаголник врска како што има од страната на Ели, Овен и направил дете на Мел а си ја сака Аби уште од мала. WTF?
Неколку пати до сега наидов на некои акутни утописки екстремно левичарски и либерални елементи во играта, таков дел е и Лев со кој се зближува Аби иако се од спротивни страни, Лев и сестра му ги ловат бидејќи ги навредил со тоа што ја избричил главата, сите велеле дека е девојче а тој чуствувал дека е момче, на крајот тоа води кон убивање односно смрт на неговата сестра и мајка.
Откако Аби ги затекнува Овен и Мел убиени ја наоѓа Ели но ја поштедува на молба на Лев.
Оттука им се раздвојуваат патиштата, секој оди во свој правец со животот, но Ели имајќи кошмари и панични напади од убиството на Џоел решава дека не е доста. Си викам сега пак ќе ме тегнат, знае ли што сака креаторот на играта.
На Ели му требаат неколку недели да ги најде Аби и Лев кои се појдени кон фајрфлајс за кои се мислеше дека не постојат, Ели ги наоѓа во тешка состојба, несака да ги убие, ги спасува од таму но по неколку минути се предомислува и ја присилува Аби на борба, победник нема и секој си оди по свој пат. Па си викам за ова ли ме враќаше пак во игра...
Критики имам и за звукот во играта, потфрлиле и во тој правец, многу често неможеш да ги разбереш и слушнеш што зборуваат, во еден или два случаи имаше моменти каде ти се чини овие академски граѓани 10г на факултет оделе во однос на тоа со каков речник и зборови се користат.
Во ниту еден момент врската меѓу Ели и Дина не изгледа природна, се мачам да ги гледам заедно, не дека несакам да гледам лезбејки како се милуваат, баш напротив ама тука некако неможам да ги сварам.
Пофалби има играта за графиката, би ја ставл на пониско ниво од РДР2 бидејќи е доста потешко да се изведат толку многу елементи и ситници во толку голема мапа со динамично време итн... но во секој случај е на врвно ниво. Анимациите исто така се едни од најдобрите досега, со РДР2 делат прво место според мене.
Најдобриот дел според мене во играта е левел дизајнот, колку реално - органски делува некој киоск, бутик, пекара, која не е користена повеќе од две децении, влагаш во играчница гледаш флипери како некои се расфрлани, некои стојат на место, други оштетени од нешто, значи како и да замислиш дека би изгледало нешто стоено толку години така е и направено во играта, тоа им е најквалитетниот дел.
Во повеќето ситуации можеш со стелт да се справиш со непријателите, нов елемент во овој серијал е ползењето што одлично се вклопува со случувањата.
Се на се ТЛОУ2 делува како подобра игра ако се исклучат случувањата од првиот дел, но и во тој случај не е подобра игра од првата. Не е толку иновативна како првата, и нема ист ефект како првата без разлика од случувањата со Џоел. Во првата имамвме симнување ранец, крафтање на лице место за кое е потребно време, надоградување оружја на работна маса, па и ставање даски и скалила како новитет во игра, такви работи како новитети немаме ништо во двојката. Ползење веќе видено, качување и нипање по јаже веќе видено...
Се извинувам ако е предолго, ама морав да ги оправдам критиките во претходните постови