T-Mobile - Генерална дискусија

Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Штое финтава преф Нова Година имаше и Самсунг Ј5 Ј7 и Самсунг С5 Нео во понудата сега гледам на нет ниеден од тие телфони ги нема.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.084
Т-мобиле имаат нешто на залиха или се куропецаат само?

Ми треба Самсунг Галакси А5, а го нема нигде во нивните салони.

Ако некој може да помогне би било супер. :)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
И што е работава со мрежава? Не сум од приградска зона, не сум во дупка, има репетитор во моја близина и пак од време на време низ разговориве така ужасно сецка линијата додека разговараш, што другата страна не може да те слушне и обратно, па мора да се прејавувам за да се оправи линијата.
Јас мислев дека е до мене и уредот кој го користам, но сменив 3 телефони од тогаш (сите над медиум ранг уреди), живеам во градска населба и исходот е ист. Гледам и други познати пријатели и роднини кои ги имам страдаат од истиот проблем.
Корисник сум со години (од времето на Мобимак) и ваков проблем не сум имал никогаш.
Ако за ништо друго, барем за постпејд и мрежа ги биваше...
Што велат за проблемот со мрежата?

Ако имаа некаква техничка предност пред овој две во едно старо-новиот оператор, тоа беше добриот сигнал воопшто, особено вон централни градски средини.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Што велат за проблемот со мрежата?

Ако имаа некаква техничка предност пред овој две во едно старо-новиот оператор, тоа беше добриот сигнал воопшто, особено вон централни градски средини.
Не знаат ни самите што им се случува.
Единствено нешто за кое наслушнав е дека ставиле некоја нова Huawei опрема....
И да ги прашаш, ќе ти кажат дека се е во ред, и дека нема ништо невообичаено. Ќе ти понудат дури и договор за доверба да пополниш од што се им е така „квалитетно“ .... :ROFLMAO:

Инаку многу сум незадоволен и разочаран од квалитетот на мрежата и од нивната услуга и дрскост во последно време.
Операторот од кој бев најзадоволен и на кој бев претплатник со години, длабоко ме разочара.
Сакав да потпишам нов договор, но не повеќе.

Единствениот проблем е што каде и да одиш, секаде истата багра е, само затскриена под различно име на компанија :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Од пред некој ден се префрлив од Промо 649 пакетот на Magenta M (горе доле слични услови имаат двата пакети) и мислам дека квалитетот на сигналот ми е полош од претходно. Има некој слично искуство?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Од пред некој ден се префрлив од Промо 649 пакетот на Magenta M (горе доле слични услови имаат двата пакети) и мислам дека квалитетот на сигналот ми е полош од претходно. Има некој слично искуство?
Каков мобилен уред имаш?
Можно е, сега валда имаш во пакетот 4G интернет, и мрежата е помалку стабилна од 3G.
Јас лично се префрлам на 3g/2g мрежа, и само кога ми е потребно одам на 4G.
 
Huawei P6, телефонот нема 4g. :)
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
Од пред некој ден се префрлив од Промо 649 пакетот на Magenta M (горе доле слични услови имаат двата пакети) и мислам дека квалитетот на сигналот ми е полош од претходно. Има некој слично искуство?
А знаеш ли пример во Магента пакетите ако земам јас за мобилни 2 линии за 800 денари што имаат неограничени разговори и 3ГБ интернет, ако додадам 3та линија колку ќе ја плаќам таа?Заинтересиран сум за Магента али не ми е јасно како оди додавањето на 3 мобилен број во тој пакет....
 
Izr0d

Била сам дете...=)
Член од
9 мај 2008
Мислења
593
Поени од реакции
29
Дали некој беше на промотивната ланска тарифа од 559 ?
Пред завршување на договорот му пишав на страната на телеком на фб во корисничка подршка дали доколку го продолжам договорот ке си продолжам на истата, ми рекоја доколку го продолжам треба на 699, а доколку не го продолжам ќе си останам на истата тарифа, исто тоа ми го рекоа и од контакт центарот на 122. По завршувањето на договорот ми дојде сметка 850 денари се јавив во контат центарот на 122 и ми рекоја автомацки се префрлува на 799 трифата со можност за земање на телефон на рати. Не се нормалнии , без предходно известување ми зголемија тарифа :yid::uzi:
 
Последно уредено:

Тоа е недозволиво со закон.поднеси приговор ако одговорот е негативен оди до Аек.тоа ти гарантирам 100% дека несмее да ти ја зголемат претплатата
 
Izr0d

Била сам дете...=)
Член од
9 мај 2008
Мислења
593
Поени од реакции
29
Тоа е недозволиво со закон.поднеси приговор ако одговорот е негативен оди до Аек.тоа ти гарантирам 100% дека несмее да ти ја зголемат претплатата
Дали може електронски да се поднесе приговор ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom