Не, не, не...
ОК, ја изгледав прва сезона, серијата е добра. Посебно вториот дел од сезоната, зошто првата половина и не беше којзнае што. Шелдон е лик број 1, после се Воловиц и Индиецот, Леонард е на одличното последно место (како за главен лик не е лошо, а?

) Пени е вон конкуренција.
Сега на Божино да му кажам зошто Big Bang Theory никогаш не може да биде Friends

:
1. И најважно според мене: во Friends секогаш се случуваат по неколку ситуации паралелно, кои инволвираат различни актери. Секогаш има 2-3 ситуации кои се развиваат паралелно низ епизодата и имаат кулминација на крајот. Big Bang е серија која се базира на моментални шеги: некој нешто кажал, друг вратил некаква смешна реплика.
2. Ликовите во Friends беа изедначени по популарност, можеби малку Чендлер се истакнуваше во однос на другите. Овде имаме два главни лика, Шелдон и Леонард, од кои Шелдон секогаш ја краде забавата, и Пени, која освен што е атрактивна, не покажува нешто посебно во однос на хуморот. Прашање е и до кога ќе ни биде интересно она што се случува во главата на Шелдон. Леонард е згора на тоа многу фејк лик со фејк наочари и ептен детски го преправа гласот за да личи на geek.
3. Серијата нема да трае толку долго од проста причина што ликовите на Шелдон и Леонард се премногу стари (иако првиот не изгледа така). Зошто направиле таков избор, незнам.
Мислам дека оваа серија ја ставија кога ја симнаа
"The Class" (2006), серија која требаше да биде наследник на Friends но беше на граница со рејтинзите и брзо ја укинаа. Класот ми се допаѓаше повеќе и мислам дека имаше одлична перспектива.
Мислам дека на Пени и фали цимерка со што би се зголемил бројот на комични ситуации. И баш сакам да видам како тера серијата во продолжение после прва сезона.
Инаку не е лошо, пак ќе речам, како серија е доста добра, geek-овите се откачени (барем тројца од нив) и со добра имагинација од авторите, може уште да се подобрува.