Откако им успеа да срушат пар филмови (последно Gods of Egypt), критичарите, медиумите и таа шугавата сорта на публика АКА фенбојс - укапираа дека уствари имаат некаква си моќ преку социјалните медиуми и можат да влијаат врз публиката, врз Холивуд и буквално да убијат филм. Тоа им успеа изгледа и со BvS, кој што за разлика од предходните утки, барем е ''оn the fence'' и има луѓе кој што бранат филмот, го бендисаа и се изненадени толкавиот хејт по нетот. И покрај ниските rotten tomatoes оценки, плукања и сл. филмот имаше моќен прв викенд (400+ милки).

Но еве веќе во втората недела од премиерата почна да каска, и тоа во период без озбилна конкуренција во кината. Предходно беше другачие - Нема да те бендиса филмот, ќе си одиш дома, и ќе си кажеш свое мислење за филмот тука-таму кога ќе те прашаат. Сега, не е финтата само дома да си одиш, туку треба да седнеш позади тастатурата и да го бомбардираш филмот стегајќи се за се' негативно шо си видел. Опасна работа стана хејтањето маме му @#&% .. Причините иначе за тоа се неколку:
-
Едноставно не го бендисаа, бидејќи - сакаат забавен, лајт, мајтапчиски ала Марвел тон/ не се ап-ту-дејт со стриповите и игрите/
не е пристапен, разбирлив и јасен за non-comic публиката (ова уствари и најмногу им го признавам)
- Премногу супер-херојски филмиви - многу луѓе веќе го осеќаат ова, секој втор месец излегува некој нов, нема простор за средно-класни филмови, народот одвојува повеќе од џебот за нив па од тука и публиката станува пики и се ориентира по ривјуата кој ќе оди да го гледа/ Марвел е пионир во овој сектор, тренч марк, леџит сорс на кој што му се верува и се' остало шо ќе се извади мора да го помине тој филтер/
-
Медиумите - колку студиото има подобар однос со нив, толку и самиот филм ќе добие поголем ветер во грб, стеларни ривјус, без разлика колку и истиот да држи. Дизни на пример ептен ги гали медиумите, за разлика од WB кои што беа прилично затворени во поглед на BvS и го држеа единствено за ексклузивни очи. Тоа сега им се удара од глава.
Што сакаше уствари авторот каже?! Да! Авторот сакаше да каже дека ќе му биде многу криво ако WB го извртат Suicide Squad до тој степен, што повеќе ќе личи на путујучи циркус, него ли на озлогласена seriously mess-ed up банда .. Само за да им одат по г*зот на широката раја, која што преку ноќ стана ''експерт'' за овој тип на филмови, по секоја цена да им се задоволат истенчените вкусови, бидејќи немаат уствари видено ништо поразлично од Тор и Ајронмен, а поразличното автоматски е и лошо нели!? ПУ, да даде Господ сите вие да цркнете!!! Одам да јадам, чао ..