Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, не сум на работа, а и јас моментално сум блиску до католичка :)
 
Не е фер ненајавено да се прави надградба! :cautious: Имав клиент на кој сега треба да му се правдам уствари да го лажам.... :(
Не верувам дека беше надградба. И во Аеродром немаше од 1 навечер.
 
Некој глобален проблем дефинитивно и центар немаше па морав порано да си легнам.:pos:
 
Ќе ве замолам да се воздржите од коментари, ќе дојде Бидиков и ќе не банира ако критикуваме на јавен форум. Камо ли да замислам како ќе беше да имаше сам Телекабел форум и да се зборнеше нешто лошо. Ќе ни кинеа нет по недела дена.

Galaxy Nexus.Tapatalk
 
Ако не се средат ќе им ги прегорам телефоните од ѕвонење,а може и каблите до кај нив ќе ги исечам.Секое зимо иста песна,да им го заглаам до гуша.
 
STEALTH Зошто нема интернет цело сабајле? (локација: кај Католичка)
Не верувам дека беше надградба. И во Аеродром немаше од 1 навечер.
Да е само локација кај католичка... Ова изгледа беа повеќе реони од 1 саат ноќеска нема. Цели 8 саати немаше нет.

Надградбата беше касно вечерта (поточно рано сабајлето) и истата беше најавена на инфо каналот за период од 01 до 06 часот ...

Траеше до 04.20 по што се беше повторно функционално ... Проблемот кој вие го пријавувате беше поради DHCP lease бидејќи модемите останаа активни и требаше време да истече тоа време за да повторно се обидат да се најават и проработи ... (они што ресетираа после 04.30) веднаш им функционираше ...

Не ве разбирам како сакате подобрувања во мрежа а да нема прекини и дали можеби е подобро прекините да се прават кога ќе му текне на операторот ... перидот е повеќе од добро одбран со оглед на фактот што за секоја операција е потребно време и секако добро е да се предвиди малце екстра луфта за не дај боже моменти ...

Официјален канал за најавување на вакти актнивности е инфо каналот и/или веб страната на операторот барем додека не постои технолошки некоја друга опција за нотификација на корисниците ...

Ќе ве замолам да се воздржите од коментари, ќе дојде Бидиков и ќе не банира ако критикуваме на јавен форум. Камо ли да замислам како ќе беше да имаше сам Телекабел форум и да се зборнеше нешто лошо. Ќе ни кинеа нет по недела дена.

Galaxy Nexus.Tapatalk

Не е Бидиков таков како што вие го правите (плус не сте ни сигурни дали само Бидиков ве брише), но не е ни должен да ви ги чита навредливите содржини и тресењето зелени кои за ваша информација не се толерираат во ниеден подфорум на Кајгана ...
 
Сигурен сум дека не е. Не се сомневам во твоите професионални квалитети. Не те навредив, немам ни намера, како ни никого на форумов до сега.

Проблемот мој кон тебе лично е што многу често се расфрлаш со коментари во стилот „прекинете да мрчите, да не летаат банови“.

Не ве разбирам како сакате подобрувања во мрежа а да нема прекини и дали можеби е подобро прекините да се прават кога ќе му текне на операторот ... перидот е повеќе од добро одбран со оглед на фактот што за секоја операција е потребно време и секако добро е да се предвиди малце екстра луфта за не дај боже моменти ...
Тајмингот е одличен за надградба и оправка на систем, оној од пред некој ден. Би било многу покултурно доколку можете на направите некое известување по мејл. Јасно е дека немате мејл на секој корисник, но не секој се замара со вакви работи како ние тука. Решение кон тоа би било, креирање на листа на корисници кои ќе бидат информирани по мејл, а листата ќе се генерира едноставно, со тоа што самите ќе си го внесат во некое поле на веб страната на ТК. Практично како „subscribing to a newsletter“.
Следи некој Инфо канал за да очекува што ќе направи Телекабел следно? Искрено. Некој. Билокој.
 
Значи со месеци неможам да дознаам!
Bidikov дали интеренет пакетот од 500 без доплата е лимитиран или не?
Неколку месеци терав со преку 3-400 гига сообраќај, деновиве не мрднува, дали е до телекабел или дека ја малце иам проблми со рутер, ама не беше до олку лош.

MB Download: 99408,17
MB Upload: 16523,39
MB Sum: 115931,56
 
Официјален канал за најавување на вакти актнивности е инфо каналот и/или веб страната на операторот барем додека не постои технолошки некоја друга опција за нотификација на корисниците ...
Стварно не можам да го видам соопштението, или е избришано или никогаш не го ни имало а го немаше ни вчера ни завчера.
Знам само дека заработив негативен фидбек поради овој прекин.
Доколку правите планско исклучување би било ред да го објавите и да стои барем една недела пред интервенцијата.
Инаку го ресетирав модемот и нешто пред 7, па во 8 и во 9 и нешто конечно се поврза. Така да и во 4 да сум го рестартирал сигурно не би се конектирал.
 
Надградбата беше касно вечерта (поточно рано сабајлето) и истата беше најавена на инфо каналот за период од 01 до 06 часот ...
Траеше до 04.20 по што се беше повторно функционално ... Проблемот кој вие го пријавувате беше поради DHCP lease бидејќи модемите останаа активни и требаше време да истече тоа време за да повторно се обидат да се најават и проработи ... (они што ресетираа после 04.30) веднаш им функционираше ...
Јас немав ни телевизија, да не требаше и модемот од телевизорот да го ресетирам?
 
Траеше до 04.20 по што се беше повторно функционално ... Проблемот кој вие го пријавувате беше поради DHCP lease бидејќи модемите останаа активни и требаше време да истече тоа време за да повторно се обидат да се најават и проработи ... (они што ресетираа после 04.30) веднаш им функционираше ...

Извини, ама го рестартирав неколку пати во периодот од 7 до 8 саат, ама без успех.

Никој не обвинува за надградбата, само некоректно е најавена (на сајтот ништо не видов, а инфо ТВ каналот не ми е ни наместен бидејќи нема што да се види на него).
 
За ова ли е правено надградба за која нигде ништо не пишува? Посупер не може да е.
Ги натерале да пратат екипа кај мене и една недела го имав приближно тоа што ми го нуди пакетот и толку беше.
 
Јас те шијам. :pos: Кај мене е побрз. :icon_lol:

2427540063.png
 
Телефоните и пуштете една закана,да видиш како ќе ти го средат за 10 минути.Вака ништо не правите...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom