Кое срање .. највеќе мразам утакмици шо ги сметам за посигурни коа не излезат, а излезат оние шо ги мислам дека ќе бидат изненадувања .. разлиакта е шо изненадувањата ги играм со мал влог :S
Алтах - Гродиг 0:1

Виена- Линц 0:0

Луштенау- Полтен 1:1

Капфенберг - Хорн 3:3

Хартберг - А.Луштенау 0:1

Ниор - Клермонт 1:1

Шатеру - Лавал 1:1

Нант - Истре 1:1 ( у 89 го примат морони .. )

Ле Авр - Арле 1:2

Оксер - Ним 2:0

Атвидаберг - Ербро 1:1

--- надополнето: 28 јули 2012 во 09:51 ---
Ќе почнеме прво со Австриската Бундеслига.
Ги имаме следниве дуели :
А.Виена - Штурм 1.95 3.10 3.30
Салцбург -Матерсбург 1.35 4.50 9.00
Нојштад - Рапид Виена 4.25 3.50 1.70
Дербито е во Виена, каде ќе се сретнат А.Виена,еден од кандидатите за титула оваа сезона и Штурм, екипа која оваа сезона направи целосен ремонт на тимот.
Виена го доведоа Вршич ( од Олимпија , везен играч ,лани постигна
22 гола за словенската екипа) и тој треба да биде огромно засилување за домаќините. Во нападот го имат Линц,искусен напаѓач, и Лун , стрелец на победничкиот гол во првото коло против Волфсбергер. Дефанзивата мислам дека ќе имбиде најслабата точка,бидејќи тројца од петте дефанзивци им се помлади од 23 години.Голманот исто така е млад 22-годишен,доаѓа од младинскиот погон и цела кариера е во Виена( лани имаше 22 старта за Виена). Се на се, екипа со добар напад,силен среден ред , одбраната ми е енигма и добар голман.
Штурм пак оваа сезона направи ремонт, доведоа 8 нови играчи,а си заминаа 13. Најголемо засилување им е Сукута-Пасу ( екс-Кајзерслаутерн,Ст.Паули) и имат нов менаџер чија филозофија е офанзивен футбал. Имат солиден тим,проблем може да биде неуиграноста,што донекаде се забележа против Салцбург минатото коло кога загубија 2:0.
Лани одиграа 4 натпревари и сите 4 беа ГГ , две победи на Штурм дома 3:1 и 5:1 , една победа на Виена дома 2:1 и еден нерешен резултат 1:1.
Двете екипи немат проблеми со повреди или суспензии,па ќе излезат со целосен состав денес.
Очекувам офанзивна игра од двата тима, и ко најдобар избор тука мислам дека се : победа на Виена @ 1.95 или T1 2+ @ 1.90.
Сметам дека Виена моментално е по компактна екипа, додека за Штурм не сум сигурен дека играчите се воиграни меѓусебе и адаптирани на тактиката на новиот менаџер.
За другите два напревара, дефинитивно би го скокнал Салзбург , коеф не преставува никаков value , 1.35 е комичен коеф за екипа која беше елиминирана од ЛШ од шампионотна Луксембург,Дуделанж и тоа примајки 3 гола на домашен терен ! Атмосферата дефинитивно е катастрофална во екипата, додека Матерсбург ,иако е 2 класи послаб од Салзбург, мислам дека можеда направи изненадување ако бидат доволно концентрирани, оваа екипа е истата веќе подолго време со ист менаџер на чело,така да 1.35 за победа на нестабилниот Салзбург дефинитивно не вреди. Можда 3+@ 1.65 или 4+ @ 2.55 се подобри опции,имајќи во предвид дека Салзбург и Матерсбург играт офанзивен футбал. Кај Салзбург иста така се враќа од повреда и напаѓачот Сориано ( важен играч).
Не сакам да го користам терминот зицер ( посебно не во оваа лига ), но друг збор за Нојштад-Рапид не можам да најдам. Двете екипи се тотална спротивност. Нојштад го имат најмалиот буџет во лигата,останаа без генерален спонзор,летово цел тим сосе менаџер си замина ( 17 футбалери си заминаа ,13 дојдоа)и во составот останаа повеќе млади играчи и се прв фаворит за релегација. Во првото коло беа уништени од Матерсбург со 2:0,тотално надиграни. Рапид пак е втор фаворит за титула,ова лето се засилија многу, играт офанзивен футбал , во првото коло го прегазија Тирол со 4:0. Коеф е добар @ 1.70 , не гледам како Нојштад би направил проблеми за Рапид на овој меч.
Suma summarum : А.Виена - Штурм 1 @ 1.95 или т1 2+ @ 1.90 , Салзбург - Матерсбург no bet или 3+@ 1.65/4+ @ 2.55 , Нојштад - Рапид 2 @ 1.70.
GL !! 