Ај да видеме за денеска шо имаме :
Имајте на ум дека доста екипи од Австрија 2 имат финансиски проблеми , практички пола лига едвај се одржува у живот,плус и можноста за корупција и местење е голема во оваа лига кај шо паѓат многу голови !
Алтах - Гродиг
Алтах без 7 првотимци ќе истрча денес меѓу кои и првиот стрелец од ланската сезона. Гродиг е без првио голман. Алтах сезоната ја почна со победа у гости , 4:3 кај Хорн , ама Алтах водеа 0:3 , Хорн се врна на 3:3 и Алтах у 83 минута добија пенал и победија со 4:3. Плус и еден од тие голови беше автогол. Гродиг иста така сезоната ја почна со победа , 3:0 дома против Луштенау, имат мал , ама офанзивен тим. Лани играа 4 пати меѓусебе , двете екипи земаа по 2 победи ( дома и гости ). Мислам дека x2 или азиски +1,5 може да се пробат на Гродиг споре инфото. Секако мал влог.
Виена - Линц
Виена у многу,многу сериозни проблеми оваа сезона, многу важни играчи ( 14 вкупно ! )од ланската сезона си ојдеа , посебно играчи кои даваа голови , плус првиот голман и неговата резерва, а пошто имат финансиски проблеми не доведоа ниедн одобро засилување. Првиот наптревар го загубија во гости со 5:2 ( на двапати примија по 2 гола во една минута , 20 и 21 и 89 и 90 ). Практички имат многу млад и неискусен тим ( пример нападот им се состои од 19,21 и 22-годишен напаѓач, средниот ред им е составен од 21 ,23 и 25-годишни футбалери , а одбраната од 20,21 и 26-годишни футбалери). Плус и важен дефанзивец им е повреден денеска.
Линц си има и свои проблеми , ам ане се толку страшни ко на Виена, денеска ќе бидат без ланскиот најдобар стрелец и утште двајца првотимци. На првиот меч од сезоната одиграа нерешено 2:2 дома со Хартберг,откако водеа со 2:0 после 17 минути игра, голот за 2:2 го примија во 87 минута.
Тука скоро се укажува на Линц, ама не ми делуват ко стабилна екипа. x2 @ 1.45 некако ми е најпаметен избор , не би ставил пари на Виена со толку многу проблеми.
ФК Луштенау - Ст.Полтен
Според мене најдобриот избор за денес од Втора лига Австија.
Луштенау имат огромни финансиски проблеми , многу футбалери го напуштија клубот и моментално мислам дека го има најмалиот и најлимитираниот состав во лигата со само 17 футбалери од кои најстариот е 28 години ( 6 од нив се помлади од 20 години ) другите се околу 21-24 години. Значи млад, неискусен , финансиски нестабилен клуб кој првиот меч го загуби со 3:0 во Гродиг.
Полтен пак се тотална спротивност од Луштенау. Финансиски стабилни,поширок тим ( имат тројца Шпанци во составот ), и се едни од фаворитите за промоција во Бундеслигата. Првото коло ги прегазија дома Виена со 5:2
Коеф дефинитивно вреде за да се земе у обзир овај дуел,
Ст.Полтен @ 2.30 ми е еден од фиксовите на денот.
Хартберг - Австрија Луштенау
Лани 4 одиграни средби , 4 победи на Луштенау. Во последните 2 години Хартберг има само една победа ( од 8 средби ) против Луштенау. Коеф не е лош,ако се земе у предвид квалитетот и традицијата меѓу овие 2 екипи. Ко втор фикс од оваа лига би играл на
Луштенау @ 2.00 ,кои се едни од фаворитите за промоција во Бундеслигата.
Капфенберг -Хорн
Овоа мирише на бомбичка. Капфенберг не треба да бидат толку големи фаворити,посебно од коа лани испаднаа од лигата ко најлоша екипа , од тимот си заминаа 9 футбалери ( сите првотимци ) , а за денеска имат и двојца суспендирани. Првиот меч го загубија со 5:0 од А.Луштенау.
Хорн играше со Алтах 3:4 пораз, немат силен тим ,ама мислам дека денес можат да извадат нерешено во гости. Мислам дека и двете екипи ќе бидат задоволни со нерешено од коа првенството го почнаа со тешки порази и со смешна одбрана. Коеф дефинитивно не ерпставува value.Би предложил да ја скокнете или да пробате со ситно на
x2 Horn @ 1.77.
Денеска почнува и Француската Втора лига ( според мене една од најнепредвидливите лиги во светот).
Монако е бр 1 фаворит за промоција во прва лига , али не игра денес , така да го скокаме.
Ниор - Клермон
Ниор доаѓа од третата лига , ама доаѓа со проблеми. 6 првотимци нема да играт денеска поради повреда. Малерозен старт на сезоната. Клермон е целосен, тука очекувам
0-2 гола и можда победа на гостите.
Шатеру - Лавал
Оваа утакмица доста е дискутирана у последните неколку дена. Шатеру се засилија добро,додека Лавал загубија важни играчи од лани. Парите одеа на Шатеру , коеф беше 1.90 на отварањето , ама денеска рипна на 2.20 ,додека за Лавал падна од 4.00 на 3.30.
Погледна ги меѓусебните средби , и забележа дека у последните 3 средби коа Шатеру бил домаќин, Шатеру 3 пати тепал. Тоа е скорешна историја ( последните 4 години ), лани победиле 3:1. Плус играт на вештачка подлога, Лавал на природна. И плус на тоа Лавал не е силна екипа у гости ( лани имаа 3-6-10 у гости),додека Шатеру беа 9-3-7 дома. Единствено нешто што ме буне од тоа да ја одиграм кец на Шатеру , е движењето на коеф ..
Е сеа триото Нант,Ле Авр и Оксер се најиграни денеска од Франција 2.
Од сите Нант делуват ко најдобар избор , оти играт против Истре , екип акоја има моментално проблеми со тимот,ама коеф на Нант од 1.70 рипна на 1.90. Наместо да паѓа,он рипа иако парите се стават на нив. Читам дека Нант имат силна офанзивна моќ, и у меѓусебните средби упоследните 8 години со Истре , скоро секогаш тепал домаќинот ( само една победиле гостите,друго се е победа на домашната екипа). Лани Нант тепаа 3:1. Можда добра опцијa тука е
т1 2+ @ 2.00.
Ле Авр денеска отварат нов стадион, целосно исполнет , очекуваше се фешта.Пари се лупат на нив, коеф паѓа од 2.15 на 1.96 , а Арле читам лани имале ногу футбалери на позајмица , па оваа сезона си ојделе и се очекува да бидат послаби од ланската( у 2012 имаа само 1 пораз ). У межусебната историја ( барем поновата )
Авр нема ниедна победа против Арле. Не ми се допаѓа тоа. Мислам дека коеф е скинат поради орварањето на новио стадион и репортите шо викат дека Арле наводно е послаб од ланската сезона .. некако не ми е за верување тоа .. посебно ако се земе у предвид факто дека Ле Авр лани за малце не испаднаа у Трета лига ( за 5 бода ). А оваа сезона се практички истиот тим од лани.
Оксер исто така е доста игран , ама
коеф на отварањето беше 1.45 , а моментално е 1.90. Една од причините се огромните финансиски проблеми шо ги има Оксер,испаѓањето од Првата лига после 32 години не му помага ич во решавањето на тие проблеми, па буџето им е скратен за 50% од 40 милиона на 20. Втора причина е тоа шо 15 играчи од ланскио состав си ојдеа од тимот, сите клучни , практички ниеден важен футбалер од ланскиот состав не остана во тимот. Трета причина е тоа шо првите 2 средби на домашен терен Оксер ќе ги игра на празни трибини поради дивеењето на фановите од ланската сезона. И за крај ко црешка на тортата, оти дужат 8 милиони евра ,па ако не ги исплатат тимо ќе биде релегиран у Трета лига. Ним одиграа пријателска против Марсеј ( 2:2 ) и Тулуз ( победа 1:0) и ко шо читам додаделе малце квалитет на тимот. Дефинитино
избегните го Оксер , али пробајте на
изненадување на Ним x2 @ 1.85.
Атвидаберг- Ербро
Еден од фиксовите на дено според мене. Адвиадберг се најголемото изненадување во Шведска,тотално офанзивен футбал , втора најефикасна екипа со 32 гола после Хакен(34 гола).
Ербро се најлошата екипа моментално,последни на табелата, трет најслаб напад , втора најслаба одбрана , во гости имат скор 1 2 5 7:14,додека Атвидаберг дома е 6 0 2 20:8. И за да бидат полоши работите за Ербро, денеска најдобрио напаѓач нема да им игра , а исто така и клучен дефанзивец најверојатно нема да настапи. Атвидаберг има 4 победи во серија , Ербро 2 порази у серија. Првио дуел оваа сезона заврши со победа на Атвидаберг у гости 3:4. Освен ако нема некои мучки тука , овоа треба да е фикс на дено ! Коеф е ептен солиден @ 1.75.
Тоа од мене